Granero (07.12.10 - press): Не секогаш оние од подолу добиваа шанси, сега добиваат. Нашата младинска школа нема за што да и завидува на онаа на Barcelona. Точно е дека сега они имаат добри резултати, но Real Madrid веќе помина низ таква фаза. Фудбалерите како Raúl, Casillas исто така заслужуваат Златна топка и ја немаат. Ако добро ги анализираат екипите, ќе видите дека во Primera División има многу играчи кои потекнуваат од нашата школа.
Тие што седиме на клупа секогаш сме подготвени за моментот кога ќе добиеме шанса, иако не играме многу. Иако утре имаме само формален натпревар, важно е да победиме поради престижот на клубот и почит кон фановите. Ги браниме боите на Real Madrid, сакаме да победиме. Не би разбрал кога некој играч би бил немотивиран да игра утре, без разлика на тоа што ништо не е во игра. Играме на Bernabéu, со дресот на Real Madrid и натпревар во ЛШ.
Рере е професионалец, еден од најдобрите одбранбени играчи во светот и голема личност. За него можам да кажам само добри зборови.
Поразот од Barcelona беше тежок. После таков пораз мораме да ја повратиме самодовербата. Затоа против Valencia ни беше потребна победа на било каков начин и победивме. Со таа победа почнуваме од нула, сега треба да ги повратиме добрата игра и способноста за давање голови кои ги имавме до пред поразот.
Секој натпревар кој го игра Benzema е краен тест за него. Он сака да игра и да го даде својот удел, како на последниот натпревар во ЛШ. Утре ако игра, сигурен сум дека ќе го направи тоа добро.
Имаме нова и добра екипа, тренер со престиж и имаме добри резултати оваа сезона во ЛШ. Сетоа тоа се додава на фактот дека Real Madrid секогаш е фаворит. Знаеме дека можеме да ја освоиме ЛШ, но мораме да одиме натпревар по натпревар.