Добро. Сега треба да се смириме и да го проанализираме цел натпревар и да се најдат грешките.
Прво полувреме Реал беше подобар на теренот, вршеше пресинг, Барса често грешеше, почеток како од соништата, али промашивме шанса која можеше да го одлучи натпреварот. Роналдо можеше да го праша Валдес кај да му шутира, или уште подобро да му додаде на Ди Марија. 2 - 0 сигурно ќе беше недостижно за Барселона. Единствен играч од Барселона кој би го издвоил во првото полувреме е Меси. Иако многу од нас го пцуеме и секако зборуваме за него, сепак е бог. Заслужен е за двете шанси кои Барселона ги имаше во првото полувреме, еднаш не спаси Икер, вториот пат сјајно го проигра Санчес.
Второто полувреме веројатно би било многу полесно ако влезевме со 2 - 0. Мурињо веројатно ќе одеше на мирно затварање на натпреварот. Реал против Барселона ако сака да игра на победа предноста треба да ја направи до 60та минута, затоа што после тоа е многу тешко. И имавме шанси и за 2 - 1, али не ги искористивме, и после тоа Барса со голема среќа стигнува до 1 - 2. Играчите психички паднаа поради разочарувачкиот гол кој го примија, свесни дека можеа да водат. Ги навлече и заморот, падна концентрацијата и враќање немаше. Барса доби ветар во грб и конечно можеше да си ја игра својата игра. Можеме да му бидеме благодарни на Свети Икер што на крај беше само 1 - 3.
Барса може да се победи, али 60та минута е крајното време за да се направи предност затоа што играчите не можат 90 минута да вршат пресинг и да трчаат во контра. Барса имаше доста среќа, а Реал и среќа и несреќа. Така е во фудбалот, кога ги промашуваш своите големи шанси секогаш ти стигнува казна. Како што го истакнав Меси од Барселона, така ќе го истакнам и Роналдо од Реал. Роналдо ако сака да биде запамтен како добар играч мора да ги решава и важните натпревари. Тој е денеска директен кривец за поразот.
Роналдо е flop, нема дилеми тука. Неговите пропусти нема да ги набројувам, само ќе кажам дека го одигра еден од најлошите натпревари од кога е во Мадрид. И понатаму за мене е најдобриот играч во свет, али под некои други околности. Ќе го променам мислењето за него ако некогаш ја сруши Барселона, истото што Меси му го прави на Реал. До тогаш, не е убаво да му ги заборавиме 100те и кусур гола, али од тоа ништо повеќе не може да се каже за него.
Мурињо своето си го направи, иако пред натпревар го укривував стварно си ја заврши работата перфектно и одлично го постави тимот. Играчите дадоа се од себе, сите освен Роналдо, кој денеска тотално ме разочара, безвезни неуспешни соло продори. Секогаш го фалам и секогаш викам дека е најдобар, али тој е најдобар на свој начин, за да биде вистински најдобар мора уште повеќе да се докажува. Од остатокот на тимот, одбраната беше солидна освен киксот на Рамос на почетокот, не видов друга некоја поголема грешка, средниот ред исто. Посебно би ги пофалил Контрао и Лас, кои ме изненадија, позитивно. Контрао дури играше и десно, сите пофалби за него. Во повеќе наврати сјајно реагираа и ги спречија играчите од Барса. Ди Марија даде 150%, како и секогаш. Бензема дефинитивно најдобар, одигра мајсторски, баш онака како што треба. Играше како напаѓач, како поддрша, али заеби тоа кога Роналдо не беше заинтересиран за игра. Бензема да би бил играч на Барселона би имал по 30+ гола секој натпревар. Вистински ѕвер. Пофалби и за Икер, имаше неколку врвни интервенции.
Заслужена победа за Барселона иако беше лош натпревар. Кога малку подобро ќе размислам, последните натпревари помеѓу Реал и Барселона не ме воодушевија. Чудно, очекував спектакл.
Ист број на бодови, со натпревар помалце, не е лошо, така ? На крајот, мислам дека треба да останеме оптимисти и да веруваме во овој Реал. Барселона е подобра во меѓусебните натпревари оваа сезона, али се играат уште 23 натпревари оваа сезона. Кој што сака нека зборува, втор најдобар тим на светот сме, и ни фали малку, многу малку за да станеме прв. Овој натпревар можеше да заврши и 3 - 1 за Реал, али за несреќа не заврши така. Сега треба што побрзо да се заборави оваа вечер и да се мисли на натпреварот со Севиља, и враќање на чело на табелата.
Али и после се...
Como no te voy a querer ?