СЛАВИЈА-САРАЈ 1-0!
Тешка победа на првиот меч на домашен терен. Иако Сарај е нов во лигата сепак беа на исто рамниште, и реално заслужија бод.
Натпреварот предизвика голема заинтересираност за наши рамки.
На трибините околу 200 гледачи, што за трета лига и за наши услови (за Македонските екипи) е добар број на публика. Околу 30-40 гледачи беа дојдени од Сарај.
Натпреварот за жал не изобилуваше со некоја убавина, беше типичен третолигашки со доста борба, и конечно да видам малце жестина и од наша страна. Реков со овие тренери ќе им се врати самодовербата на младите играчи и конечно ќе тргнат похрабрбо. Игравме дури и поостро од нив, а пошто противникот беше типична селска копачка екипа, значи и ние сме биле бајаги остри.
Судијата додели сигурно едно 7-8 картони, кај нас едно 4-5, и кај нив 3-4...
Иако они заслужија некој картон плус, но сепак им прогледа низ прсти.
Првото полувреме Сарај беше за нијанса поконкретен, но и двете екипи имаа две стопроцентни шанси.
Прва се закани Славија, преку Ниотис, прими топка во празно, излезе еден на еден но промаши. После тоа играта ја превземаа гостите, што резултираше со една одлична шанса кога со удар од далеку ја погодија стативата на немоќниот домашен голман.
Имаа и некои опасни нафрлувања но не се заканија посериозно. Тука настана мала мешаница, по еден старт на гостински играч. Интервенираше и полицијата, а караницата воглавно беше помеѓу тренерите.
Во второто полувреме младите играчи на Славија влегоа порешително во игра. Многу поостро него ли во првото полувреме. Лека полека ги притискаа во нивниот шеснаесетник. Со притисок и осд публиката гостите беа како изгубени во тие први 15 минути од вториот дел. Славија неколку пати се закани, еднаш топката помина до стативата, неколку пати исфрлуваа во корнер, за конечно да падне голот.
И тоа гол од корнер
Никодиновски нафрли остро, топката со ефе тргна во голот, двајца одбранбени тргнаа по нејзе, едниот ја поткачи и уште толку ја закова во мрежата, за огромна радост.
Имаше Славија уште една можност за водство но не ја искористи.
Сарај ја превзема играта. Постигнаа гол но беше оправдано поништен поради офсајд. Имаа две шанси, но напаѓачите испратија ичајни шутеви.
Славија постигна уште еден гол но и тој беше поништен поради офсајд.
Сарај напаѓаше но напразно, по што Славија ги прокнижи првите 3 бода сезонава.