Фан Клуб: Славија

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.993
Поени од реакции
74.133
на профилот на Славија на Википедиа некој ставил таков податок и дури ставил и цитат од некоја книга: Sijić, Milorad (2014). Football in the Kingdom of Yugoslavia (in Serbian). Aleksandrovac: Zavičajni muzej Župe. p. 289. ISBN 978-86-86829-06-1.
Вистина е тогаш. Јас имав од порано некои слики што ги имав најдено по интернетов, ама не знаев колку е вистина, немаше кој да потврди.

Освоиле прво место во скопски потсојуз група А, а во финале го тепале Велес со 4-0.
Играле квалификации за сојузна лига, ама од 5 екипи, завршиле последни.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.993
Поени од реакции
74.133
@Harry Potter

Еве ти една слика од Славија од 1969 година.
FB_IMG_1677576935969.jpg

Јован Мандаровски дава изјава дека очекуваат нов стадион (во тој период уште играат кај МВР), кој како што кажав го добиваат во Пржино некаде во 1973 :D
Во негова чест пред некоја година беше преименуван и стадионот на кој се уште игра клубот.

п.с. пак шестарда ви пикнале на пријателска? :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.993
Поени од реакции
74.133
FB_IMG_1677604356703.jpg

Составот на Славија за сезоната 1953/54.
Сликата била направена пред пријателски натпревар меѓу младинците на Југославија и Славија, во Скопје.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.993
Поени од реакции
74.133
Текстилец - Славија 1-1
Славија - Зелениково 3-1

Релативно лесно остварена победа над Зелениково вчера, иако едно време израмнија и се крена тензија :D
Славија напаѓаше од самиот старт и имаше неколку шанси за гол.
При едно нафрлување од страна, со глава реализираше еден од нашите напаѓачи за 1-0.
Константно се играше на половината на Зелениково, ама неколку шутеви поминаа крај гол, а неколку фати и гостинскиот голман кој играше ќор пијан :D
Имаше неколку турканици меѓу играчите, колку и да се трудат, пак се игра многу грубо. Повеќе ради неспретност, затоа што се бавни во реакциите. Голманот пцуеше цело време, уште толку долеваше масло на огнот.
Зелениково имаа еден 40+ годишен играч кој беше измислен за сите останати. Класична школа од 90-тите, добар штоп, добра техника, фудбалско знаење да се изнуди фаул и да се додаде. Новиве генерации освем да потрчаат, ништо друго не знаат.
Стариов изнуди слободен на истек на прво полувреме. Нашево голманче застана на иста страна со живиот ѕид и ни дадоа лесен гол од слободен.
Се крена тука тензија и во второ полувреме се почна пожестоко од двете страни.
Славија напаѓаше и даде сличен гол како првиот. Одличен влез по крило, нафрлување по земја, голманот кратко одби до наш играч кој лесно реализираше.
Можеби имаше мал офсајд, ама под притисок на публиката, не крена помошникот :D
Следуваше прекрасен шут од 20тина метри кој заврши во пречката, ќе беше вистински еврогол.
Набрзо падна и третиот гол, со школска акција како од мал фудбал.

Убава серија од 5 победи и 1 нерешена. Со победата над Партизан Драчево, ги откажавме од лигата. Многи плачковци...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.993
Поени од реакции
74.133
FB_IMG_1680338264716.jpg

Упте едно ретро, Славија во 1929 година :D
Во тие години, за Славија бранел Васил Дилев, ама не сум сигурен дали е голманот на сликава.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.993
Поени од реакции
74.133
И на Кул им дадовме гол, ама загубивме :D

Славија-Кул 1-2

Ставен е крај на серијата од 7 натпревари без пораз.
Класично дерби со трето полувреме во кое летна по некој бокс и клоца, па се чекаше на полициско засилување за да си отидат гостите.
Кул се единствена екипа без изгубени бодови и имаат топ екипа за општинска лига, па со победава ја продолжуваат битката со Студеничани за трета лига.
Уште на нивни терен било жестоко со нив, така што се очекуваа инциденти денес. Кул се млада екипа со неколку поискусни играчи и горе-доле ривалството со нив е во тоа што нивниот газда го држи општинскиов сојуз и нашите во него ја гледаат вината во наводно лошо судење кое го добиваме :D На гости имаме многу лошо судење во дерби утакмици, а кај нас секогаш ставаат некои поасални судии кога играме со појаките и има поправедно судење.
Не се мирисаат многу со него општо. Кул го купија игралиштето на Цементара, сега они се главни таму. Имаат младински категории кои солидно котираат (пример вчера ги преслушаа младите на Пелистер) и дел од нив играат и за првава екипа. Го откупија и ЖФК Истатов и го преселија од Дојран во Скопје. Пример, Ѓоре Јовановски им е координатор на младите категории.

Ама заборавија дека во општинскава лига нема многу фудбал :D
А ништо не навестуваше дека натпреварот ќе биде интересен, затоа што Кул брзо поведе со 0-2.
Двата гола паднаа по прекини. Прво при слободен удар кој беше престрого досуден, голманот несмасно одби и натрча нивниот напаѓач кој погоди за 0-1.
Вториот гол беше евроголчиште, ретко виден гол во овие лиги. Нафрлување од корнер, пукање волеј од прва од раб на шеснаесетник, ќе ја искинеше мрежата.
Славија почнаа да напаѓаат, а со тоа дојде и до притисок врз судиите. Имавме еден добар волеј, кој во последен момент го изблокираа во корнер, инаку ќе беше сигурен гол.
Играчите меѓусебе се знаеа, исто и со судиите и овие не делеа картони, иако имаше остри стартови.
Во второ полувееме Славија го смени десниот бек со даааалеку подобар играч (не ми е јасно зошто не стартуваше) и при една контра овој намали на 1-2.

Е тука почна интересното :D
Противничкиот напаѓач почна да провоцира, направи два поостри фаули и го навлече гневот. Пола тим сакаа да го тепаат, пола делеа и да не беа они ќе гледавме општа тепачка.
Јас не знам од каде доби толкава сила дечкото, му се пуштаат толку луѓе, овој им вика ајде бе, ајде да ве видам :D А ниту еден од негова екипа не го бранеше.
Два пати јадеше стартови за затвор, а еднаш по грешка го изеде и друг ниврн играч.
Али мајсторски ја претворија утакмицата во хаос, за да има се освен фудбал. Мислам дека да останеа смирени играчите на Славија, сигурно ќе изедначеа.
Имаа една шанса во мешаница, ама голманот нивен се фрли врз топката и го спаси голот.
И само што се свирна крај, му се пуштија дел од играчите и испи по некој бокс и клоца, отиде позади џандарите да се крие.
Сепак, меѓу другите играчи се беше фер, си подадоа раце, никој не беше чепнат. Мораше да дојде полициско засилување за да излезат од терен.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.847
Поени од реакции
40.448
@Saber Rider напаѓачот на Кул играл прва-втора лига, далеку поискусен од вашите играчи, па почнал намерно да провоцира за да не играте фудбал и да го маваат да има прекини цело време.

Иначе детево што ви даде два гола вика ќе плател ако некој случајно го снимил вториот гол, волејот. :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.993
Поени од реакции
74.133
@Saber Rider напаѓачот на Кул играл прва-втора лига, далеку поискусен од вашите играчи, па почнал намерно да провоцира за да не играте фудбал и да го маваат да има прекини цело време.

Иначе детево што ви даде два гола вика ќе плател ако некој случајно го снимил вториот гол, волејот. :D
Познат ми беше од некаде, ама не знам во кои екипи сум го гледал :D

Нема видео, за жал, не се снимаше утакмицата воопшто. Инаку стварно ова беше гол на сезоната во сите лиги :D
 
Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.174
Поени од реакции
5.844
@Saber Rider напаѓачот на Кул играл прва-втора лига, далеку поискусен од вашите играчи, па почнал намерно да провоцира за да не играте фудбал и да го маваат да има прекини цело време.
milan ristovski, ama vo vtora liga posleden pat ima igrano pred 4 godini, od togas treta i ponisko.
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.552
Поени од реакции
1.548
Иначе детево што ви даде два гола вика ќе плател ако некој случајно го снимил вториот гол, волејот. :D
кога ќе играат со Слободен тогаш ќе се снима утакмицата и ќе има пренос во живо, другиве екипи се аматери, не снимаат. тогаш нека се покаже. или ако сака од секоја утакмица да си има пренос, на лето нека прави трансфер во Слободен :D
Автоматски споено мислење:

Од денеска, само на Кул :D

Слободен-Славија 2-5
Ептен лош голман имавте, со тој од есенскиот дел може и ќе се држевте :D
16 години има детето, го челичиме за во иднина
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.847
Поени од реакции
40.448
кога ќе играат со Слободен тогаш ќе се снима утакмицата и ќе има пренос во живо, другиве екипи се аматери, не снимаат. тогаш нека се покаже. или ако сака од секоја утакмица да си има пренос, на лето нека прави трансфер во Слободен :D
Хахах ајде ќе му пренесам па нека размисли. Ако ви договорам вакво играчиште треба кафана да ме частите. :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.993
Поени од реакции
74.133
milan ristovski, ama vo vtora liga posleden pat ima igrano pred 4 godini, od togas treta i ponisko.
Да бреее, како не ми текна дека е Оџакот. Пуштил пубертетски брк, затоа не го препознав.
Он е наше дете, од околинава, има тренирано и во ЈСП како многу мал.
Автоматски споено мислење:

кога ќе играат со Слободен тогаш ќе се снима утакмицата и ќе има пренос во живо, другиве екипи се аматери, не снимаат.
И Студеничани снимаат :D

Туку, нели порано беше задолжително снимање на утакмиците?
Колку пати имаме бришено снимки со инциденти :D
Пола утакмици им даваш празно cd :D
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.552
Поени од реакции
1.548
задолжително е од трета нагоре, во општинска никогаш не било. Славија порано беше стабилен третолигаш, затоа те збуни снимањето

не сум приметил Студеничани да снимаат, еден клип немаат објавено
 

Kajgana Shop

На врв Bottom