Фан Клуб: Пелистер

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
Абе да му ебам све на овие џандарските пички.....бевме 2 автобуси или 120 души чкембари во прлилеп на почетокот не второто полувреме не избркаја да му ебам мајката...инциденти имаше јас со малку поминав само два шамари јадов ама некој јадоа и пендраци....столчината фелки му ги напрајвме..мајмуни резил беа отпрво беа 30 души па после згрмивме и ги разбудивме и дојдоа уште 20тина хехе.....а причината за нашето бркање мислам беше како што слушнав отпосле во автобусо демек Ацуле наредил на џандарите преку токи воки да не избркат за да не имало поголеми инциденти и како капак едниот автобус ни го пратиле горе на маркови кули демек и сите во еде автобус се накрцавме....и само после 10 минути од нашето напуштање победа даде гол да му ебам све на тој ацуле....чиста местенка изгледа беше...
 
Член од
21 август 2007
Мислења
295
Поени од реакции
8
Абе да му ебам све на овие џандарските пички.....бевме 2 автобуси или 120 души чкембари во прлилеп на почетокот не второто полувреме не избркаја да му ебам мајката...инциденти имаше јас со малку поминав само два шамари јадов ама некој јадоа и пендраци....столчината фелки му ги напрајвме..мајмуни резил беа отпрво беа 30 души па после згрмивме и ги разбудивме и дојдоа уште 20тина хехе.....а причината за нашето бркање мислам беше како што слушнав отпосле во автобусо демек Ацуле наредил на џандарите преку токи воки да не избркат за да не имало поголеми инциденти и како капак едниот автобус ни го пратиле горе на маркови кули демек и сите во еде автобус се накрцавме....и само после 10 минути од нашето напуштање победа даде гол да му ебам све на тој ацуле....чиста местенка изгледа беше...
120??? Немаше повеќе од 70. Автобусите не ви беа полни. Инаку употребивте големо количество на пиротехника да не речам петарди. И колку бедни сте вие кога гаѓате деца од 5-6 години со петарди во лице. Ејјјјј тоа беше само дете кое собираше топки и кое на сите вас ви е до колена. Зарем треба да остани без око и со трајни повреди заради тоа што сакате да изигрувате хулигани? Сила не се покажува на оние што не можат да пружат отпор. Инаку да...џандарите се пички
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
Бате тоа детето колку шо знам се смеша во гужвата не беше целта...колку шо памтам онај од прва помош сељакот шо беше шо сакаше да се тепа за него беа петардите....иначе од пиротехниката полата така ни остана и бакљи и бомби и петарди па кога се вративме ги запаливме....и не бевме во полн состав овај пат од возџите само два тројца беа иначе незнам шо ке се дешаваше....ама и не бевме толку за инциденти насторени.Џандарските пички многу не нервираја...ама то е сеа...
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
ГОЛЕМА БОРБА ВО ПЕЛАГОНИСКОТО ДЕРБИ СО ТРИУМФ НА ШАМПИОНОТ
Ѓоровиќ го собори Пелистер
*Напаѓачот на прилепчани со два гола е јунак на дербито, до него е Гешоски, кој двапати му асистираше. Пелистер во поголем дел рамноправен, можеше да стигне и до бод

Ѓоровиќ-Пелистер 2:1. Напаѓачот на Победа е јунакот на 52. пелагониско дерби во Прилеп во кое домашните славеа над битолчани освојувајќи три нови значајни големи бода. Со два убави погодоци српскиот интернационалец практично го собори и го "легна" на плеќи соседскиот ривал и му донесе на својот тим триумф за враќање на загубената самодоверба во последното есенско коло во овој шампионат и за враќање на шансите за излез во Европа. Марко Ѓоровиќ најдобро се снајде на покриениот со снег терен во Прилеп. Од четири шанси искористи две, и тоа кога беше најпотребно. Во 30. минута по додавањето на Гешоски, на велемајсториски начин го совлада Пашовски лобувајќи го од 20 метри во стилот на Аргентинецот Марадона. При резултат 1:1, кога на Победа не & одеше а Пелистер даваше најсилен отпор, а и крајот беше с$ поблиску, во 71. минута повторно Ѓоровиќ беше на вистинското место. Втрча во празно на центаршутот на Гешоски и Пашовски беше немоќен, а Пелистер поразен. Ѓоровиќ вторпат меѓу стрелците, Гешоски вторпат асистент.

