Ок е да сме нервозни после синоќешниот нерешен резултат, посебно имајќи ги во предвид шансите кои Реал ги имаше, но ете среќата не не посака. Само ме нервира тоа што после секој кикс (оти во Шпанија и нерешеното се смета за кикс) некој фанови на Реал вртат капа и веднаш почнуваат муабети кои ми личат на улизување и упикување на Фарселонските фанови, се со цел да избегнат реметење на крај ако по некоја случајност Реал не ја освои Лигава.
Јас сум презадоволна од играта на нашите синоќа. Милиони шанси, милиони пречки, само уште малку среќа ни фалеше за да се се заврши добро. Рака на срце, убава игра и од Валенсија, убави шанси и од нивна страна, ама комплетниот впечаток е дека синиоќа Реал доминираше и заслужи да земе три бода.
Гледам се буните и за изјавата на Каранка. Па сосема коректна изјава дал човекот. Судиите имаат двојни аршини, тоа е факт.
Да имаше старт над некој играч на Барса ист како стартот над Роналдо, ќе беше пенал 100 %. Исто така имаше едно влечење за дрес при изведување на корнер, што не беше санкционирано, а добро знаеме дека на Барса за такво ,,влечење,, и беше досуден пенал во ЛШ. Исто така гледам дека сите се напалија на ситуацијата со Пепе, а речиси никој не ни спомна за ситуацијата со Ди Марија, каде што играчот на Валенсија мораше да добие директен црвен картон, или во најмала рака жолт, ама за чудо немаше ништо. Па се прашувам што ли ќе беше ако така изреагираше некој играч на Реал? Ма да, веднаш ќе почнеа муабети дека реаловите играчи се животни, дека не играат туку се тепаат итн итн.
Главите горе, сеуште сме на врвот. Разликата се топи, ама сеуште имаме плус 4 бода. Точно е дека титулата ни виси на конец, ама од друга страна пак се е во наши раце. Не зависиме од кикс на Барса.