Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.441
Поени од реакции
13.857


Морав да се оперирам за повторно да бидам број 1.

И составот кој се предвидува за вечер.

Касиљас

Арбелоа/Рамос - Карваљо - Гарај - Марсело

Кедира - Алонсо

Педро Леон - Каналес - Кристиано

Игуаин​
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
зошто го земавме карваљо?
-затоа што сите други дефанзифци што ги баравме цената им беше преголема!
8 мил се многу за карваљо?
-јас лично не мислам така,8 мил за дефанзивец од светска класа не се многу,иако е во залезот од кариерата,во следните две-три сезони може многу да помогне во освојување на титулите, а и според политиката на перез треба да знаете дека другата сезона 100% ќе имаме и друг нов дефанзивец или бек,така да не се грижете за староста на карваљо,сигурен сум дека уште во јануари реал ќе се договорат за трансфер на некој дефанзивец што ќе треба да не засили следното лето!!
а за иднината на клубот тука нема што да се зборува многу,имаме неверојатно млад тим ,и доколку перез не продава и купува секоја година како што е научен,тогаш играчите на реал ќе имаат шанса да се уиграат како што треба и да газат се пред себе!!
кај голманите само дудек квари просек,касиљас има уште мн сезони за играње на високо ниво!!
во одбраната пепе и арбелоа беа најстари со 27 години,сега карваљо квари просек..
во средниот ред најстар е е алонсо со 29 но на таа позиција можат да играат и постари играчи така да има уште 4 год мин да игра..
и во нападот е најстар роналдо со 25 год. така да во следните 5-6 години не ни требаат веќе играчи,со исклучок година во година да ги заменуваме играчите како карваљо,алонсо итн итн итн..
HALA MADRID
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
^ Ете ти го од Манга погоре.Пепе само не игра пошто е повреден,Ди Мариа играше многу за Аргентина и ќе го одмара,но ќе добие шанса во второ полувреме и еден од Арбелоа и Рамос,да не му дојде претешко на Серхио го изигра целиот натпревар против Мексико,ама нема гајле ѕвер е тој.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
^ Ете ти го од Манга погоре.Пепе само не игра пошто е повреден,Ди Мариа играше многу за Аргентина и ќе го одмара,но ќе добие шанса во второ полувреме и еден од Арбелоа и Рамос,да не му дојде претешко на Серхио го изигра целиот натпревар против Мексико,ама нема гајле ѕвер е тој.
Рамос не изигра ниту една минута против Мексико :)
 
Член од
28 јули 2010
Мислења
39
Поени од реакции
0
Реал ова лето потроши четири пати помалку во однос на минатото.
. 1281627501_1.jpg
Реал Мадрид минатото лето потроши четири пати повеке во одон на ова година.254 милиони евра е вклупната цифра која Реал Мадрид ја плати за засилувања со Кристијано Роналдо,Кака,Бензема,Албиол,Алонсо.Оваа година под водство на Мурињо клубот досефа доведе пет играчи - Рикардо Карваљо,Сами Кедира,Педро Леон,Ди Мариа и Серхио Каналес чиј трансфер е договорен пред прелазниот рок.Само Рикардо Кака е платен повеке од сите овие играчи донесени ова лето а до крајот на прелазниот рок има уште две недели.Од Клубот заминаа три играчи а од нив Реал не заработи ништо.Раул и Метцелдер како слободни играчи го засилија Шалке , во ист трансфер Гути го засили Бeшикташ.Се очекува заминување на најмалку два играчи од тимот а најблиску до заминување се Махмаду Диара,Дренте и Рафаел Ван Дер Варт кој не сака да седи на клупата а за него се заинтересирани Милан и Ливерпул.
Вреди да се спомене и податокот за потрошени пари на стопери откако клубот го напушти легендата Фернандо Ијеро.Осум стопери поминаа низ Реал Мадрид а само Пепе ги исполни очекувањата , додека од Гарај и Албиол сеуште е рано да се оценат.Освен на нив Реал голема супа потроши на Самуел,Вудгејт,Канаваро и Метцелдер но ниеден од нив не се наметна како стандарден во првиот тим.За осумте стопери Реал платил неверојатни 110 милиони евра а нив можете да ги видите на сликата

Извор:РеалМадрид-МК
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.441
Поени од реакции
13.857
На АС се шпекулира ултра дефанзивен состав за вечер, со Чаби, Кедира, Лас и Гранеро во првиот тим. :icon_lol:

--- надополнето ---









У Минхен..
 
Член од
27 јули 2010
Мислења
5
Поени од реакции
0
Отсутен бев некое време ... може ли да ми каже некој вечер у колку се играе утакмицата ... ? :smir:
 
Член од
9 декември 2008
Мислења
656
Поени од реакции
37
Отсутен бев некое време ... може ли да ми каже некој вечер у колку се играе утакмицата ... ? :smir:
Вечер е од 21:00.

--- надополнето ---

--------Касиљас---------
Арбелоа-Карваљо-Гарај-Марсело
-------Кедира-Чаби-----
Педро-Каналес-Роналдо
--------Пипита------

Според Марка.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Kaká (13.08.20 - Marca):
Се чувствувам добро после операцијата. Ја имам поддршката од семејството, мојата сопруга, син ми... нивната насмевка ми значи многу. Нема да играм долго време, но кога ќе се вратам ќе бидам во добра кондиција, а тоа е најважно за мене. Сега морам да чекам времето да помине, ништо друго не можам да направам. Тре...ба да бидам трпелив и да ја направам најдобрата рехабилитација. Во вакви ситуации треба да бидеш смирен, иако не е лесно.
Не верувам во лоша среќа. Има нешта во животот низ кои мораме да поминеме. Фудбалер сум и секојдневно сум изложен на разни ризици. Јас сакав да играм и тренирам со екипата, но ми се случи ова и морам да ја прифатам ситуацијата. Сега мир и сигурен сум дека во наредните месеци ќе научам многу.
Точно е дека се до Real Madrid бев здрав играч, немав повреди. Секогаш внимавав на физичката кондиција, затоа што во фудбалот тоа е основно. Секогаш се чував, но за жал последниот период беше многу тежок за мене, но тоа се нешта кои не можеме да ги зибегнеме.
Коленото ме болеше долго време, уште минатата сезона. Тоа секогаш им го кажував на докторите на Real Madrid и оние на Бразил. Но секогаш ги третиравме тие болки како последица од мускуларната неурамнотеженост од пубалгијата. Потоа откривме дека е нешто друго и се оперирав. Ова е првиот чекор кој ќе ме врати. Сега морам да работам многу за да се вратам во форма.
Играв со болки на многу натпревари, не само оние против Чиле и Холандија на СП, и на натпревари со Real Madrid играв со болки и не само во коленото, туку низ целото тело. Цело време мислев дека е тоа поради пубалгијата. Доктор Martens е одличен професионалец, но мислам дека претера малку со изјавите. Кажа дека не требаше да играм на СП, но професионалците кои ги има во репрезентација се способни да одлучат. Викаа дека Rivaldo нема да може повторно да игра фудбал и се случи спротивното, дури го освои и СП 2002, истото се случи и со Ronaldo и со други играчи.
Доктор Martens е одличен професионалец, но претера со изјавите и создаде паника. Прво, затоа што јас не сум одговорен за многу нешта кои ме опкружуваат. Јас не сум неодговорна личност, ако сум играл со тие болки тоа е затоа што сум одговорен и затоа што ми го дозволија тоа. Точно е дека операцијата е последица на тоа што играв, но не сум неодговорен.
Точно е дека играв повреден со Real Madrid и со Бразил, но тоа го направив за да и помогнам на екипата. И не се каам поради тоа, ги бранев моите екипи, сакав да им помогнам. Но дојде моментот да запрам. Можеш да криеш повреда некое време за да и помогнеш на твојата екипа и репрезентација, но не можеш да играш така две години.
Не е точно дека отидов на одмор без да го известам Real Madrid за повредата. Кога заврши СП имав една недела одмор, морав психички да се одморам. Поминав низ тешка сезона и тешко СП, со голем притисок врз мене. Морав да им посветам време на моите. Потоа татко ми беше во Мадрид и зборуваше со клубот, им кажа дека имам проблем со физичката кондиција и дека сакам да направам испитувања заедно со клубот, за да се увиди што ми е. Не сакав само да ми помине болката, туку да го решам проблемот од корен. Во Бразил 15 дена бев на испитувања, не само еден ден. Кога ги имав сите резултати во рака, зборував со клубот и се договоривме да се видиме во Л.А. за да одлучиме што ќе правиме. Таму се состанавме сите и докторите од Бразил, и тие од клубот. Потоа бевме кај еден американски доктор и за 48часа одлучивме да се оперирам. Тоа беше првиот чекор кој треба да ме врати на терен во добра состојба. Ако не се оперирав само ќе ги зголемев проблемот и агонијата.
Полемиките за мојата повреда секојдневно се зголемуваа, но не можеш секој ден да даваш објаснувања и да кажувам секој ден во која болница одам на испитување. Сега го кажувам ова за Marca и сите ќе знаат што всушност се случуваше. Одморот го поминав барајќи дијагноза, тоа го знаеше Real Madrid и немаше потреба никој друг да го дознае.
Знам за сите критики. Проблемот е што луѓето веруваат во тоа што не е вистина. Прво ме обвинија дека не играв со Real Madrid за да играм со Бразил, и не е вистина. Потоа го променија мислењето откако го видоа СП, но се уште ме критикуваат. Сега викаат дека не сум професионалец, дека си отидов на одмор без да го известам клубот за повредата и не е точно, не бев на одмор, бев на испитувања. Сакам луѓето да сфатат дека поминувам низ тежок период. Знам дека за клубот ова е комплицирано, бидејќи вложија многу за еден играч, разбирам дека фановите се лути зошто сакаат да ме видат на терен, но јас поминувам низ најтешкото. Не можев да играм како што сакам, ни да докажам кој сум, ни да тренирам..... Среќен сум што сум овде, но ситуацијата е тажна. И јас сум тажен, никој не може да замисли колку јас страдам.
Многу денови мината сезона ги поминав тренирајќи наутро, попладне и навечер, само за да се вратам во форма. За секој играч е важно да игра на СП, не само за Бразилците. Вие кои бевте во Ј. Африка знаете дека тоа е единствено првенство, не се споредува со ништо. Но не работев само за Бразил, работев и за Real Madrid. Тука дадов се за да не ги разочарам луѓето. Играв повреден, работев многу..... зошто имав обврска кон Real Madrid и кон самиот себе.
Вербата, семејството и пријателите ми помагаат многу во овие тешки моменти. Морам да се однесувам зрело во вакви моменти.
Клубот секогаш беше на моја страна. Mourinho беше многу близок и ми кажа дека ќе ми помогне да се вратам на врвот, ми даде голема поддршка. Мислам дека повторно ќе бидам број еден. Дене с е тешко тоа да го кажам, но верувам дека ќе успеам во Real Madrid, убеден сум. Но прво морам да работам напорно. Прво сум на физиотерапија по 5 саати на ден, потоа поактивно и повеќе.
Со пубисот се е под контрола. Се надевам дека ќе заборавам на сите болки кои ме ограничуваа.
Florentino ми порача да бидам смирен и да се опоравам за да се вратам во најдобра форма. Од клубот секогаш се однесуваа добро према мене, а можеа да реагираат на друг начин, но ми дадоа голема поддршка и беа трпеливи.
Real Madrid е еден од клубовите на мојот живот. Мислам дека играв во најдобрите клубови, Milan, Real Madrid и не сакам да играм на друго место. Мојата историја со Real Madrid почна пред да дојдам, прво во 2002 кога играв на натпреварот по повод 100 годишнината, потоа три години по ред се зборуваше дека ќе дојдам овде.... Секогаш бев поврзан со Real Madrid и затоа сега сум тажен зошто не можам да го дадам најдоброто од мене. Real Madrid е голем клуб, ниеден друг клуб не како Real Madrid.
Мило ми е што моите фанови ме поддржуваат, ги читам секогаш на twitter. На фановите на Real Madrid им кажувам дека на ова интервју зборував со срце, дека сум гладен за добар фудбал и титули. Сакам да сфатат дека не ми е лесно и дека ми треба нивната поддршка, ќе им возвратам за тоа.

Се молам многу, секогаш кога ќе можам, тоа ми помага. Библијата секогаш е со мене. Од Господ барам да ми даде трпение и многу сила. Тешко ми е, но како што веќе кажав тоа се работи низ кои мораме да поминеме. Морам да го извлечам позитивното од оваа ситуација
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Ај ако може кажете ми на кој програми на ТВ ке има пренос, али сите програми ако ги знаете.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom