Kaká (13.08.20 - Marca):
Се чувствувам добро после операцијата. Ја имам поддршката од семејството, мојата сопруга, син ми... нивната насмевка ми значи многу. Нема да играм долго време, но кога ќе се вратам ќе бидам во добра кондиција, а тоа е најважно за мене. Сега морам да чекам времето да помине, ништо друго не можам да направам. Тре...ба да бидам трпелив и да ја направам најдобрата рехабилитација. Во вакви ситуации треба да бидеш смирен, иако не е лесно.
Не верувам во лоша среќа. Има нешта во животот низ кои мораме да поминеме. Фудбалер сум и секојдневно сум изложен на разни ризици. Јас сакав да играм и тренирам со екипата, но ми се случи ова и морам да ја прифатам ситуацијата. Сега мир и сигурен сум дека во наредните месеци ќе научам многу.
Точно е дека се до Real Madrid бев здрав играч, немав повреди. Секогаш внимавав на физичката кондиција, затоа што во фудбалот тоа е основно. Секогаш се чував, но за жал последниот период беше многу тежок за мене, но тоа се нешта кои не можеме да ги зибегнеме.
Коленото ме болеше долго време, уште минатата сезона. Тоа секогаш им го кажував на докторите на Real Madrid и оние на Бразил. Но секогаш ги третиравме тие болки како последица од мускуларната неурамнотеженост од пубалгијата. Потоа откривме дека е нешто друго и се оперирав. Ова е првиот чекор кој ќе ме врати. Сега морам да работам многу за да се вратам во форма.
Играв со болки на многу натпревари, не само оние против Чиле и Холандија на СП, и на натпревари со Real Madrid играв со болки и не само во коленото, туку низ целото тело. Цело време мислев дека е тоа поради пубалгијата. Доктор Martens е одличен професионалец, но мислам дека претера малку со изјавите. Кажа дека не требаше да играм на СП, но професионалците кои ги има во репрезентација се способни да одлучат. Викаа дека Rivaldo нема да може повторно да игра фудбал и се случи спротивното, дури го освои и СП 2002, истото се случи и со Ronaldo и со други играчи.
Доктор Martens е одличен професионалец, но претера со изјавите и создаде паника. Прво, затоа што јас не сум одговорен за многу нешта кои ме опкружуваат. Јас не сум неодговорна личност, ако сум играл со тие болки тоа е затоа што сум одговорен и затоа што ми го дозволија тоа. Точно е дека операцијата е последица на тоа што играв, но не сум неодговорен.
Точно е дека играв повреден со Real Madrid и со Бразил, но тоа го направив за да и помогнам на екипата. И не се каам поради тоа, ги бранев моите екипи, сакав да им помогнам. Но дојде моментот да запрам. Можеш да криеш повреда некое време за да и помогнеш на твојата екипа и репрезентација, но не можеш да играш така две години.
Не е точно дека отидов на одмор без да го известам Real Madrid за повредата. Кога заврши СП имав една недела одмор, морав психички да се одморам. Поминав низ тешка сезона и тешко СП, со голем притисок врз мене. Морав да им посветам време на моите. Потоа татко ми беше во Мадрид и зборуваше со клубот, им кажа дека имам проблем со физичката кондиција и дека сакам да направам испитувања заедно со клубот, за да се увиди што ми е. Не сакав само да ми помине болката, туку да го решам проблемот од корен. Во Бразил 15 дена бев на испитувања, не само еден ден. Кога ги имав сите резултати во рака, зборував со клубот и се договоривме да се видиме во Л.А. за да одлучиме што ќе правиме. Таму се состанавме сите и докторите од Бразил, и тие од клубот. Потоа бевме кај еден американски доктор и за 48часа одлучивме да се оперирам. Тоа беше првиот чекор кој треба да ме врати на терен во добра состојба. Ако не се оперирав само ќе ги зголемев проблемот и агонијата.
