Фан Клуб: Рома

Член од
10 јануари 2008
Мислења
74
Поени од реакции
3
Добро е што разликата се намали на 5 бода, што ни дава поголема надеж дека можеби и ќе го земеме скудетото сезонава, но сепак е уште многу рано за тоа бидејќи има одиграно само 20 кола.
Како што кажав и во претходниот пост најтежок и највлијателен ќе ни биде следниов:

Juventus - Roma.......16/02/2008.....20:30...SERIE A
Roma - Real Madrid....19/02/2008.....20:45...CHAMPIONS LEAGUE
Roma - Fiorentina.......24/02/2008....15:00...SERIE A
Inter Milan - Roma......27/02/2008.....20:30..SERIE A
Real Madrid - Roma.....05/03/2008.....20:45..CHAMPIONS LEAGUE


-Купот не верувам да го изгубиме пошо играме во полуфинале со Катанија, а финалето(еден натпревар) се игра на олимпико, така да мислам ќе го земеме.


-За лига на шампиони очекувам пролаз на рома во четврт финалето само ако издвои убедливапобеда против реал на домашен терен, бидејќи навистина на сантијаго бернабе се ''непобедливи''.


P.S. А влатко кај си прочитал тоа за најдобар тренер и најдобар играч во серија а за 2007?
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Леле ама ви се погодил периодот. Ако ако поарно за нас :)
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Juventus - Roma.......16/02/2008.....20:30...SERIE A - Ќе тепаме.
Roma - Real Madrid....19/02/2008.....20:45...CHAMPIONS LEAGUE - 0-0
Roma - Fiorentina.......24/02/2008....15:00...SERIE A - Ќе тепаме.
Inter Milan - Roma......27/02/2008.....20:30..SERIE A - Нерешено.
Real Madrid - Roma.....05/03/2008.....20:45..CHAMPIONS LEAGUE - Губиме.

Никогаш не сум песимист, ама Реал нема да го поминеме. Можеме да го поминеме, ама едноставно ако сакаме скудето, мораме да изиграме како што треба против Јуве, Фиорентина и Интер. И мислам дека најдобро ќе биде да се откажеме од лигата на Шампионите годинава, и да се фокусираме на Серие А.

P.S. А влатко кај си прочитал тоа за најдобар тренер и најдобар играч во серија а за 2007?
На goal.com.
 

Apash

Od kol na kol, kolot vo gazot!
Член од
10 март 2007
Мислења
567
Поени од реакции
15
неееее како да се откажиме ?! ... не декаке ја освоиме Лигата , ама таму лежат парите од коло во коло .

плус то Реал се ќјори , не само оптимистички и пристрасно дека гледам ама стварно Реал неамаат тимска игра воопшто ... ај нека ви текни со Лацио мечовите
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Повротно Рома има финансиски проблеми...медиумите во Италија објавија дека Рома има долгови од 350милиони евра...со што се чини дека Сенси ке мора да го продава клубот, а интерес пројавија американските сопствените на Ливерпул. :uvo:

И отука е јасно зошто Рома со години нема мега-трансфери...никако да излезат од криза по освојувањето на скудетото пред неколку години.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
544
Рома пред малце загуби од Сиена.
Сиена-Рома 3:0 на крај. Убедлив пораз. Вергасола, Тонето (автогол) и Фрик беа стрелци на головите.
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Леле, ни одржаа лекција. Срамота! :(

Се дигнавме на небо после 5 победи во низа, и ни го спуштија на големо, тимче како Сиена. Тоа е, ај за арно нека е поразов љољ ...

Коментари посебни нема да давам, ќе си ќутам поарно :)
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
74
Поени од реакции
3
Абе ај што изгубија, изгубија... нека им е со среќа а и заслужен пораз доживеаја најверојатно како што се гледа по резултат. Него зборот ми беше:

Ова немам видено, да им се намо*ам на тие судите што им судат на интер оти по ред на две утакмици им даваат 2 непостоечки пенали и двата од слични ситуации, играшот ја исфрла топката со глава и се гледа многу убаво а тие пенал, и на двете утакмици победуваат со судии. Сезонава им имаат судено може 10 пенали.
ОВА НЕ Е ХУМАНО

А тоа манчинито може да ја затвори чорапата и да престане да збори глупости за црвените картони, пошо на овие 3 наптревари на кои им даваат црвени стварно си ги заслужија играчите, а што не рече нешто за пеналите што им ги судат?????

МОРЕ ШТО САКАМ И НИВ ДА ГИ КАЗНАТ, УБАВО, И ДА ГИ ПРАТА ВО Ц2\Ц

НЕМАМ ЗБОРОВИ........
NO COMMENT......
:tapp: :tapp: :tapp: :uvo:
 

Apash

Od kol na kol, kolot vo gazot!
Член од
10 март 2007
Мислења
567
Поени од реакции
15
Рома пред малце загуби од Сиена.
Сиена-Рома 3:0 на крај. Убедлив пораз. Вергасола, Тонето (автогол) и Фрик беа стрелци на головите.
арно шо ни кажа брат .... :glup:
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
арно шо ни кажа брат .... :glup:
хахаха

Рома пред малце загуби од Сиена.
Сиена-Рома 3:0 на крај. Убедлив пораз. Вергасола, Тонето (автогол) и Фрик беа стрелци на головите.
Тонето?? на семафорот на сан сиро мислам прочитав Мексес дека бил? Гледаше некој шо се случи или негде е печатна грешка?
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Мексес си даде :(

Добро. Сега пред малку читав една изјава на Бониек, тие што не го знаат, што да им кажам не се доволно фудбалски образовани :smir: и вика дека проблемот на Рома е физичката неподготвеност на Тоти.

Се почна од глуждот против Спортинг. Два месеци аут, потоа проблемите со грбот па сега и настинката. Ќе му треба уште време да се врати на физички план. Бидејќи вчера како и да не играше. Се надевам дека тоа ќе се случи што е можно побрзо, особено што сега доаѓа периодот кој ќе ни ја реши сезоната, а Тоти е потребен во тој период, и тоа како!
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Сабота 20:30 ... Рома - Реџина. Ја пуштам сингл на тикет 1 за 1000 денари.

После поразот од Сиена, очекувам да ги расторпедираме Реџина, а богами и ќе ги исторпедираме. И да, конечно Тоти да се разбуди веќе еднаш и да даде гол! Две утакмици веќе нема дадено :(
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
74
Поени од реакции
3
овој натпревар мора да го победиме, бидејќи е последен месецов од оние каде противниците се многу послаби од нас...
Сакам да кажем после реџина ни следуваат 5 дербиња по ред....(ги напишав претходно против кого)

Така да Со Среќа....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom