Прилеп 29 - 28 Металург Јуниор
Добро е тргна работата после поразот од Работнички
. Прво и основно, посељачка екипа од Металург немало и ќе нема. Децава од Јуниор се дотолку зафилмани дека се ракометни старлети што мислат дека самото име Металург ќе победува. Глумење, фрлање, правење пируети по терен, Барселона не им е рамна. Посебно Манасков мали, ау кој глумец и провокатор е. Три пати глумеше фаул, три пати буквално во фаца му се ставаше на судијата за да му објасни дека било фаул, што преку тасета му дојде на судијава и го исклучи две минути. Рипна цела клупа на Металург, Јовиќ зеде да се кара со судиите, му дадоа и него и две минути и античките се повлекоа во соблекувална навредени од таквата одлука
. Кој резил човече, на утакмица во Супер лига ја повлекуваш екипата. Цела сала урликаше против нив, ама изгледа размисли Јовиќ што глупост направи, па за 5 минути се вратија од соблекувална и Јовиќ си заработи црвен картон за испадот
.
Голманите скроз индиспонирани на утакмицава, да беше Менде расположен како со Охрид немаше толку тесно да биди, плус зицери промашени, грешни подавања, имаше од се. После утакмица Јовиќ се бунеше кај судиите дека многу грубо сме играле, старлетите негови не биле научени на таков ќотек
. Нашиве играчи ко за инает, знаеја дека се такви и маваа со сета сила - боксови, тупаници, лакти, цела плејада на удари имаше, вкупно 12 минути исклучување и многу многу модрици за старлетите
. Смешното е што старлетите глумеа груби фаули на најнормални фаули и обични допири, а кога ќе беа здрвени здраво, молчеа и со наведната глава признаваа добар фаул
.
ПРИЛЕП - МЕТАЛУРГ ЈУНИОР 29-28 (15-15)
Сала на СОУ Р. Р. Ричко во Прилеп. Гледачи 800. Судии Игор Огненов и Александар Стефановски (Битола). Контролор Васко Дјаковски (Кичево).
ПРИЛЕП Божиновски (9 одбрани), Михајлоски, Ангеловски 4, Петкоски 3, Тодороски, Бозароски 6 (1/1), Локвенец, Јанески, Велески, Ѓорѓиески 8, Трајкоски, Мојсоски 3 (2/3), Стефаноски, Спасески, Талевски 3, Цветкоски 2.
Тренер Боро Чурлевски.
Седмерци 3/4. Исклучувања 12 минути
МЕТАЛУРГ 2 Даниловски (9 одбрани и седмерец), Блажевски (3 одбрани), Ставридис, Бој. Маџовски 1, Костески 7, Матијашиќ 1, Манасков 4, Бор. Маџовски 4, Крстевски 4, Гроздановски, Давитковски, Велковски 5 (5/5), Палевски 1, Бешлиевски, Маркудов 1.
Тренер Александар Јовиќ.
Седмерци 5/5. Исклучувања 4 минути.
Движење на резултатот
2-0 (2), 5-3 (8), 10-10 (20), 15-15 (30), 20-16 (36), 24-21 (43), 24-24 (48), 25-25 (51), 27-25 (54), 29-27 (59), 29-28 (60).
П.С. Вториот голман на Јуниор бранеше по шорцови, којзнае од кај го имаат свлечкано пред утакмица