Полемиките за мојата повреда секојдневно се зголемуваа, но не можеш секој ден да даваш објаснувања и да кажувам секој ден во која болница одам на испитување. Сега го кажувам ова за Marca и сите ќе знаат што всушност се случуваше. Одморот го поминав барајќи дијагноза, тоа го знаеше Real Madrid и немаше потреба никој друг да го дознае.
Знам за сите критики. Проблемот е што луѓето веруваат во тоа што не е вистина. Прво ме обвинија дека не играв со Real Madrid за да играм со Бразил, и не е вистина. Потоа го променија мислењето откако го видоа СП, но се уште ме критикуваат. Сега викаат дека не сум професионалец, дека си отидов на одмор без да го известам клубот за повредата и не е точно, не бев на одмор, бев на испитувања. Сакам луѓето да сфатат дека поминувам низ тежок период. Знам дека за клубот ова е комплицирано, бидејќи вложија многу за еден играч, разбирам дека фановите се лути зошто сакаат да ме видат на терен, но јас поминувам низ најтешкото. Не можев да играм како што сакам, ни да докажам кој сум, ни да тренирам..... Среќен сум што сум овде, но ситуацијата е тажна. И јас сум тажен, никој не може да замисли колку јас страдам.
Многу денови мината сезона ги поминав тренирајќи наутро, попладне и навечер, само за да се вратам во форма. За секој играч е важно да игра на СП, не само за Бразилците. Вие кои бевте во Ј. Африка знаете дека тоа е единствено првенство, не се споредува со ништо. Но не работев само за Бразил, работев и за Real Madrid. Тука дадов се за да не ги разочарам луѓето. Играв повреден, работев многу..... зошто имав обврска кон Real Madrid и кон самиот себе.
Вербата, семејството и пријателите ми помагаат многу во овие тешки моменти. Морам да се однесувам зрело во вакви моменти.
Клубот секогаш беше на моја страна. Mourinho беше многу близок и ми кажа дека ќе ми помогне да се вратам на врвот, ми даде голема поддршка. Мислам дека повторно ќе бидам број еден. Дене с е тешко тоа да го кажам, но верувам дека ќе успеам во Real Madrid, убеден сум. Но прво морам да работам напорно. Прво сум на физиотерапија по 5 саати на ден, потоа поактивно и повеќе.
Со пубисот се е под контрола. Се надевам дека ќе заборавам на сите болки кои ме ограничуваа.
Florentino ми порача да бидам смирен и да се опоравам за да се вратам во најдобра форма. Од клубот секогаш се однесуваа добро према мене, а можеа да реагираат на друг начин, но ми дадоа голема поддршка и беа трпеливи.
Real Madrid е еден од клубовите на мојот живот. Мислам дека играв во најдобрите клубови, Milan, Real Madrid и не сакам да играм на друго место. Мојата историја со Real Madrid почна пред да дојдам, прво во 2002 кога играв на натпреварот по повод 100 годишнината, потоа три години по ред се зборуваше дека ќе дојдам овде.... Секогаш бев поврзан со Real Madrid и затоа сега сум тажен зошто не можам да го дадам најдоброто од мене. Real Madrid е голем клуб, ниеден друг клуб не како Real Madrid.
Мило ми е што моите фанови ме поддржуваат, ги читам секогаш на twitter. На фановите на Real Madrid им кажувам дека на ова интервју зборував со срце, дека сум гладен за добар фудбал и титули. Сакам да сфатат дека не ми е лесно и дека ми треба нивната поддршка, ќе им возвратам за тоа.
Се молам многу, секогаш кога ќе можам, тоа ми помага. Библијата секогаш е со мене. Од Господ барам да ми даде трпение и многу сила. Тешко ми е, но како што веќе кажав тоа се работи низ кои мораме да поминеме. Морам да го извлечам позитивното од оваа ситуација