Фан Клуб: Славија

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
Пораз од Башкими во првото коло.
Башкими-Славија 3-2!
Славија играла одлично но сепак на крај останува без бодови. Сме добиле црвен во 10-та минута по што паднала концентрација и биле примени брзи 2 гола.
Одтогаш Славија ја превземала инцијативата и напаѓала во поголем дел од мечот. На 2-1 намалил Костадинов, но брзо бил примен гол за 3-1.
На асистенција на Костадинов, Ниотис намалил на 3-2 што останало како конечен резултат. Сме имале една чиста шанса до крајот, а две 100% шанси биле прекинати поради непостоечки офсајд...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
СЛАВИЈА-САРАЈ 1-0!
Тешка победа на првиот меч на домашен терен. Иако Сарај е нов во лигата сепак беа на исто рамниште, и реално заслужија бод.
Натпреварот предизвика голема заинтересираност за наши рамки.
На трибините околу 200 гледачи, што за трета лига и за наши услови (за Македонските екипи) е добар број на публика. Околу 30-40 гледачи беа дојдени од Сарај.
Натпреварот за жал не изобилуваше со некоја убавина, беше типичен третолигашки со доста борба, и конечно да видам малце жестина и од наша страна. Реков со овие тренери ќе им се врати самодовербата на младите играчи и конечно ќе тргнат похрабрбо. Игравме дури и поостро од нив, а пошто противникот беше типична селска копачка екипа, значи и ние сме биле бајаги остри.
Судијата додели сигурно едно 7-8 картони, кај нас едно 4-5, и кај нив 3-4...
Иако они заслужија некој картон плус, но сепак им прогледа низ прсти.
Првото полувреме Сарај беше за нијанса поконкретен, но и двете екипи имаа две стопроцентни шанси.
Прва се закани Славија, преку Ниотис, прими топка во празно, излезе еден на еден но промаши. После тоа играта ја превземаа гостите, што резултираше со една одлична шанса кога со удар од далеку ја погодија стативата на немоќниот домашен голман.
Имаа и некои опасни нафрлувања но не се заканија посериозно. Тука настана мала мешаница, по еден старт на гостински играч. Интервенираше и полицијата, а караницата воглавно беше помеѓу тренерите.
Во второто полувреме младите играчи на Славија влегоа порешително во игра. Многу поостро него ли во првото полувреме. Лека полека ги притискаа во нивниот шеснаесетник. Со притисок и осд публиката гостите беа како изгубени во тие први 15 минути од вториот дел. Славија неколку пати се закани, еднаш топката помина до стативата, неколку пати исфрлуваа во корнер, за конечно да падне голот.
И тоа гол од корнер :D
Никодиновски нафрли остро, топката со ефе тргна во голот, двајца одбранбени тргнаа по нејзе, едниот ја поткачи и уште толку ја закова во мрежата, за огромна радост.
Имаше Славија уште една можност за водство но не ја искористи.
Сарај ја превзема играта. Постигнаа гол но беше оправдано поништен поради офсајд. Имаа две шанси, но напаѓачите испратија ичајни шутеви.
Славија постигна уште еден гол но и тој беше поништен поради офсајд.
Сарај напаѓаше но напразно, по што Славија ги прокнижи првите 3 бода сезонава.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
Марино-Славија 2-2!
Само бод од гостувањето кај можеби и најслабата екипа во лигата. По милионити пат се повторува дека на гости кај старскиве екипи сме тешки дрва, т.е. општо на гости ништо не се игра :D
Славија водела со 0-2 уште во 5-та минута со головите на Китановски и капитенот Кице. Домаќините почнале со 10 фудбалери. После им дошол некој кафански играч, си влегол и одма дал гол :LOL:
Одма после тоа и втор гол за израмнување на 2-2.
Без најдобриот напаѓач безопасни во нападот иако со целосен посед на топката.
До крај Марино дури имал и една чиста шанса за победа но голманот на Славија одбранил.
И двете екипи имале по уште некоја полушанса.
Бод бод кој ти го дава :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
Славија-Беса 2-0!
Лесна победа над противникот. Времето беше ужасно, се истури од врнење. И покрај тоа околу 50 гледачи на каловите наречени трибини :D
Славија озбилно си ја свати работата. Имаше две шанси за Ѓошев на почетокот но гостинскиот голман беше поуспешен. Притискаше Славија, Китановски украде топка на пола терен, забележа дека гостинскиот голман е излезен и го лобуваше. Прекрасен гол од пола терен.
Беса имаше една шанса од слободен удар, топката мина крај голот.
При крајот на прво полувреме судијата можеше да досуди пенал за гостите, но сепак не свирна.
Второ полувреме уште понадмоќно. Уште на почетокот Ниотис се најде сам пред голманот и лесно погоди за 2-0.
Потоа се нижеа шансите пред гостинскиот гол, судијата крена неколку непостоечки офсајди, остатокот го утнавме...
Немаше многу убавина во вториот дел. Со мала мешаница на крајот меѓу двајца играчи...
Втора сезонска победа за 7 бодови после 4 кола, но следуваат две пеколни гостувања кај Бутел и Фортуна што е еднакво на 0 бодови :)
 
Член од
16 септември 2012
Мислења
51
Поени од реакции
1
Славија-Беса 2-0!
Лесна победа над противникот. Времето беше ужасно, се истури од врнење. И покрај тоа околу 50 гледачи на каловите наречени трибини :D
Славија озбилно си ја свати работата. Имаше две шанси за Ѓошев на почетокот но гостинскиот голман беше поуспешен. Притискаше Славија, Китановски украде топка на пола терен, забележа дека гостинскиот голман е излезен и го лобуваше. Прекрасен гол од пола терен.
Беса имаше една шанса од слободен удар, топката мина крај голот.
При крајот на прво полувреме судијата можеше да досуди пенал за гостите, но сепак не свирна.
Второ полувреме уште понадмоќно. Уште на почетокот Ниотис се најде сам пред голманот и лесно погоди за 2-0.
Потоа се нижеа шансите пред гостинскиот гол, судијата крена неколку непостоечки офсајди, остатокот го утнавме...
Немаше многу убавина во вториот дел. Со мала мешаница на крајот меѓу двајца играчи...
Втора сезонска победа за 7 бодови после 4 кола, но следуваат две пеколни гостувања кај Бутел и Фортуна што е еднакво на 0 бодови :)


не губи надеж бе може ке тепаме на тие утакмици ништо не се знае :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
не губи надеж бе може ке тепаме на тие утакмици ништо не се знае :D
Абе се гледа дека не си играл досега во трета лига... :icon_mrgr:
После ланската утакмица кај нас, подобро да не идете во Бутел... :icon_mrgr:
За Форуна нема да биде до толку, ама бодови никако... :icon_mrgr:
 
Член од
16 септември 2012
Мислења
51
Поени од реакции
1
Абе се гледа дека не си играл досега во трета лига... :icon_mrgr:
После ланската утакмица кај нас, подобро да не идете во Бутел... :icon_mrgr:
За Форуна нема да биде до толку, ама бодови никако... :icon_mrgr:
имам играно лани за цементарница и младинци и прв тим така да добро е што се првите утакмици у гости нема да биде толку напнато затоа може да извлечеме некој бод :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
имам играно лани за цементарница и младинци и прв тим така да добро е што се првите утакмици у гости нема да биде толку напнато затоа може да извлечеме некој бод :D
И свати сега за што ти зборев? :)

Бутел-Славија 3-1 во невозможни услови за игра, нормално кога гостуваш кај Рањо...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
Фортуна-СЛАВИЈА 3-3!
Бод од тешкото гостување.
Два гола на Ниотис, еден на Јовановски.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
Славија-Кадино 2-4 (1-1)
Лекциј од поединци на гостинскиот состав. Напаѓачот не отвори како црква во недела...
Поочакна утакмица којзнае од кога не одиграла.
Нема што многу да се каже, не 2-4, 2-10 можеше да заврши да знаеа да играат останатите од гостинскиот состав освен нивниот напаѓач.
Дефинитивно играч на кој местото не му е во трета лига :icon_mrgr:
На 1-1 Славија ја превзема играта, ама во 2-3 шанси чим не постигнаа гол толку беше...
Тука падна Кадино, ама од никаде дадоа гол и на крај рутински победија...
Стрелци за Славија Аргировски и Ниотис.
Слаба посета денес околу 50 луѓе на трибини, од кои 20-тина беа гостински фанови...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
Пораз од Слога во претходното коло со 3-1 во Чаир.