Гостите не разочараа, напротив. Одиграа сосема солидно. Но се чини одлучи и желбата за победа на прилепчаните. Битолските фудбалери очигледно одеа на реми, во поголемиот дел од дербито не беа многу заинтересирани да нападнат. Поагресивни беа кога имаа негатива. Им успеа да израмнат, да се вратат во игра преку голот на младиот Главевски. Меѓутоа, по 2:1, иако имаше доволно време, не се заканија посериозно кон домашниот гол. И во тој период Победа беше таа која прокоцка неколку шанси за трет погодок. Ѓоровиќ имаше можност и за хет-трик, пак се обиде со лоб-удар како при првата и втората шанса, но топката отиде далеку над пречката. Сепак, и со двата погодоци стави печат на дербито. Малубројната публика не ги штедеше аплаузите кога тој го напушташе мечот пред самиот крај. С$ на с$, одлична партија на Ѓоровиќ, допадлива игра на двата лути ривала. Речиси без грубости и намерни прекршоци и што е најважно без спорни моменти. Три бода заслужено одат на контото на Победа, која сега на табелата се израмни со Пелистер, што е гаранција дека напролет ќе има возбудувања околу мртвата трка за горните места на табелата.

З. И.

ПОБЕДА - ПЕЛИСТЕР 2:1 (1:1)
Стадион
"Гоце Делчев" во Прилеп. Гледачи: 500. Главен судија: Владимир Кипријановски. Помошници: Марјан Кировски и Игор Ширилов (сите од Скопје). Делегат: Ангел Ташев (Неготино). Стрелци: Ѓоровиќ 30', 71' (ПОБ), Главевски 36' (ПЕЛ).
Ж. Картони: Тофилоски, Мегленски, Нацев(ПОБ).
Играч на натпреварот: Марко Ѓоровиќ.
ПОБЕДА

Тофилоски 2,5

Јовановиќ 2,5

(63' Ацески 2,5)

Капинковски 3

Дамевски 2,5

Обрадовиќ 2,5

Мегленски 3

Жилсон 2,5

Нацев 2,5

Маневски 3

(77' Мирчески /)

Ѓоровиќ 3,5

(89' Настоски /)

Гешоски 3

ПЕЛИСТЕР

2 Пашовски

2 Мицевски

2 Димов

2 Ставревски

2,5 Елмазовски

2 Рутевски

(/ Симоновски 77')

3 Тодоровски

2,5 Петковски

2,5 Блажевски

(/ Трифуновски 81')

2 Момировски

2,5 Главевски

Минута по минута...

6' - Маневски додава до Ѓоровиќ, овој лобува, но топката удира во пречката од голот на Пелистер.

23'- Гешоски краде топка, центрира до Нацев, кој со глава упати удар право во рацете на Пашовски.

25' - Тодоровски во празно го проигрува Блажевски, следи остар шут, но Тофилоски спасува погодок, со две интервенции ја смирува топката.

28' - "Кикс" на домашната одбрана, топката прелетува до Главевски, но следи негов силен и непрецизен удар крај дирекот.

1:0 - 30' - Гешоски правовремено додава до Ѓоровиќ, кој од дваесетина метри мајсторски лобува и топката паѓа зад грбот на истрчаниот Пашовски.

1:1 - 36' - Тодоровски со нова асистенција до Главевски, кој избегна офсајд-стапица и кога се најде пред голманот Тофилоски успеа да го мине, а потоа да пласира во празниот гол.

45+2' - Маневски свртува до Гешоски, овој е пред петерецот, но неговиот удар го блокира голманот Пашовски.

68' - Маневски се обидува атрактивно, со ножички преку себе шутира кон десниот агол, но Пашовски е внимателен и брани.

2:1- 71' - Гешоски се затвори по десната страна, опкружен со двајца противнички игра, но, за чудо, успева да центрира. Топката го префрлува голманот Пашовски, а пред гол-линијата натрчува Ѓоровиќ, следи удар со глава и голманот на Пелистер е немоќен.

75' - Ѓоровиќ добива топка на 18 метри, се одлучува на лоб-удар бидејќи Пашовски е малку подизлезен, но топката оди над пречката.

90+3' - Елмазовски силно шутира од далечина во последен обид за израмнување, но топката лета над пречката од домашниот гол.
Јовановиќ на носилки

Десниот бек на Победа, Миодраг Јовановиќ предвреме го заврши дербито. Тој се повреди при еден жесток дуел со Ставревски во 61. минута. Екс-репрезентативецот на Македонија немаше никакви последици, но првотимецот на Победа не можеше да продолжи, веројатно доби сериозна повреда. Тој беше изнесен на носилки и заменет со младиот Ацески.

"Чкембарите" побројни од "Мајмуните"

Фудбалерите на Пелистер на вчерашното дерби имаа поддршка од околу стотина навивачи, членови на навивачката група "чкембари". Малку необично, но тие беа побројни од колегите на спротивната страна, домашните навивачи "мајмуни". Сепак, гостинските фанови рано си заминаа од стадионот, на половина час пред крајот на средбата, така што на трибините останаа само "мајмуните" и околу 300 други домашни гледачи.

ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ:

НЕЏАТ ХУСЕИН

"Одлично дерби на тешкиот терен за игра. Во првото полувреме имавме и резултат и контрола врз играта. Дури создадовме и шанси за водство. Сликата се измени во продолжението, кога настапивме позатворено. Сметам дека сме поразени од свои грешки. Особено скапо н$ чинат 'киксовите' во одбраната"- изјави тренерот на Пелистер, Неџат Хусеин.

Sliki i klipoj
http://img86.imageshack.us/my.php?image=dsc00974uw6.jpg
http://img514.imageshack.us/img514/4829/pobpel1rv0.jpg
http://img98.imageshack.us/img98/314/pobpel2pr4.jpg
http://img86.imageshack.us/img86/1629/dsc00975po6.jpg
 

GIS

Член од
21 октомври 2007
Мислења
881
Поени од реакции
154
videte znas sto ke vi kazam....treba ednas da se zberat site navivacki grupi ama treba stvarno....ne samo da se pisuva po forumo treba ama nisto ne biduva....neka se zatvori taa omraza megu navivackite grupi barem na malce vreme za da im pokazame na Albancite sto sme.....jas sum od strumica se molam na gospod da se vrati belasica vo 1 liga i da igrame so siptarive....ke imame kontakt eden den si iskrivenite faci....daj boze da ima mnogu navivacki grupi so nas....ne biduva veke ni ja kradat drzavata eejjj...mora da se prezema nesto...koj e so mene
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
Абе се збораше нешто ама незнам шо бидна...имаше демант од Пелистер и од Литекс сеа незнам пак нешто....
 
F

fantomX

Гостин
Сабаље прочитав во весник, ама еве и на нет најдов...

Вардар ги привршува преговорите за Жуниор Машаду
Привршуваат преговорите на релација Вардар - Литекс за трансфер на Жуниор Машаду, моментно фудбалер што како позајмен од бугарскиот прволигаш игра за битолски Пелистер. Спонзорот на скопјани вчера беше во Бугарија и за тамошните медиуми изјавил „дека има напредок во преговорите со Литекс“.

- Тие се подготвени да ја намалат цената за отштета (првично беше одредена сума од 200 илјади евра, н.з.). Се надевам дека успешно ќе ги завршиме преговорите и Жуниор во пролетниот дел од првенството ќе го носи дресот на Вардар - е изјавата за „Топспорт“ на Вујчиќ.

Тој денеска треба да биде во Белград, каде што ќе преговара со Партизан за Милан Перендија и Остоја Стјепановиќ, за тие да го продолжат престојот во Вардар. Двајцата играат за освојувачот на националниот куп како позајмени играчи.

Се' поблиску до „црвено-црниот“ дрес е Мирослав Милошевиќ, најдобриот странски фудбалер во Македонија за 2007 година. Членот на Македонија ЃП има понуда од странство и ако трансферот не се реализира до Нова година, можно е да го засили средниот ред на Вардар. Со евентуалното доаѓање на Милошевиќ и на Жуниор, скопјани ќе имаат состав за респект, особено по останувањето на Филип Деспотовски и Раденко Бојовиќ.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
946
JOE Моежеш ли да закачиш некои слики од нанивачите? Ама знаеш какви слики барам од оние слики каде што има “ќелавици“:) Неможам да најдам некои од тие слики:) Можеби некаде ќе се најдам, ако има некоја фотка од натпреварот од летоска 19 август со Шкендија кога тепавте:)
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
Абе дог...имам слики од поединци не ми се прај кефо да ги клавам јавно да ги гледат..а масовни слики сите скинери ги немам сеа..ако сакаш од поединциве ке ти пратам ама само по ПП...а за со Шкендија ко беше барав слики по луѓе нема
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
БЕЛГИСКИОТ ТИМ ТЕСТИРАШЕ ТАЛЕНТ НА ПЕЛИСТЕР
Мускрон купува битолчанец
*Се работи за седумнаесетгодишниот Стефан Спировски, кој осумнаесет дена беше на проба во овој тим
Седумнаесетгодишниот битолчанец Стефан Спировски, кој игра во средниот ред, е цел на Мускрон. Младиот талент на Пелистер пред два дена се врати од Белгија каде беше на неколкудневни тестирања. Според информациите, челните луѓе на Мускрон биле задоволни од она што го покажал Спировски и сега преостанува само да се договорат со Пелистер за негово ангажирање.

"Стефан Спировски беше на проба и сега останува Белгијците да се јават во клубот. Пелистер нема да му прави проблеми да замине. Од друга страна, пак, навистина ни е жал што еден млад и квалитетен играч ќе н$ напушти, но тоа е добро за него. Во Белгија има далеку подобри услови да се развие неговата кариера. Ние како клуб го поддржуваме и нема да му застанеме на патот", вели сиректорот на Пелистер, Тони Мицевски.
Доколку се остварат најавите, Стефан Спировски нема да може уште сега да замине во Белгија. Младиот играч на Пелистер нема полни 18 години, па според пропозициите ќе мора да почека уште шест месеци, поточно да стане полнолетен па да го облече дресот на Мускрон.

"Спировски не е полнолетен и неговото потпишување за Мускрон би било во август идната година", изјави Тони Мицевски.

Инаку, Спировски во Мускрон престојуваше осумнаесет дена. Можно е младиот фудбалер уште сега да замине во Белгија потпишувајќи само преддоговор. Има и втора варијанта, а тоа е да остане во Пелистер до летото, а потоа да замине во Белгија.

Вреди да се напомене дека младиот Спировски беше дел и од младите репрезентации на Македонија.

Е.Р.
Пелистер ќе позајмува од Литекс

"Во текот на зимскиот преоден рок ќе има промени во играчкиот кадар. Некој ќе си замине, но ќе се ангажираат и нови фудбалери, пред с$ од средниот ред. Потребни ни се двајца фудбалери за врска, кои ќе ги побараме на домашниот пазар, но ќе се обидеме да 'позајмиме' нешто и од нашите пријатели од Бугарија, поточно Литекс", вели директорот Мицевски.

Само да потсетиме дека Бразилецот Жуниор, кој имаше одлична полусезона во дресот на Пелистер, беше позајмен токму од Литекс.
 
V

Viktoranius

Гостин
Браво за тоа детето, подобро да оди во Белгија ке се развие подобро. Па после некоја година да го гледаме и во некој врвен клуб.:smir:
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
ПЕЛИСТЕР ЧЕКА УШТЕ ЕДЕН ФУДБАЛЕР ОД БУГАРСКИОТ ПРВОЛИГАШ
Литекс праќа 19-годишен Бразилец
*"Се работи за млад фудбалер кој игра во средниот ред. Очекувам тој да биде решението за нашата средина", вели тренерот Неџат Хусеин
Наскоро во Битола ќе допатува уште еден Бразилец. Бугарскиот тим Литекс, со кого Пелистер има одлична соработка, во зимскиот преоден рок ќе испрати млад Бразилец на позајмица. Се работи за играч од средниот ред кој има само 19 години.
"Според најавите кои стигнуваат од Бугарија, Литекс ќе ни испрати млад фудбалер кој е Бразилец. Она што го знам за него е дека настапува во средниот ред и дека се работи за одличен и брз играч кој располага со квалитет. Добивме ЦД со неговите настапи, но наскоро ќе имаме можност и во живо да се увериме во неговите квалитети", вели тренерот на Пелистер, Неџат Хусеин, кој имаше проблеми со средниот ред во текот на изминатиов тек на сезоната.

"Очекувам тој да биде решението за нашиот среден ред. Младиот Бразилец нема да биде единственото засилување на оваа позиција, секако ќе се обидеме да побараме уште некој квалитетен играч", додава Хусеин.

Фудбалерот на Литекс во Битола би требало да пристигне за време на подготовките на Пелистер. Во наредниот период бугарскиот тим е на подготовки во Дубаи каде ќе ги поведе 19-годишниот Бразилец и неговиот сонародник Жуниор, кој исто така како позајмен фудбалер настапуваше во битолскиот тим.

Пелистер нема да купува многу во зимскиот преоден рок. Ќе бидат ангажирани петмина играчи од младинскиот погон, меѓу кои се Стефан Спировски, Зоран Симоновски и Мирко Ивановски.

Е.Р.
Хусеин: Жуниор ќе остане

"Имаме одлична соработка со Литекс. Во летниот преоден рок ни го остапија одличниот Жуниор. Според договорот со Бугарите, напаѓачот треба да остане кај нас до јуни, и се надевам дека ќе биде така", е реакцијата на тренерот на Пелистер во врска со пишувањата дека Вардар и Литекс се договориле за Жуниор.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
Пелистер очекува нов Бразилец од Литекс
Никола Клечкароски и Зоран Штерјовски се првите фудбалери што веќе зедоа исписници од Пелистер и се во потрага по нов клуб. На Клечкароски му заврши договорот, а Штерјовски е незадоволен од третманот што го имал во клубот. Дознаваме дека обајцата се во преговори со неколку клубови и набрзо може да бидат познати имињата на нивните нови средини.

Неизвесна е и судбината на младинецот Стефан Спировски, кој неколку дена престојуваше во Белгија, каде што беше на проба и одигра неколку средби во екипата на Мускрон. Сега во Битола го чека исходот.

- Не само нему, туку и на сите наши фудбалери, посебно на младите, Пелистер нема да им прави проблеми доколку сакаат да минат во странски клубови. Не можеме да им застанеме на патот ако сакаат да заминат во клубови во кои ќе имаат подобри услови за работа и ќе се надградуваат - вели Тони Мицевски, технички директор на Пелистер.

Официјална трансфер-листа зимава ќе нема. Младите играчи што не добиваат шанса во првиот тим ќе бидат отстапени на други клубови за да им се овозможи да играат.

Пелистерци додаваат дека засилување на тимот ќе има, и тоа Бразилец. Името не го соопштуваат, но станува збор за млад и голем талент, кој настапува како играч за врска. Дознаваме дека Бразилецот нема директно да дојде во Битола, туку најнапред ќе потпише договор со бугарскиот клуб Литекс, а потоа ќе му биде отстапен на Пелистер. Битолчани на одмор ќе бидат до 16 јануари, за кога е закажана прозивката, по што би почнале подготовките за продолжението на првенството. Тие ќе се реализираат во поголем дел во Битола, со можност и 10-ина дена да се преселат во едно од нашите туристички места, Охрид или Дојран. Ако дозволат можностите, дел од подготовките можеби ќе бидат во странство.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom