На страна што Карло со играва е ко воденичко тркало, на екипава мислам дека и фали лидер, она што беше лани Роналдо кога го вадеше реал од гомна у 90 та минута на неколку утакмици. Мислам дека моментално нема таков играч во Реал. Бејл го претворија у машина која знае само да нафрлува по десна страна и чат пат по некој атрактивен пас да напраи. На Бензема му е толкав капацитетот. Иако необјасниво ми е во најдобриот клуб на светот да игра шпиц кој не знае да прими топка, губи посед секундарно чим ја прими, нема контра а да не ја усере или успори у најдобар случај. Роналдо си е приказна за себе, изгубен е тотално, сезонава е само просечен играч. Освен да изнуди пенал и зицери да гаѓа, еве и без топка да игра (до душа кога игра реал против вакви одбрани се губи тоталка) не се истакнува ама по ништо друго, мислам за таа плата што ја зема ова лето не ама наредното и он ќе пакува куфери. Криви се сите, ама мислам дека Карло е најкрив, а што е најбоље негов заменик ќе биде Зидан. Мерак ми е еднаш у Реал да дојде тренер што ќе им ебава матер, нема да трпи ни авторитети ни ништо. Тренер кој ќе знае да им ја темпира формата, да се знае кога ќе гризаат ко кучиња и ќе трчаат ко последно да им е на било кој дел од теренот а кога да убацат у помала брзина. Ако не Клоп бар Пако Хемез. Моја прогноза е дека Реал годинава ќе остане без титула, а Анчелоти ќе го плати тоа со работно место.