Фан Клуб РК "Прилеп 2010"

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.242
Поени од реакции
19.455
Во новата сала, за Тутунски немаме толку пари да му даваме на Џорџ :D

Јас мислам и Работнички ќе бидат кандидати за испаѓање заедно со Преспа и Куманово, сите се млади деца, Тинекс ваљда ќе се спасат некако а Охрид ми изгледаат поопасни од Радовиш, би требало доколку изиграат добро да си обезбедат секако плеј-оф.
Поубо во новата,ново си е ново....
Како тргнала работата во Пелистер можи ние ќе се бориме за 5-8 место,полека полека сите играчи за заминаја......:ROFLMAO:
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
како беше играта со охрид ?
Средно-мизерно :D.

22-22 заврши утакмицата, Колев и Менде Божиноски се отепаја од бранење, можи и зато така изгледаше дека не играја како шо треба двете екипи. Конкретно за нашава екипа ок беше како за прва утакмица, победата ни се слизна од раце во последните секунди. Рано е да се кажи дали имаме шанси да влезиме во плеј-оф, плус почеток на сезона е, ама според денеска прикажаното не сме лоши и дефинитивно не сме за испаѓање, ама има уште многу простор за напредок.

Слободно прашај ако те интересира за нешто или за некој играч конкретно нешто :D.
 
Последно уредено:
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.965
Поени од реакции
1.240
Средно-мизерно :D.

22-22 заврши утакмицата, Колев и Менде Божиноски се отепаја од бранење, можи и зато така изгледаше дека не играја како шо треба двете екипи. Конкретно за нашава екипа ок беше како за прва утакмица, победата ни се слизна од раце во последните секунди. Рано е да се кажи дали имаме шанси да влезиме во плеј-оф, плус почеток на сезона е, ама според денеска прикажаното не сме лоши и дефинитивно не сме за испаѓање, ама има уште многу простор за напредок.

Слободно прашај ако те интересира за нешто или за некој играч конкретно нешто :D.
Се чуствува ли дека во екипата имате евролигашки играч ?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Се чуствува ли дека во екипата имате евролигашки играч ?
Ако мислиш на Мојсоски, воопшто не се ни приметува дека е дојден. Премногу е мирен, повлечен, иди на тренинг, сработува то шо треба без глас и си заминува. За во играта се чувствува да, се гледа дека има премногу искуство и знаење и стварно придонесува многу и носи нешто што премногу ни фалеше на десно крило.
 
Член од
11 јануари 2014
Мислења
489
Поени од реакции
757
Што играч е овој Јован Талевски, ќе свири свирка од него или вечен талент ќе си биде? Додека играше во младите категории во Вардар ако не се лажам, имаше некои најави дека станува за многу квалитетен играч, ама некако детето ми е премногу влезено во филм а и не покажа ништо посебно со младинската репрезентација.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Што играч е овој Јован Талевски, ќе свири свирка од него или вечен талент ќе си биде? Додека играше во младите категории во Вардар ако не се лажам, имаше некои најави дека станува за многу квалитетен играч, ама некако детето ми е премногу влезено во филм а и не покажа ништо посебно со младинската репрезентација.
Засега одлично се покажува....сосема ги оправдува муабетите дека е врвен талент. Во стилот на игра е сличен на Миркуловски, пошто нема некоја огромна висина, ама има сосема солидна снага и брзина. На утакмицата со Охрид покажа дека може да се носи и како лидер на екипа со 10 години повозрасни играчи од него. Треба само работа со него и верувам дека ќе биде редовен репрезентативец во иднина.

А тоа дека е влезен во филм е сосема нормално, плус и на неговата возраст. Многу полоши играчи од него се воздигнувале до небо себеси, Јован барем има причина за тоа :)
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Прилеп 29 - 28 Металург Јуниор

Добро е тргна работата после поразот од Работнички :D. Прво и основно, посељачка екипа од Металург немало и ќе нема. Децава од Јуниор се дотолку зафилмани дека се ракометни старлети што мислат дека самото име Металург ќе победува. Глумење, фрлање, правење пируети по терен, Барселона не им е рамна. Посебно Манасков мали, ау кој глумец и провокатор е. Три пати глумеше фаул, три пати буквално во фаца му се ставаше на судијата за да му објасни дека било фаул, што преку тасета му дојде на судијава и го исклучи две минути. Рипна цела клупа на Металург, Јовиќ зеде да се кара со судиите, му дадоа и него и две минути и античките се повлекоа во соблекувална навредени од таквата одлука :pos::pos::pos:. Кој резил човече, на утакмица во Супер лига ја повлекуваш екипата. Цела сала урликаше против нив, ама изгледа размисли Јовиќ што глупост направи, па за 5 минути се вратија од соблекувална и Јовиќ си заработи црвен картон за испадот :pos:.

Голманите скроз индиспонирани на утакмицава, да беше Менде расположен како со Охрид немаше толку тесно да биди, плус зицери промашени, грешни подавања, имаше од се. После утакмица Јовиќ се бунеше кај судиите дека многу грубо сме играле, старлетите негови не биле научени на таков ќотек:pos:. Нашиве играчи ко за инает, знаеја дека се такви и маваа со сета сила - боксови, тупаници, лакти, цела плејада на удари имаше, вкупно 12 минути исклучување и многу многу модрици за старлетите :icon_lol:. Смешното е што старлетите глумеа груби фаули на најнормални фаули и обични допири, а кога ќе беа здрвени здраво, молчеа и со наведната глава признаваа добар фаул :D.

ПРИЛЕП - МЕТАЛУРГ ЈУНИОР 29-28 (15-15)
Сала на СОУ Р. Р. Ричко во Прилеп. Гледачи 800. Судии Игор Огненов и Александар Стефановски (Битола). Контролор Васко Дјаковски (Кичево).

ПРИЛЕП Божиновски (9 одбрани), Михајлоски, Ангеловски 4, Петкоски 3, Тодороски, Бозароски 6 (1/1), Локвенец, Јанески, Велески, Ѓорѓиески 8, Трајкоски, Мојсоски 3 (2/3), Стефаноски, Спасески, Талевски 3, Цветкоски 2.
Тренер Боро Чурлевски.
Седмерци 3/4. Исклучувања 12 минути

МЕТАЛУРГ 2 Даниловски (9 одбрани и седмерец), Блажевски (3 одбрани), Ставридис, Бој. Маџовски 1, Костески 7, Матијашиќ 1, Манасков 4, Бор. Маџовски 4, Крстевски 4, Гроздановски, Давитковски, Велковски 5 (5/5), Палевски 1, Бешлиевски, Маркудов 1.
Тренер Александар Јовиќ.
Седмерци 5/5. Исклучувања 4 минути.

Движење на резултатот
2-0 (2), 5-3 (8), 10-10 (20), 15-15 (30), 20-16 (36), 24-21 (43), 24-24 (48), 25-25 (51), 27-25 (54), 29-27 (59), 29-28 (60).

П.С. Вториот голман на Јуниор бранеше по шорцови, којзнае од кај го имаат свлечкано пред утакмица :pos:
 
Последно уредено:

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.242
Поени од реакции
19.455
Ништо и вие,си мислев дека ќе бидите сериозна екипа во лигата,ама изгледа сум згрешил....
Пораз од Работнички,одвај со Џуниорите....
Со оваа игра тешко дека ќе влезите во плеј офф....
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Ништо и вие,си мислев дека ќе бидите сериозна екипа во лигата,ама изгледа сум згрешил....
Пораз од Работнички,одвај со Џуниорите....
Со оваа игра тешко дека ќе влезите во плеј офф....
http://www.rkmetalurg.mk/metalurg-kje-reagira-za-nastanite-vo-prilep/
Пу,јазк да ви е...
Ги "претепавте"на Левче надежите...:гик:
Сега само шо го прочитав ова и сакав да го постирам :D. Балетани се тие, не се ракометари, не знам како мислат онака да играат понатаму ракомет, ама изгледа Миркуловски им е идол во глумењето :вонзем:. Се борат двајцата пикери на линија и пикерот од Металург од никаде буквално ласта се фрла во 6 метри и нормално судиите свират фаул и жолт картон. Ама, после увидоја дека уствари ги правата магариња децава и почнаа да толерираат груба игра и нормално им смета тоа на Минчовци, кај се тие учени да ги тепа некој, не е тоа ракомет :pos:.

А за екипата, според мене причина е малата ротација на играчи. Првата постава, плус двајца од клупа ги играат сите 60 минути и нормално е дека не можат 60 минути да играат врвно, ни Палмарсон ни Илич не играат 60 минути, а не па нашите играчи кои се веќе во години. Порано Орде многу ретко ја користеше клупата, пред се поради неискуството на младите, што му беше огромна грешка. Сега Боро нормално согледува дека никој од помладите нема насобрано искуство за да го фрли в оган во моменти кога се решава утакмицата, па приморан е да ги игра истите постојано. Да има некој 20 минути да ги одмори главните играчи на приближно исто нивно ниво, ќе биде сосема поинаку. Верувам дека Боро ќе работи со младите за да можат 5-10 минути да ги одморат постари, има време до крајот на сезоната.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.324
Поени од реакции
7.785
Дали Огненов и Стефановски неоправдано се високо казнети?
од З. · 17.10.2014






Откако судиите Игор Огненов и Александар Стефановски добија казни од ракометната федерација на Македонија по прегледувањето на снимките од натпреварот, негираат дека се виновни по член 123 од дисциплинскиот правилник при РФМ. Огненов доби една, а Стефановски половина година забрана за вршење на функцијата. Од видео снимката видливо е дека нема физички напад од судија кон официјално лице, како што стои во образложението. Напротив физички напад (туркање) има од тренерот на Металург Јуниор, Александар Јовиќ врз судијата Огненов. Битолските судии најавуваат жалба и апелираат заеднички да ја прегледаат видео снимката заедно со претставници на двата клуба и претставници на федерацијата, за вистината да излезе на површина. Огненов и Стефановски сметаат дека можеби наместо две минутна казна, двата исклучени ракометари заслужиле директен црвен картон, но не се согласуваат со казна врз споменатиот член 123. Веројатно немаше да има толку полемики доколку казната беше заради неквалитетна арбитража, одколку како во овој случај заради физички напад, кој никогаш и не се случил.


http://setaliste.com.mk/vesti/rakomet/дали-огненов-и-стефановски-неоправда/[DOUBLEPOST=1413622475][/DOUBLEPOST]Сега читав ова сторијава за Металург летале боксови, врска нема никакви физички напади немаше беше се во жар на играта.
 
Последно уредено:
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Победа на домашен терен против Тинекс со 24-22. Трети сме на табелата со 16 бода, се одлепивме од Охрид кој остана на 13, Металург Јуниор се втори со 18 и Струмица убедливо се први со 24.

Наредно коло се игра на гостински терен против Пелистер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom