Фан Клуб: Рома

Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Се надевам дека ќе земат некој во јануари и дека за вториот дел од сезоната ќе го имаме Спинацола во добра форма.
Ако го игра и половина од тоа што го играше на европското ќе биде топ!

Треба играч на средина со визија што ќе има импакт во играта.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.183
Поени од реакции
3.154
3 од 3 сме немале од првата година со Гарсија..
Добро е, оваа победа значи против ваков секогаш незгоден Сасуоло.. Многу беа уморни играчите..исцедени до крај со поситни повреди кои истите излегоја од прва минута..
Школски ирзаботано за првиот гол..
Кога сите очекуваа нафрлување Кристанте се уфрлува на пасот од Лоло и погаѓа за 1-0.
Во второ полувреме очекувано се повлекоја што од замор што од тактички причини и ете ти 1-1..
Берарди се претвора во Меси кога игра против нас, го поремети Виња..
Виња многу слабо игра во 16-ник.. Пак ќе речам замор, ситни повреди среќа не нѐ кошташе ова све со нерешено или пораз.. Од десната страна многу слабо и Карсдорп.. Се скапа дигајќи раце Абра на центаршутевите нивни..
Сасуоло беше блиску до 1-2 по една статива за двете екипе и 2-3 страшни интервенции на Руи Патрисио.. Не жалам за толку скапо платениот стар Руи.. Се гледа сигурност и искуство во него.. После шансите нивни Ел Ша во 91' минута само што му спушти топка Елдор осеќав дека е гол.. Ги има тие шутеви батето.. Ерупција на Олимпико, Мурџо наш се претвори во Усаин Болт и шпринт накај Курва Суд.. Кое славје, ова одамна го немаме почуствувано.. Па последна таква екстаза ни беше 3 гол против Барса..
Ни следи Цска Софија.. Мурџо мора да ги измеша картите.. Не смее од сега да прегорат и почнат со повреди играчите.Знаеме колку ни се склони на тоа..
Тотално овие 11 од синоќа може да се заменат и лесно да се помине со Цска..
Фузато, Калафиори, Рејнолдс, Кумбула, Смолинг, Диавара, Виљар, Елдор, Перез, по едно пол за Кристанте и Пелегрини и напред Борха.. Тоа е тоа..
На зима десен бек и везњак и итаме кон високи цели..
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.846
Поени од реакции
8.693
Требаше и Пелегрини да го одмори, а најповеќе Карсдорп
ROMA (4-2-3-1): Rui Patricio; Karsdorp, Mancini, Smalling, Calafiori; Villar, Diawara; Perez, Pellegrini, El Shaarawy; Shomurodov.
A disp.:
All. José Mourinho
Автоматски споено мислење:

Пелегрини оваа година вистински лидер и капитен, а фудбалски на нивото кое чекавме да го видиме. Голот што го постигна права мајсторија, на страна голот, игра страшно
 
Последно уредено:

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.846
Поени од реакции
8.693
Узбекистанецот и со Абрахам одлично комбинираа, штета гол не постигна
Автоматски споено мислење:

6 утакмици - 19 дадени и 4 примени гола, кај е автобусот на Мурињо? :D


Да не се прскаме, ќе видиме против големите дали ќе го "донесе" автобусот :P
 
Последно уредено:

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.776
Узбекистанецот и со Абрахам одлично комбинираа, штета гол не постигна
Автоматски споено мислење:

6 утакмици - 19 дадени и 4 примени гола, кај е автобусот на Мурињо? :D


Да не се прскаме, ќе видиме против големите дали ќе го "донесе" автобусот :P
Нема потреба од некоја претерена филозофија, доволно е да ја погледнете Рома со ЦСКА Софија минатата година и денес, самиот однос на играчите , како ти се однесуваат на терен, како беа смирени по примениот гол, како гризеа во секој дел на теренот, пред се погледни ја еволуцијата кај Пелегрини во играта, Манчини како се поставува со која самодоверба нешто кое до вчера го немаше, Абрахам па да не го споменувам не паметам да сме имале таков напагач (го немам фатено времето на Батистута :D)кој знае да се постави секогаш на право место иако со Сасуоло Пелегрини а сега со ЦСКА Софија имаше една топка узбекистанецот му себичеа но буквално тој не беше агресивен напротив смирен во тие ситуации.

