Пелистер - Вардар 1:0 (0:0)
28 Март 2010
Голот на младиот Александар Велјановски по добрата акција на нападот на фудбалерите на Пелистер му донесе нему, на неговите соиграчи, на Чкембарите и на сите под Тумбекафе, многу радост, а во одличниот амбиент само гол недостасуваше по 60 минути игра.
Градски стадион под Тумбекафе. Гледачи: 3.000
Сидија; Марјан Марковски од Охрид. Помошници: Кирил Негриовски и Симе Грденовски од Струга
Делегат: Даре Ивановски од Прилеп
Стрелец: Александар Велјановски во 57 минута
Жолти картони: Т. Велјановски и Алтипармаковски кај Пелистер, Силјановски кај Вардар.
Играч на натпреварот: Александар Велјановски од Пелистер
Пелистер: Павловиќ, Брдаревски, Ристевски, Ганчев, Цветковски , Т. Велјановски, А. Велјановски (од 84 минута Магловски), Стевановиќ (од 56 минута Симовски), Љамчевски, Алтипармаковски, Илиев (од 79 минута Питошка).
Вардар: Симов, Илиевски, Симовски, Митрев, Џангаровски, Мојсов, Силјановски (од 70 минута Спасевски), Положани, Ѓурѓевиќ, Трипуновски (од 82 минута Христов), Настевски (од 84 Пандовски).
Фудбалерите на Пелистер одиграа дисциплинирано, слушајќи ги наредните на тренерот Љамчевски, а токму тоа и донесе и победа.
Амбиентот на стадионот под Тумбекафе си ги направи своето, а на амбиентот не останаа и “пелистерци“, кај кои желбата за победа беше голема.
Нововлезениот напаѓач Симоновски ја започна акцијата по лево, ја продолжи Илиевски, а Александар Велјановски стави точка на акцијата која ги остави бодовите во Битола.
Науме Љамчевски, тренер на Пелистер по завршувањето на натпреварот рече:
-Во еден ваков амбиент каков што беше под Тумбекафе денес, а го направија “Чкемабрите“ и останатите љубители на фудбалот, нема играч кој не би гола максимумот. Моите фудбалери дадоа максимум, му се реванширавме на Вардар. Со оваа победа над Вардар и нерешенито резултат на Металург нашите амбиции за место погоре на табелата се пореални.
“Чкембарите“ и останатите под Тумбекафе на висина на задачата
28 Март 2010
Одличнито амбиент кој го направија навивачката група “Чкембари“ беше надополет со тријадната публика, која поради силниот ветар не беше во број каков што сите посакуваа.
Навивачката група“Комити“ пристигнаа со пет автобуси, но петегој кој го направија кога заминуваа од стадионот, и ги каменуваа и ги вреѓаа случајните минувачи во градскиот парк секако е за осуда, а секако и фрлањето на бакли и предмети во еренот за време на натпреварот.
Од друга страна навивачите на Пелистер не направиме никаков “прекршок“ во текот на целиот натпревар.
АТАНАСОВ СО “ЧКЕМБАРИТЕ“
За разлика од другите претседатели на Пелистер кои дерби натпреварите ги следеа од ложата на клубот, сегашниот претседател Ванчо Атанасов дербито со Вардар го гледаше од трибината која е резервирана за навивачката група “Чкембари“, а оттаму громогласно ги бодреше своите фудбалери.
-Секој знае да седи во ложа, но денес беше потребно да се стимулираат фудбалерите од трибините, апубликата беше 12 фудбалер. Навреме реагиравме од трибините и дојдовме до победа, радосен во шега изјави по натпреварот претседателот Атанасов.
УПРАВАТА ГИ ВРАТИ КАРТИТЕ
Членовите на управата на Пелистер, добија гратис влезници кои требаше да ги поделат на свои пријатели, но потпретседателот Пеце Стојчевски пред средбата ги доби најголем дел од влезниците назад, со објаснување дека ги убедиле оние кои треба да добијат гратис, дека само ако купат влезница и платат 100 денари ќе му помогнат на клубот.
-Сега кога ми ги вратија влезниците и си купија на каса, знам дека сме на добар пат Пелистер да биде клуб, како секој европски, рече радосен Пеце Стојчевски, кој додаде и дека битолчани со овие градски манири имаат доверба во оваа Управа која го води Пелистер.
По победата на Пелистер над Вардар, нема одмор за “пелистерци”
29 Март 2010
Пофалби од сите страни за победата на Пелистер, а посебно за “Чкембарите“ кои достојно го бодреа својот тим, без ниту еден инцидент, без фрлање во терен и други проблеми.
Фудбалерите на Пелистер немаа време ниту да се израдуваат на вчерашната победа, бидејќи од денес веќе се во нов подготвителен циклус за саботното гостување во Куманово. Денес имаа поштеда не тренираа два пати, но веќе од утре продолжуваат со два тренинзи на ден.
По преспиената ноќ и средувањето на впечатоците од дербито, тренерот на Пелистер, Науме Љамчевски вели:
-Разултатски не можам да не бидам задоволен, бидејќи победа над Вардар не мала работа, а кога тоа ќе се постигне на еден ваков прекрасен фудбалски амбиент, успехот е позначаен. Одигравме добро, колку што можеше да се одигра против еден Вардар која беше насочен кон одбрана. Постигнавме гол по добра акција, а и го одбранивме до крајот. Фудбалерите дадоа максимум, а одиграа без штедење. Ова е генералната оценка, но секако дека има, забелешки кон некои од нив, за работи кои не треба во иднина да се повторуваат, туку не треба воопшто да ги нема кај некои. Но, за тоа има време и начин како да го решиме.
Сепак најсреќен во Пелистер, оправдано беше Александар Велјановски. Аце, како го викаат соиграчите, за неговата игра во неделата под Тумбекафе вели:
-Секој од нас посакуваше да биде во составот на Пелистер за ова дерби, а се израдував кога тренерот ме прочита во составот за ова дерби. Тоа е секако успех за мене да бидам стартер на оваа средба, а ако додадам дека го постигнав голот кој ја донесе победата, нема да биде нескромно ако кажам дека многу се израдував. Без разлика дали јас или некој друг постигнеше гол, радоста ќе беше иста, не само кај мене туку и кај сите соиграчи. Довербата која ја добив од тренерот мора да се заслужи и секако да мотив за повеќе, а сите мои размислувања се движат во таа насока.
За разлика од “комитите“ кои имаа проблеми со полицијата, како велат самите, во Битола, навивачите на Пелистер, демонстрираа како треба да се навива за својот клуб без да му се нанесе штета, туку да му се помогне. Без никакви инциденти, без фрлање во терен, без ни најмали расправии со полицијата, без лични навреди и “Чкембарите“ за пример ја одработија работата вчера. Да се надеваме дека и во иднина ќе има вакви натпревари, на кои сите ќе се докажат дека најзначајно е името Пелистер.