Чекај пред да го нападнаш Озил стави се во негова кожа, се доведуваат 2 нови играчи кој му ја загрозуваат позицијата, го играат на нетипична позиција за него во почеток и потоа доаѓа најскапиот трансфер на позицијата на која го играат оваа сезона. Верувај под default се смета дека Бејл е првотимец.
И Бејл е понедокажан играч од Озил , да тоа е факт. А се само една година разлика.
И Реал да освои тројна круна неговиот допринос ќе биде мал затоа што ќе биде ротациски играч и замена. Светското е наредна година се очекува да биде еден од носителите на Германската репрезентација која ја сметаат за најталентирана Германска репрезентација очекувањата се најголеми, а и конкуренцијата, како замена тој ќе го изгуби статустот на првотимец.
А за платата , па како е можно Кака да зима 10м , а Озил дупло помалку од него ?
Да си кажам мислење за болдираново.Роналдо и Раул две години беа тандем во Реал.Дојде Овен,во својте најдобри години...поголема конкуренција,амин.Зш од овие двајцава,никој нит замина нит побара трансфер.Се ротираја се ротираја,и на крај испадна дека Раул и Роналдо се подобри играчи од него.Руни беше сам шпиц во Манчестер.Дојдоја Бербатов и Тевез.Нит си замина,нит побара трансфер,туку со игрите покажа дека е подобар од нив.Исто ти е и со Иско и со Бејл.Не го кривам шо си замина,нормално е веќе да си заситен од некоја средина,ама да заминиш поради страв од конкуренција,ми е идиотски.БАрем да пробаше да се изборит за место,или уште подобро,да си го задржит.А дека немаше да играт за да му паднит до толку формата,ќе играше.Од 70 + утакмици,сигурно 35 ќе почнеше прва постава.Касиљас 8 месеци не е прв тим во реал,па пак е прв голман за Шпанија.Небитно...Ако е така веќе....Артета,Вилшир,Ремзи,Казорла не се толку наивни играчи, и ако мисли дека местот му е загарантирано таму,е малце се излажал.
А то дека Бејл ќе имат сигурно првотимски статус заради парите шо се даени,и то не е сигурно.Кака го донесоа исто за огромна сума во то време,пола сезона го форсираја и после го седнаја на клупа,кај шо остана и до ден денес.Ако некој не покажвит добри игри,милјарда евра да се даени,со сила немат да го игрет

Пак ти викам,не сакам да испаднит дек те напаѓам,туку си кажам свое мислење.Ако си фан на Арсенал,создравје да си го користите генијалецот