Денеска само 1-1 во израмнет дуел со Драчево.
Славија-Драчево 1-1 (0-0)!
Стандардно возбудлив меч против Драчево, игран пред околу 150 гледачи. Во последниве неколку меча играме без неколку срандардни првотимци кои ни се повредени па затоа се бележат волку слаби резултати...
Денес Драчево дојде по бод и го заработи, а лесно можеа да дојдат и сдо трите.
Целата утакмица ја заебаа судиите, кои судеа за Драчево на почетокот, па после милион дофрлања, тегнења, мешаници почна да суди на штета на двете страни во различни ситуации.
Првиот дел помина без шанси...
Вториот дел чиста шанса за Славија но промашување од неколку метри со глава. Драчево погоди пречка а набрзо дојде и до водството по еден сомнителен погодок кој предизвика бура од незасдоволства и црвени картони во нашиот состав.
Имено Драчево имаа скратен корнер, топката беше нафрлена пред голманот, овој избоксува но еден од гостинските играчи едноставно се фрли во него и топката се одби во гол.
И покрај тоа што бевме со играч помалку стигнавме до бод. Судијата досуди непостоечки слободен од 18-тина метри, кој Кадир Амза го претвори во гол.
Тргнавме по три бода, и веќе во следниот напад судијата не досуди ЧИСТ ПЕНАЛ за Славија, по старт од зад грб. Уште толку го навлече гневот на пристутните на стадионот па мораше полициско засилување да доаѓа за да го вадат од теренот.
По мечот тепачка мали инциденти, се поради глупите судии кои го расипаа мечот.
Играчите беа фер и коректни и да имаше убаво судење ќе беше одличен меч.

Досега стрелци биле следниве играчи:
Ѓорѓиоски 1 (против Марино) , Костадинов 1 (против Башкими), Китановски 2 (против Марино и против Беса), Ниотис 5 (2 против Фортуна, 1 против Башкими, Беса и Кадино), Амза 1(против Драчево), Никодиновски 1 (против Сарај), Јовановски 1 (против Фортуна), Арсовски 1 (а не Аргировски како што сум информирал минатата недела против Кадино :D), Петровски (против Бутел).
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
И официјално дуелот со Драчево добиен со службени 3-0 :)
Гостите играле со еден играч кој претходното коло добил црвен картон.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
Ти ебам лигатан да ти ебам, дојдовме до дереџе и на терени како во Илинден судиите да не смеат да дозволат гостите да освојат бод :tapp:
Прво полувреме тотална доминација на Славија, утнати еден куп чисти шанси, нешто за кое никој нени е крив.
Второ полувреме Никодиновски постигнува гол за 0-1. И тука стапува на сцена судијата. Скратен корнер за Илинден. Еден наш играч го чува еден од нивните на растојание од едно метро. Играчот на Илинден се фрла напред и со кренат ѓон со крампони мава во косотбранот на наѓшиот играч. И СУДИЈАТА СУДИ ПЕНАЛ :eek::eek::eek:
Израмнување на 1-1. После тоа домаќините почнуваат да косат. Судењето полошо отколку во Бутел. Неколку тепачки на теренот, и меѓу играчи и меѓу тренери. Неколку црвени картони, продолжување дур не даде Илинден гол и некаде во 100-та минута погодуваат за 2-1...
Резили, решени се судиите да не исфрлат од лигата. По чија ли само директива судат :tapp:
Некој скапо ќе го јаде во пролет. Дали судија, дли гостинска екипа, некој ќе зажали што судел против нас.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom