Мора да се навратам малце на тоа што го прочитав вчера за Игуаин и Меси на темава али имав работа немав време да пишувам. Значи и Меси и Игуаин си ја завршија работата како што треба. Меси играше како креативец на акцијата а не како тој што ја завршува (не ја има истата функција Меси во Аргентина како што ја има во Барса) додека Игуаин играше истурен шпиц односно тој што ја завршува акцијата и многу добро им идеше, се гледа и по резултатот. Некои викаа демек „Што Меси не даде ни еден гол“, а не гледаат дека Меси ги направи 98% од акциите, други викаа „Што Игуаин се му беше соџвакано, сите топки му дојдоа само требаше да шутне“, тоа му е работа на класичен истурен шпиц, да финализира! + ако е толку едноставно што не се најде некој друг на место на Игуаин, на пример Тевез или некој друг да дадеше некој од головите. Така да јас им давам 10ка и на двајцата, на првата утакмица малце ме изнервира Игуаин што исебичи неколку пати, а беа 100% голови ако подадеше али нема врска. За мене моментално се незаменливи во екипата на Аргентина Меси и Игуаин, опасна комбинација се, за Милито не можам да кажам ништо зошто не сум го видел како игра во составот на Аргентина асално. Иако е постов претежно за Аргентина се надоврзувам за дискусијата што беше на некоја од претходните страни.