Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.620
Поени од реакции
14.497
Сакав победа на овој меч, само заради Ел Класико. Ако изгубевме на овој меч, Барса ќе имаше +7 и речиси се ќе беше решено за титулата. Вака сите опции се отворени, па сега сум повеќе убеден дека Реал може повторно да им ја укради титулата на Барса.
 

CaMeC

Рамос - 4
Член од
18 јуни 2007
Мислења
2.266
Поени од реакции
10
Ви реков дека ќе победиме,вакво нешто ќе ја најде и Барса и ние сме шампиони.Одлично изиграни 60 мин.Екстра добро само Рамос некако слабо не дека го згреши голот слабо пробиваше по страната.Игуаин е најголемиот хендикеп што нема да игра на Ел Класико.Да се надеваме дека Робен ќе се врати.Од мене исто така 10 за Гаго и Ласс беше добар во одбранбените задачи.
Оти да не игра Игуаин се повреди нешто ??
 
V

Viktoranius

Гостин
Сакав победа на овој меч, само заради Ел Класико. Ако изгубевме на овој меч, Барса ќе имаше +7 и речиси се ќе беше решено за титулата. Вака сите опции се отворени, па сега сум повеќе убеден дека Реал може повторно да им ја укради титулата на Барса.
Честито победа против Севилја.

До крајот има уште 5 утакмици, за да ни ја земете титулата треба да кикснеме на 2, а вие да ги тепате сите, а гостувате и на Вилареал и на Валенсија.

Не дека не е можно да се случи, али сепак шансите се на наша страна. Го направивте Ел класико поинтересно, до сабота може да се знае се, а може и ништо да не се знае.:)
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Ајде нека ни е честито победата... На почетокот (додека гледав) само така трчкавме по теренот, али добро е штом сме се вратиле во игра... Чекам головите да ги постави некој... рано е малку, али кога ќе ги има на нет нека ги стави...

Поз
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
Честитки за победата! Имаме шанси ајде барСЕЛОна нека направи уште некој кикс:zlo:
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Се менуваат некои бројки во потпис. :tv:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Честито победа. Како што кажав порано сакав да победите пторив Севиља за да биде поинтересно Ел Класико. Сега ви требаат два наши кикса, па ќе видиме што ќе биде.
 

Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
Честито.
Тешко извојувана победа , но сесема заслужена.
Јас лично , на Хуанде Рамос уште од сега би му понудил минимум 4-годишен договор. Уште од неговото доаѓање бев негов огромен фан , и ептен сум задоволен со неговата работа до сега, што дури и ги надмина моите очекувања.
Со онаков крпен состав да успееш една страшно мотивирана Севиља да разбиеш на нивен терен е дело за почит.
А да не зборам за фасцинантаната серија од незнам веќе колку натпревари без пораз.

Ќе биде многу тешко , ама како шлаг на торта би дошла победа против Барселона наредното коло.
Се слагам.
Беше фрлен во оган човекот, превзема еден крпен Реал, а сега се бориме за титула кога Барселона ја игра својата најдобра сезона од памтивек а ние ја имаме една од најлошите, од административен до играчки аспект.
Се поубеден сум дека Хуанде Рамос е човекот за нас.


А менталната снага на играчите на Реал е неверојатна.
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Ѕвер е Хуанде бе, другата сезона ако му се пружат поголеми парични средства и одврзани раце за трансфери ќе направи одличен тим. Сетете се на играта на Севиља само.
Само се надевам дека ќе добие поддршка од Перез.
 

Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.978
Поени од реакции
143
Честито победа. Како што кажав порано сакав да победите пторив Севиља за да биде поинтересно Ел Класико. Сега ви требаат два наши кикса, па ќе видиме што ќе биде.
Не ви требат ваши 2 кикса, туку 1. Ако победи реал во ел класико тогаш ќе се чека кикс на вас. (значи 1). Ама ако загуби не дај боже тогаш 99% ваша е титулата оваа сезона
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Барса губи во ел класико, играат нерешено со Депортиво, Реал освојува титула :)
 

Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
Барса губи во ел класико, играат нерешено со Депортиво, Реал освојува титула :)
Ако испадне вака, ќе те носам у потпис до крај на живот, и те частам гајба пиво :)
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Честито победа, ако ништо друго барем 2600 денари ми донесовте :):):)
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Се би дал сеа да идам за Мадрид барем на 5 минути.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom