АЈДЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!!!!
СЛАВИЈА-Цементарница 1-0 (1-0)!
Пред 150-200 гледчи, голема победа над некогаш големиот противник, а денеска едвај достоен противник. Теренот совршен за игра, полиција вриеше и не дозволи да се седи до ограда.
Да напоменам 80 МИНУТИ ИГРАВМЕ СО ИГРАЧ ПОМАЛКУ.
И покрај тоа гостите можеа само да сонуваат дека ќе дојдат до трите бода. И бод ни осдговараше на нас бидејќи имаме 2 бода предност, а сега таа предност е 5 босда, на два меча до крај.
Тоа и дефинитивно ни носи опстанок бидејќи во среда сигурно го добиваме Башкими
Автоматски Цементара е нов четвртолигаш. Ех на кое дереџе дојдоа...
Многу ми е мило дека ги тепавме после пародиите во Кисела Вода каде не добија со судии.
Мечот почна со две убави шанси на двете страни. Прво имавме шанса ние, но Беба не додаде туку беше себичен и шутна иако ако додадеше сигурно ќе постигневмер гол. Вака голманот успеа да одбрани.
Веќе следната акција, излегоа очи во очи со голманот но нашиот голман одлично одбрани.
Е тука веќе се случија немили сцени.
Имено крилото на гостите цело време провоцираше и пцуеше. И двете екипи беа со просечна возраст од 19-20 години, ама гостите цело време се бунеа на судиски одлуки како да се некоја селска екипа
Крилото на гостите испровоцира нешто, на нашиот централен играч Синадиновски му пукна филм и му здрви клоца по што доби заслужен црвен уште во 10-тата минута. И кога се очекуваше дека ќе нападнат гостите, тие изиграа како седмо лигаш.
Завладевме на теренот, до полувреме можеше да биде и 2,3-0...
По една контра Беба излезе сам пред гол и пласираше за 1-0.
Ги изремети овој меч, мада да беше понесебичен ќе тепавме со многу поголема разлика.
Им игравме со 1 централен цел меч
Цела концепција ни се измести и пак ги туривме. До полувреме Дамјановски Дино утна некоја контра...
Во второ полувреме иста приказна, ние напаѓаме, они само се бунеа кај судиите.
Судијата имаше построг критериум, не судеше лесно фаули. Неколку пати може згреши и на двете страни, но прекрасно судење, доста фер.
Во вториот дел уште некоја шанса за Дамјановски, влагасше по страна но му фалеше завршен удар.
Беба одново ги изремеити си направи место за шут но од неколку метри биеше над голот.
И најголемата шанса ја упропасти кога имавме контра, излезе сам опред гол требаше само да додаде до Дамјановски, овој шутна и згреши...
Конечно Цементара се разбуди во последните 10 минути, кога нашите најкамен играчи влегоа на терен
Направија 2 чисти шанси, но нашиот голман беше одличен и не дозволи да му биде затресена мрежата. Секоја мешаница беше расчистувана од нашата одбрана која заслужи чиста десетка денеска, и бековите и единствениот централен играч. Голманот истотака, браво мајсторе.
На крај овие само паѓаа да извадат пенал али сусдијата не потпадна под провокации.На крај ги спаси, нивниот голман ја имаше топката во наша половина, му се заглави, нашиве го нападнаа цел стадион почна да се дере и овој цел се збуни. Му ја земавме и таман да биде зголемено водстволо на 2-0, судијата свирна крај!
Цементара има немнормално очаен тим. Играчине како балетани влегуваа во дуели, еден дуел не добија. Не заслужуваат да опстанат. Ние сме слаби, али пак и со играч помалце цел меч, бевме далеку подобар противник. Одбраната особено им е тешки дрва