Фан Клуб РК "Прилеп 2010"

Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Ви се погоди Чурлевски ...:)
Боро има големо ракометно познавање . Се гледа и по резултатите на Прилеп , од кога дојде кај вас.
Ептен....Боро е цар најискрено, теоретски е одлично поткован, а плус и како личност е супер, знае како да создаде хемија меѓу играчите, атмосферата е sky high моментално.
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.954
Поени од реакции
1.349
Со Зомимак во индустриско или во Универзална?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Со Зомимак во индустриско или во Универзална?
Универзална, сабота 19:00.

Само овој викенд ќе се игра таму, напролет преостанатите четири ќе си бидат пак во индустриското, па за плејофот најверојатно се селиме во Универзална :D
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
23-26 пораз од Зомимак.

Од почеток не тргна работата, 4-0 губевме во 7ма минута, избрзани шутеви, многу пресечени топки имавме.....цело време рутинирано, ладнокрвно си играа струмичани, од почеток се виде дека секако ќе ја добијат утакмицата. Да тргневме пофуриозно ќе беше понеизвесно, вака тесен резултат, ама утакмица без напнатост и еуфорија.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
23-26 пораз од Зомимак.

Од почеток не тргна работата, 4-0 губевме во 7ма минута, избрзани шутеви, многу пресечени топки имавме.....цело време рутинирано, ладнокрвно си играа струмичани, од почеток се виде дека секако ќе ја добијат утакмицата. Да тргневме пофуриозно ќе беше понеизвесно, вака тесен резултат, ама утакмица без напнатост и еуфорија.
Абе ништо не се посебно тие..
Работата е шо ние сме сеуште недоквакани како екипи....
Да имат Прилеп и Пелистер барем, 10 ина во ростер шо ќе можат да ротираат во поле ќе бидат на исто ниво со Струмица..
Разликата помеѓу Струмица и нас е шо имат поголем ростер,и широка клупа на искусни суперлигашки играчи...
Иначе не се ништо посебно...
 
L

Löwe

Гостин
Дада Прилеп денеска буквално со истата постава играше во напад цело време. 1 играч имаја за ротација мислам само и толку, на среден бек.
 
Член од
23 јули 2014
Мислења
575
Поени од реакции
111
Дада Прилеп денеска буквално со истата постава играше во напад цело време. 1 играч имаја за ротација мислам само и толку, на среден бек.
другите играчи за што се земени во тимот, за клупа. па нека ги пушти и останатите, секако утакмицата беше загубена уште на почетокот
 
L

Löwe

Гостин
другите играчи за што се земени во тимот, за клупа. па нека ги пушти и останатите, секако утакмицата беше загубена уште на почетокот
Кој да ги пушти бе брат? Шоко? ни 10% талент нема од таткому наследено. Од 5 години е во ракометот, ама џабе.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Полна салата а? @BilboBaggins
Крцкаше Тутунски денеска еве и на сликава се гледа и на оградата горе имаше голема гужва, седиштата сите до едно зафатени. За ротацијата во право си единствени замени ни се Кире за во одбрана и Јован со Бозаро кога се ротираат во напад. Треба да формираме заеднички клуб од Прилеп и Битола, една екипа сениори-стари волци да му ги мрсат сметките на Вардар и Металург и уште една со деца за да излегуваат играчи, РК Пелагонија да го крстиме :pos:.


П.С. Велко Маркоски беше на трибини денеска, дали е на повидок трансфер бомба после светското во Катар:icon_lol:?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom