Од готово вересија денес. Баш лагано си ја почнавме утакмицата, добивме и пенал само да го реализиравме и ќе си свиркавме ама зашто да биде просто кога може да биде сложено?
Прва грешка на Карло денес беше Иљараменди. Му се тресеа ноџињата на кутриот еден пас не даде, а купен е за да му бил замена на Алонсо. Смешки. Втора грешка беше калкулантскиот пристап уште од првата минута, место да се излезе да даде гол време се чуваше уште непчната утакмицата, впрочем и затоа беше извадена најдефанзивната можна постава, за да се игра на посед ама со слепец како Иљара кој не може пас да даде на 2 метри не може да се игра на посед.
Глупостите во првото полувреме почнаа и завршија со Иљара. Прва негова кардинална грешка, кога не успеа да ја загради топката за да излезе во гол аут, Левандовски ја извади до Ројс и овој до Микитаријан кој промаши цел гол од 6 метри. Втората грешка беше за првиот гол на Дортмунд од Пепе, како секогаш дезориентиран на, на 30 метри од Касиљас планираше со глава да ја враќа, секоја чест. Третата грешка повторно од Иљара, како може среден играч да даде онаков пас не ми е јасно. Во првото полувреме позиционо се браневме солидно, Дортмунд само ги искористи грешките и ништо повеќе, ни една акција не направија.
Второ полувреме, очекуван потег беше замената Иско за Иљара. Со што Иско отиде на крило а Ди Марија во средина. Првите 15 минути ништо не играа ни тие, а ни ние. После следуваа две наши шанси кои не ги искористивме(посебно таа на Бензема). Секако по ова се знаеше дека ќе бидат долги тие 30-тина минути. Ди Марија беше доста слаб денес, што и беше за очекување со оглед на тоа дека изгубил на тежина после болеста и уште не е опоравен затоа и со него во средина бевме лоши и неповрзани. Тоа Дортмунд го користеше и дури на крајот имаа поголем посед од нас нешто што не е карактеристично за нив. Прв пат извиси одбраната после таа сто процентна шанса на Миктаријан кога тројца се залетаа на кај Ројс а го оставија Ерменецот сам и цела среќа што овој промаши празен гол. Подоцна направија уште 2 шанси од пинг-понг, нормално мора секој меч ова да се случи и цела среќа што Икер беше феноменален денес и најзаслужен за пласманот понатаму.
Сепак Дортмунд не е тим на кого нападот му е најсилно оружје, ги видовме истиве овие против Барселона не знаеа главата кај им е.
Најсветла точка денес како што реков беше Икер, веднаш по него Модрич пресече многу топки а и имаше супер асистенции кон нападот кои не беа искористени. Исто Карвахал и Коентрао беа солидни денес. Карвахал е одличен во последните 3-4 утакмици како напред така и назад и има огромен напредок од почетокот на сезоната, а Коентрао конечно сврза 2-3 добри партии. Да не го заборавам и Касемеиро, кој одигра солидно денес.