Tаткото на Игуаин, во канцелариите на Бернабеу, се разговара за трансферот на Пипита !!
Хорхе Игуаин, татко а воедно и менаџер на Гонзало, денес ги посети стручните лица од раководството на Реал. Во моментов тој има состанов со претседателот Перез, со Хозе Анхел Санчез и Бутрагењо. А можно е и Мурињо да присуствува на состанокот.
Хорхе е дојден да ја искаже желбата на неговиот син, а таа е заиму
бнање од Реал Мадрид. Игуаин е несреќен поради тоа што Мурињо го преферираше Бензема во текот на целата година и бара трансфер поради тоа. Исто така, смета дека неговата плата е премала во однос на другите играчи од негово ниво.
Игуаин има договор до 2016 година со Реал. Мурињо најави дека нема да го пушти да си оди за сума помала од 150 милиони евра. Клубот ќе се обиде да му понуди нов, многу подобар договор од сегашниот, и на тој начин да го убеди да остане во клубот. Но, потребно е и ветување од Мурињо дека ќе добие поголема минутажа во следната сезона доколку остане.