Тежок пораз во Пржино денеска.
Славија-Албарса 1-5!
Пред 20-тина гледачи во фер и коректен меч си го земавме како баба внуче од поквалитетниот тим. Далеку помотовирани гостите едноставно не утепаа. Можеше да биде и многу поголема нивната победа.
Иако на резултатот кумуваше и судијата, кој не досуди чист пенал на 0-0 веќе во првата акција на Славија.
Во 5-та минута веќе губевме со 0-2.
Две брзи акции по крило и два гола. Имаа едно одличнолево крило кое како сакаше си влегуваше во шеснаесетникот.
Цела одбрана е сменета на полусезона и затоа резултатите се вакви поразителни...
Најдобрите 5-6 играчи си заминаа, па тие што беа бекови и средина сега играат централни дефанзивци
Чудо е како дури во мај го претпревме првиот пораз на домашен терен годинава.
Е негде кај 20-та мионута почнавме да играме.
Имавме две одлични шанси но еднаш топката мина до стативата а еднаш заврши во десниот дирек.
И одново судијата кој досега сто пати не има оштетено, не досуди чист пенал по игра со рака во шеснаесетникот на Албарса.
Оттогаш спласна инцијативата и на полувреме се отиде со 0-2.
На почетокот одново не ни беше досуден чист пенал. ТРЕТ ПЕНАЛ...
На спортивната страна не досуди и еден пенал за Албарса...
И нормално кога играш без опдбрана противникот си правеше милион шанси. Еден ја мавна со ножички, сите дремеа играч на Албарса си дојде до топката и си зголеми на 0-3.
Во следните минути со удар од 20-тина метри зголемија на 0-4, а веќе во наредна акција по брза контра од крило, експресно зголемија и на 0-5.
До крајот 2-3 шанси за Славија. Еднаш од чиста позиција топката заврши над пречката, а два пати интервенираше и голманот на Албарса. И конечно при крајот добивмепенал кој беше претворен во почесен гол за конечни 1-5!