хаха ма тука слободно можете да дискутирате колку сакате .. поискулирани фаци во овој фан клу нема да најдеш на друго место

... ма да доклку некој проба да провоцира, можам/можеме да го направиме подоле од г....о xD
Искрено и мене ме фаќа страв како Ламела ќе се снајде во Сериа А, всушност повеќе ме фаќа страв за тоа Бојан како ќе се снајде во Сериа А, ма да затоа е сеуште рано и не ми се пишува сега на долго, само кратко ќе кажам за Бојан дека Енрике го спрема да игра на позицијата на Мирко во формација 4-3-3, значи ќе ја држи левата страна, е сега сите знаеме дека Бојан нема некој физички предиспозиции, а во Италија секогаш се оди на такви дуели каде оној што знае подобро да се постави и да се изгради со помош на неговата физичка сила успева да го добие дуелот, не иста работата како во Шпанија и Англија, каде одбраната се матери со кратки пасови и брза игра, тука во Италија е многу сложено ... затоа Бојан ќе има проблеми, поготово што нема да игра шпиц, доколку го планираа за шпиц полесно ќе можеше да дојде до голот и да ја постигне целта, вака останува само да видиме што ќе направи, на последниот пријателски меч играше на таа лева страна и се растури од игра, ама тоа беше против унграски тим, а сега незнам како ќе биде во Италија ...
За Ламела повеќе се грижам на која позиција ќе игра тој, а од тоа зависи дали ќе успее ... неговата правилна позиција не постои во формацијата 4-3-3 на Енрике, Ламела е класицен полушпиц и треквартиста, е сега Енрике ќе мора да одличи дали ќе го игра во средина покрај Пизаро и Де Роси како поофанзивен од нив двајцата, како што е Иниеста во Барса или ќе го стави на некое од двете крила, што знам, тоа зависи од многу работи, нормално највеќе од играчкиот кадар, доколку не купиме офанзивен играч што ќе ја потполни таа десна страна, ќе мора Ламела таму да игра што и би му по одговарало отколку длабоко во средина каде ќе мора да ги извршува и дефанзивните задачи.
Требаше на кратко ама ајде, бидна веќе