Пелегрини ќе биде лидер околу кој Мурињо ќе ја гради играта, не само како играч туку пред се како карактер кој треба да ги подига сите, си ја знае Мурињо работата, роден римјанин, романиста, познавајќи ја цела филозофија колку тоа значи во клубот и игра на таа карта, за другите детали да не зборувам погледнете како секој играч само сака да се покаже и докаже пред него, таков тренер не сме имале освен можеби Раниери но далеку од тој авторитет да го имаше врз играчите како Жозе.
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Резервите се слаби, освен узбекот.
Вчера се виде дека тоа ќе е голем проблем. Едноставно на некои фудбалери толку им е силата, а некои немаат континуитет.
В зима мора да се земе средњак.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.846
Поени од реакции
8.693
Вилата и Диавара некако не ми одиграа нај нај, не дека беа ептен лоши, ама како да се извадени од ритам.. Калафиори второ полувреме изигра супер. Перез го имам приметено, само кога влезе од клупа е корисен, вака кога почне утакмица, ништо посебно не игра.
Автоматски споено мислење:

Каков прием и каков гол :cuc:

 
Последно уредено:
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.183
Поени од реакции
3.154
Мурињо смени 8 од 11-те што ги играше цело време.. Карсдорп доби 1 полувреме а Манчини и Патрисио цел натпревар..
Можеби требаше и Манчини 1 полувреме но што е тука е..
Се гледа колку недоверба има Мурџо кон Кумбула, Рејнолдс, Дарбо, Мајорал.. За Американецон богами жалосно на што фрлија толку пари.. Овој ни за во Мак. лига не е..
На Кумбула чат пат му дава по некоја минута ама Дарбо лани на крај искина, се збореа нови договори и слично за сега да го снемува. Добро би било да се прати негде на позајмица.. Борха сигурно не е во плановите за во иднина па не сака да го разигрува туку ќе влегува ептен кога ќе е густо или 4/5/6 коло од групава..
Му прекурчи и со Виљар и Диавара па во 57мин ги извади двајцата..Да може да се отарасат од шпанецов во јануари и да го донесат Закарија.. Пак почна за него да се пишува, со што Рома би платила поситна сума на пари бидејќи договорот му истекува во јуни..

Следен натпревар Верона на Тудор.. Многу сакам да влеземе со 5 од 5 пред Лацио и нив после да ги истуриме..
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Вилар е за на бајачка. Откако му се развика Пелегрини, човекот тотално се изгуби. Со страв игра.
Многу очекував од Дарбо сезонава, но еве кај Мурињо не игра воопшто.
Диавара е чиста резерва. За да ги одмара првотимците на резултат 3-0 за Рома.
Вчера ги проба Ибањез и Кумбула на лев и десен бек.
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Штета. На полувреме го имаш натпреварот, а му ја даваш играта на безидејната верона и ја враќаш од мртвите.
Добар шамар.
Се надевам ќе извлечат поука од натпреваров.
Патем, за неутралните гледачи одлично второ полевреме.
Голчишта на Пелегрини и фараони.
 

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.776
Бековите ни се криминал во одбрана, Маничини денес беше тешка дупка, а Кристанте покана чекаше да прави блок при шутот на Фараони.
Во напад безидејни, шутни од кај ти текне па можеби ќе влезе , се виде колку фали креативец во среден ред да направи акција.

Сега со Удинезе мора победа за да се подигне атмосферата пред дербито кое мора да се добие.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.183
Поени од реакции
3.154
Врел шамар да се освестат сите...
Игравме против една екстремно мотивирана екипа со нов тренер кој им донесе резултат.. Да беше ЕДФ уште таму не губевме па незнам што да е.. Тудор иста игра негува како и Јурич.. Многу рано ни се вратија за 1-1, после следеше уште еден шок 2-1..
Мурињо мора во иднина нешто да мењава кога имаш водство или веќе кога израмнивме на 2-2.. Многу глупи првите 2 гола.. Што мисли Манчини со главата?? Па веројатно ништо очигледно, чим те работаат така.. Третиот гол на Верона беше порно но зошто немаше никој на блок? Кристанте беше тука најблиску..
Во последниве 10 године Маркос, Манолас и Рудигер беа бетон во одбраната.. Другото све е лево.. Шомуродов тотално неупотреблив беше.. Ел Ша мораше да стартува кога веќе Мики имал повреда..
Не може да сме непобедливи разбирам, Верона не е баш лесно гостување но жално што сега не сопреа.. Барем нерешено ќе вршеше работа.. Поразов би го залечиле со наредни две победи со Удинезе и Лацио..
До полу сезона да се држиме во топ4, Мурињо за 2 дел ќе знае што и кој треба.. А и Фридкинови не верувам дека ќе штедат пари и испуштат шанса за ЛШ покрај вака лош почеток на одредени екипи..
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.846
Поени од реакции
8.693
Лоренцо Пелегрини не знае да даде нормален гол, убедливо најдобар играч ни е до сега :cuc:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom