Во овие две години откога е дојден Мурињо научив неколку работи во неговата работа.
Од играчите бара 100% залагање и не поднесува легачи и оние кои не се трудат. Така беше и со Педро Леон.
Нури Сахин беше повреден но се опорави, одигра неколку натпревари но некои работи ми се чудни. Не сум го видел да влегува во последните минути кој знае од кога. Се прашувам дали и тој е можеби од оние играчи кои не работат доволно, голем проблем е и што подолго време беше надвор од теренот, исто така проблем е и што е нов играч и одиграл само неколку минути.
Реал мора да игра на сигурно, секој натпревар во Примера мора да биде добиен, во ЛШ има уште помалку заебанции. Судејќи по се Сахин до крајот на сезоната ќе одигра уште помалку минути него ли досега. Тоа би можело да биде проблем, една година без вистински фудбал би можела да биде погубна за него.
Млад е и има време но конкуренцијата во Мадрид е огромна и притисокот за победите е голем. Се надевам дека Нури е борец и класа затоа што ако не ги искористи ни најмалите шанси кои ќе му бидат понудени брзо ќе биде заменет со нов играч.
Башка и Мурињо изјави дека ќе смета на него и дека не сака да изгуби таков квалитетен играч, али до крајот на сезоната нема да добива толку шанса колку што ние очекуваме. Можеби звучи малку глупо, затоа што Сахин е целосно опоравен, али Мурињо додаде дека помалку ќе го користи затоа што не сака повторно да изгуби некој играч подолго време само поради некоја глупа повреда. Затоа од наредната сезона во полн ритам.