Добар натпревар како за бодови со неколку шанси за нашите и гостите на крајот од првото полувреме и почетокот на второто полувреме имаше доста остри стартови посебно од велешани
Од составите моѓе да се кажи дека кај нас фалеја валентин кочовски и дарко илијески од клупата сите добија шанса на почетокот на второто освен торневски и момировски
Нашите имаа добри шанси преку пејаковиќ и хот како и преку најдобриот во првиот дел танушев исто мора да се спомене добрата игра на бојан кој ги покриваше грешките на бековите борха и бошевски(првиот дел играше бек) а второто усни сакам да речам поради бојан не примивме гол а човек ан натпреварот беше Сприкоски и одлично покриваше назад и поигруваше напред првото исто беше добар фазли ама ќе има мака во прва лига а најпријатно изненадување беше малиот мики талевски со 16 години првиот дел бранеше талески а второто трајчевски кој беше истот така добар како и талески
Од засилувањата може да се кажи од тие што играа дека танушев е најдоброто сега за сега засилување и разбира фудбал детето може да игра и амф цмф и ако треба дмф крилото црногорско пејаковиќ беше ок а хот немаше некоја можност да се покажи штета шо кочовски и дарко беа повредени ама на наредната мислам ќе играат
Друго да кажам дека ќе ни требаат барем упте два три играчи еден бек средина или крило како и напаѓач оти сега имаме само 11 играчи шо се вели зборот ќе немаме измени ќе треба да експериментираме со децата но мислам дека сме на добар пат
Стадионот по договорот треба да биди готов (трибината) за некој три четири месеци а дали че стигнат ќе видиме почнаа со поставување на покривот а за брзо ќе се среди и со рефлекторите оти вака на пеколот не се игра помошното е топ па ќе има добри услови за прва лига и честитки за првата победа и со среќа нека биди најважни ќе бидат првите неколку кола каде ќе мора да победуваме но ако се знае дека ќе се игра без публика ќе биди многу потешко да се оствари целта
Sent from my CLT-L29 using Tapatalk