Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.610
Поени од реакции
14.462
Кој црн Марсело бре, ќе му дојде пак Хесус Навас, ќе му го сврти паметот три пати, и пак сите ќе го пцуете. Има предиспозиции да биде еден од најдобрите леви бекови, ама сеуште не може да биде прв избор на таа позиција во Реал Мадрид. Арбелоа е одличен во одбрана, ама во напад е дрво невидено, а таквите бекови во Реал не успеваат. Мора да се купи класа лев бек, остајте настрана што Марсело последните неколку натпревари ги одигра на ниво.
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
^
Марсело малку да се зацврсти во дефанзива, да поработи летово повеке на тоа, за сезона-две со гаранција ке биде еден од најдобрите на својата позиција во цел свет. Со Роналдо по таа лева страна, за секој противник би биле вистинска опасност. Јас сум за он да се форсира се повеке и повеке. Ако не игра, како ке зајакнува и стекнува искуство ? :)
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
^
Марсело малку да се зацврсти во дефанзива, да поработи летово повеке на тоа, за сезона-две со гаранција ке биде еден од најдобрите на својата позиција во цел свет. Со Роналдо по таа лева страна, за секој противник би биле вистинска опасност. Јас сум за он да се форсира се повеке и повеке. Ако не игра, како ке зајакнува и стекнува искуство ? :)
На тренинзи и учејќи од Ешли Кол :D
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Штета што нема да дојде со неа :(

Анимацијава е :kesa:. Кај се разведе овој од неа ебати копукот. :)

Иначе тешко дека Челзи ќе го пушти лесно Ешли, Коларов е сигурен, 2-3 милиони плус-минус не е нeкој проблем. Или ќе си дојде у Јануари за без пари, и така сака да оди кај што е Мур. :)
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
^
Марсело малку да се зацврсти во дефанзива, да поработи летово повеке на тоа, за сезона-две со гаранција ке биде еден од најдобрите на својата позиција во цел свет. Со Роналдо по таа лева страна, за секој противник би биле вистинска опасност. Јас сум за он да се форсира се повеке и повеке. Ако не игра, како ке зајакнува и стекнува искуство ? :)
Нека го земе Карлос за приватен тренер :pos2:
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.610
Поени од реакции
14.462
Ќе има повреди, замор, слаба форма, сигурно нема сите играчи да бидат спремни во текот на целата сезона, ќе влева како замена, и то е то. Не може во тим во кој има класа играчи на секоја можна позиција, да се експериментира на една од клучните позиции, лев бек. Башка и млад е сеуште, има уште многу време да созрева. А за тоа дека ако игра нон-стоп и според тоа ќе биде најдобар лев бек во иднина, треба да се стави еден голем прашалник, затоа што никој не знае што ќе биде со него во иднина, можеби ова е најдоброто нешто што може да го пружи.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Најдобро за него, а особено и за тимот е Марсело да биде замена за левата страна. А со Мур и ако се покаже добро, сигурен сум дека ќе му даде шанса :)
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
Интер не го пушта Мурињо, Перез итно одлета за Милано

Преговорите запнаа околу отштетата, но трансферот не е доведен во прашање
Трансферот на Жозе Мурињо беше готова работа. Но, изгледа ситуацијата се искомплицира поради висината на отштетата. Во четвртокот за тоа преговараа потпретседателот на Интер Риналдо Челфи, спортскиот директор Марко Бранка и менаџерот на Мурињо, Хорхе Мендес. На состанокот беше и емисарот на Реал Жорге Анхел Санчез. Преговараа за опциите при раскинот на договорот. На крајот не се усогласија и трансферот, како што пишуваат медиумите во Шпанија, е успорен, но никако не е доведен во прашање. Свое итно доаѓање во Милано најави и претседателот Флорентино Перез, кој ќе се обиде да ја заврши работата до крај.

„Мурињо ќе потпише во вторник. До понеделник тоа ми изгледа невозможно“, изјави спортскиот директор на Реал, Хорхе Валдано.

Мурињо веќе ги спакува куферите, а Интер бара негова замена. Се споменуваат разни имиња, како Ван Гал, Гус Хидинк, Рафа Бенитез......

Додека Интер бара тренер, Жозе бара засилувања за Реал: „Преферирам игра со офанзивни бекови како Маикон и Ешли Кол. Би сакал и играчи како Франк Лампард и Стивен Џерар, кои се сјајни и секогаш го даваат максимумот. Во своите 30 години тие се во завршната фаза од своите кариери, на нив нема да заработите, ама ќе одиграат две три сезони на високо ниво па инвестицијата ќе ви се исплати“, полека ги открива своите желби Мурињо.

Ниту една од трите наведени ѕвезди не чини помалку од 30 милиони евра. „Реал ќе игра напаѓачки и ќе биде победнички тим. Ниту еден тренер пред мене не ги освоил титулите во Англија, Италија и Шпанија. Јас сакам да станам прв“, искрен е Мурињо.

А искрен е и Кака. Тој не крие дека има страв од доаѓањето на Мурињо. Бразилецот имаше слаба прва сезона во Реал, а смета дека кај Португалецот може лесно да седи на клупа, иако е платен 56 милиони фунти. Италијанците дури тврдат дека Кака веќе разговарал со Карло Анчелоти, со кого веќе работеше во Милан, за да прејде во Челзи.



КОЈ ... Е ОВА СЕ????!!!
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Еј престани бе да постираш стари вести, и сите ги знаеме 24фудбал и спортденес не мора да не информираш за нивните статии. Овде на форумов постираме информации 12 часа пред било кој медиум во мк ебаате
 
Член од
25 ноември 2008
Мислења
1.026
Поени од реакции
682
Член од
10 декември 2009
Мислења
534
Поени од реакции
87
10-те “правила“ на Mou.....
1. Лидерство – Мора да заработува барем колку и најскапо платениот играч во екипата., никој не смее да биде над него. Авторитет е само он и тоа го пишува на секој ѕид во соблекувална.
2. Екипа – Секогаш работи со луѓе во кои верува. Rui Filipe Da Cunha (кондиционен тренер), José Manuel Ferreira de Morais (технички помошник) y Silvino De Almeida Louro (тренер на голмани). Нема само помошник тренер. Кој ли ќе биде? Некој “поранешен“ играч на Real Madrid, сигурно. Можеби Raúl?
3. Работа – Дисциплината е светост за Mou. Играчот кој ќе задоцни на тренинг и ќе се сокрие во сала знае дека во недела нема да игра, тоа е правило. Или ќе тренираш цела недела или си надвор од екипата без разлика како се викаш.
4. Подготовка – Ги зближува играчите со музика. Во Chelsea ги терал играчите да изберат една песна и таа песна ја пееле во хор пред секој натпревар. Задолжителна концентрација на играчите во хотел пред натпреварите, без фанови, автограми, без посети и без алкохол.
5. Медиуми – Ужива во прес конференциите. Го обожава тоа и не му е важно дали ќе се зборува само за него, смета дека на тој начин ги заштитува играчите од притисокот. Не дава многу интервјуа. Опсесија му е фудбалот и 24 часа на ден ја анализира својата работа.
6. Тренинзи – Интензивни тренинзи. Сака тренинзи и наутро и попладне, сака играчите да работат 8 часа дневно. Сака играчите да уживаат на тренинзите, колку и да се напорни. Не сака лошо расположение, ни здодевност, 90% од работата на тренинзите е со топка. Топката е најважна. Најмногу сака да работи на тоа како играчите да излезат од притисокот на ривалот за да не ја изгубат топката.
7. Тренинзи зад затворени врати – Не сака новинарите да присуствуваат ни 15 минути на тренинзите. “Екипата работи во текот на неделата за да победи во недела. На тренинзите се оценуваат играчите“.
8. Видео – Пред секој тренинг подготвува DVD за секој играч посебно за да секој ги види карактеристиките на ривалот од различен аспект. Не му бега ниеден детаљ.
9. Разговори – 24 часа пред секој натпревар разговара со секој играч посебно по 6 до 8 минути. Секој играч мора да се чувствува ценет од тренерот и да разбере што се бара од него за тој натпревар.
10. Управување – Не прифаќа играчи кои он лично не ги одобрил. Соработува директно со спортските директори на клубот, но он го има последниот збор за секој играч.
 

Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.978
Поени од реакции
143
122mx.jpg

:icon_lol::icon_lol::icon_lol:

P.s. Што е тоа на дресот на Чави Алонсо... 3 Days Left.... Што уште 3 дена?
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
Баш ме интересира каков ќе биде дресот за следната сезона.....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom