Гледам повторно се вртат шпекулации за Маикон. Еве зошто јас мислам дека тој е добро засилување.
Маикон многу подобро ја покрива таа десна страна и во офанзива и во дефанзива, затоа што е многу брз, и има добар осет за позиционирање, затоа што на таа позиција игра цела кариера.
Има добар дриблинг, и лесно знае да направи продор, а центаршутот и шутот му се на поголемо ниво од Рамос, затоа што ако сте приметиле, Рамос пред да направи центаршут, се мести долго, губи многу време на тоа, а и противничката одбрана ќе има време да се консолидира.
Рамос многу брзо се заморува, затоа што некогаш без потреба оди во напад, а очигледно е дека касни во одбрана, тогаш кога има контра тој нагло се враќа во назад, и ако сте забележале многу пати таа десна страна останува празна, и Рамос одеднаш се појавува.
Рамос најдобро игра на позиција централен бек, затоа што има добар скок, и е силен во дуели кога ќе се постави, а ја има и потребната сигурност за еден стопер.
Тоа изгледа го воочи и сегашната управа, видоа дека Рамос игра многу подобро на позиција централен бек, па сега се почесто игра таму. Да се потсетиме, и еден Капело кој е голем стручњак во поголемиот дел од сезоната го играше Рамос како централен. И затоа Реал сега се интересира за Маикон, затоа што е многу потребен.
Со евентуално донесување на Маикон или на билo кој друг десен бек, ќе настане гужва во одбрана, Пепе, Рамос, Албиол, Гарај, сите се одлични оваа сезона. Но, Гарај би прифатил да седи на клупа, затоа и беше донесен, на Пепе ќе му треба време да се врати во старата форма, така да тие четворица нон-стоп ќе ротираат, и кој пар ќе се покаже најдобар, тој ќе игра.
Кога се зборува за позиција лев бек, мојот избор е Коларов од Лацио, затоа што реално Ешли Кол тешко да си замине од Челзи, едино Шерил ако не го предомисли.
Исто така и
Давид Луиз е добар за позиција лев бек, кој се смета за еден од најдобрите дефанзивци во Португалија.