Намерно не се впуштив во дискусија претходните денови после поразот( болниот ) од Лион, чекав да видам како ќе се одвива натпреварот со Ваљадолид, па да дадам свое мислење за се што напишавте вие на форумот.
Прво, внимателно ги прочитав сите постови и неможам да се начудам колку луѓе забегале во овој фан клуб (со исклучок на одредена група, кои навстина ги ценам), што би рекол јас тоа се сезонски навивачи, а не вистински. Тие навиваат само кога Клубот игра одлично ( не добро ), ќе навиваат за Кики, Кака, Бензема, Раул или ИГУИН само кога овие ќе блескаат и даваат голови ( а не кога се залагаат).
Училиво ги замолувам сите што не навиваат вистински за РЕАЛ МАДРИД барем да не го омаловажуаат неговото име.
Нели ве срамота да пишувате такви работи (со исклучок на одредени момци) за играчот кој е НАЈДОБАР оваа сезона во Клубот и вистински се залага за неговиот Грб. Игуин бил ваков, бил таков само затоа што промаши една топка во еден натпревар (вистина се покажа како нај клучна во целата сезона), нодечкото сигурно тоа не го направил намерно и тој е само обичен смртник и тоа може да му се случи на секого (па Тери промаши пенал за титула, па тоа незначи дека е клошар).
Не треба да се гледа дали играчот е добар и игра добро по тоа колку голови, туку тоа колку се залага за боите на Клубот. Според мене тоа критериумот за вистински играч.
Второ, сега малце ќе се осврнам на претхоните два натправара.
Против Лион Реал не испадна на Сантиаго Бернабеу, туку во Лион, Прво бидејќи таму не оствари добар резултат кој ќе беше во негова полза и второ, поради вториот жолт картон и неиграњето на Чави Алонсо, оваа моја констатација синоќа ми се потврди. Затоа што со играта што беше поставена во второто полувреме од страна МП, ви гарантирам дека да беше Чави Алонсо Реал немаше да прими гол од Лион и ќе му дадеше барем уште еден, Нели гледате дека оваа сезона Алонсо е главната карика во средниот ред (кога тој игра, Реал ГАЗИ), можеби тој изгледа неприметен, но е многу корисен и многу полесно играат Кики, Кака и Игуин. Тоа се покажа и вчера Реал поведува без никаква игра, потоа МП прави полузатворена игра и го уништуваат противникот.
Според мене, против Лион нема виновник, туку причината е таа што немаше кој достојно да го замени Алонсо.
Секоја чест на играчи за синоќешниот натпревар не за играта туку за менталното однесување на теренот. По таков болен пораз да излезеш со таква самодоверба СЕКОЈА ЧЕСТ.
Заклучок, ЗА КЛУБОТ НЕ СЕ НАВИВА, ТУКУ КЛУБОТ СЕ САКА
HALA MADRID!!!
SIEMPRE MADRIDISTA