Абе се случувало и пак се случува.
Реал губи од оние екипи кои знаат како да ја умртват играта.
Арсенал , Рома , Јувентус ... еве сега се надоврза и Ливерпул.
Со ниедна од овие екипи , Реал не беше надигран , но повеќе од ФЕР беше елиминиран.
Ние може колку сакаме да кукаме , ама после се , ќе видите дека ниту Ливерпул играше со играч повеќе , ниту сидијата судеше во нивна корист , ниту пак времето или теренот не беа непогодни за игра-туку Ливерпул си победи "fair and square" што би рекле америте.
Сега , ако играта тактички им била добро поставена за УСПЕХ а не за ОКО , тоа е веќе друга тема.
Што се однесува до играта на Реал , одбраната беше на завидно ниво.
Освен голот , каде што Хигуаин пред се малце подфрли , одбрамбената линија делуваше доста сигурно.
Средината - Гаго и Диара , пред се со дефанзивните задачи одлично се справуваат , ама кутрите не ги бива за организација или било каква инвентивност.
Марсело на стари години ќе му ја бараат перфектната позиција ... интересно.
Робен , многу силуваше ,а и малце е паднат од врвната форма во која играше до пред некое време.Исто така и цело време беше удвојуван.
Хигуаин и Раул скоро незабележителни.
Најслаб играч во Реал а воедно и на натпреварот - Гути.
Покрај хронично променливата форма од натпревар во натпревар , мислам дека вчера покажа голема доза на индолентоност.
Најголемо разочарување.Не го очекував тоа од детето на Реал.
Само да не губиме надеж толку брзо.
Ако на тактички план пред се , се променат некои работи јас и не гледам зошто да не ги победиме Ливерпул таму 2-0 или пак 2-1?
Значи според мене мора да се промени системот на игра кој вклучува два дефанзивни везњаци (Гаго и Диара).Ќе мора да се игра похрабро со само еден CDM (пожелно е Диара според мене).
Гаго ќе мора да биде заменет со еден полушпиц - Снајдер.
Голот ќе ни биде поотворен , ама нели веќе ќе нема и што да изгубиме?
Целата дубара на Хуанде Рамос со минимилизирање на примените голови се базира на тој систем на игра 4-2-2-2.Сигурен сум дека според него 0-0 во Мадрид ќе беше 80% добар резултат , со тоа што ќе очекуваше да даде гол во Ливерпул , но ете примивме ден ...
Како и да е , мислам дека ќе биде доста интресно на реваншот.
Не се предавајте прерано.