Фан Клуб: Реал Мадрид

Член од
21 септември 2008
Мислења
14.441
Поени од реакции
13.857
Воглавно досадно полувреме, најдоброто нешто е што водиме, требаше Игуаин да ја искористи шансата за 0 - 2 и за полесно второ полувреме. Во второ брз гол до 60та минута и потоа иста игра како против Виљареал после 30та минута.
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Честито победа, да беше друг тим ке казнеше, али ги разбирам и играчите, делуваа заморено. Кристијано дека се однесува како дете, се однесува и не го оспорувајте тоа. Еден потег го реши мечот, една добра акција, една мајсторска завршница. Реков очекувам или тесна утакмица со гол разлика да добиеме, или убедлива од 4-5 разлика. Тоа и се случи, задоволен сум од бодовите и резултатот.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.583
Поени од реакции
13.220
Добро де, 3 бода се 3 бода. Не можиме да растураме и доминираме секој натпревар, иако второто го правевме и овде.
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Го имав Реал од 0-2 .. ми излезе ливчето :)
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Очекував да победиме со повеќе од 2 гола разлика но сепак победа си е победа. Требаше и во второ полувреме еден гол во мрежата на Браво за мирна завршница. Како што кажа Шурикен да беше некоја друга екипа ќе не казнеше за досадната игра со бесконечни пасови на средината од теренот и по некој напад чат-пат. Меѓутоа битно е да се задржи одличната атмосфера во тимот,да се продолжи со добрата игра и да се нижат уште многу победи во оваа победничка серија која ја имаме.
Hala Madrid !


Голот на Пипита.

И видете го овој старт на Гриезман врз Серхио Рамос,старт со отворена копачка и според мене тука требаше Маленхо да му даде црвен картон.

 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Што не појде и цела клупа во одбрана :pos: Овие од Сосиедад да не ги носат в планина пред секој натпревар со Реал?
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.441
Поени од реакции
13.857
Не може секој натпревар 3+ да биде, 3 бода на стандардно жешкото гостување за нас, солидна игра, пред Барса сме сеуште, што повеќе ни треба.. Следни Лион и Осасуна, со Лион сум задоволен и со Х, а со Осасуна очекувам да се продолжи победничката серија, мораме тие натпревари да ги добиваме. VAMOS !
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.441
Поени од реакции
13.857


Подобар наслов одамна немам прочитано на Марка..

ASI SE GANAN LA LIGAS.. или во превод - вака се освојува Ла Лига.
 
A

apidrone

Гостин
Честито! Задоволен сум бидејќи победивме без да се замараме премногу. И да, некој за ѓон ќе добие само жут, некој за цивка црвен... тоа е.
 
Член од
14 септември 2011
Мислења
577
Поени од реакции
179
Браво за момциве..3 по 3 поени..ќе стигнеме до титула..како што напишале во марка...:)
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.141
Поени од реакции
28.898
Сега се враќам поднапиен од добра запивка и гледам сме тепале минимално.
Најважно е дека сме освоиле 3 бода.
Се надевам дека немало некоја повреда во нашите редови.
Хала Мадрид.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom