На хајлајтците го нема тој поништениот гол на Калафиори.
Почнаа да кружат шпекулации дека Палота ги намалил барањата за продажба на Рома, на 600мил евра, а последната понуда на Фридкин е 490мил ќеш, плус 85мил во клубот веднаш да вложи. Со ова, има голем оптимизам дека договор ќе биде постигнат за брзо време, дај боже.
Во меѓувреме, на 6ти играме со Севиља, а Смолинг си заминува за Англија и нема да игра во ЛЕ, голем хендикеп за нас. Не успеале да се договорат со Манчестер, за некои 5мил евра. Паралелно испадна шпекулација дека со Вертонген се договориле како слободен агент да дојде и му дале договор на две години со плата од 3мил, али ниту ова не е потврдено.
Може парите што ги спремаа за Смолинг да се искористат за друг штопер покрај овие што ги имаме (Манчини, Фазио, Ибањез и Вертонген ако дојде) секако ќе треба уште еден, а како 6та опција и Коларов ќе се користи.
Фативме некоја форма, таман за со Севиља, али одбраната не ми влева доверба, па и без Смолинг, нема да биде на арно. Оној Ибањез го фалат многу, после дебитантскиот кикс се повеќе пофални зборови слушам за него, ма да мене лично не ми влева доверба