Фан Клуб: Пелистер

Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
I jas se slozuvam so tebe pokraj takvi parovi se padnaa bas Rabotnicki i Pelister.
Steta ke bide koj i da ispadne,a ponatamu ke odi ili Vardar Dekamel ili Nov Milenium.
Iako sum za Rabotnicki stvarno krivo ke mi bide sto ke ispadne Pelister,iako vo fudbalot se e mozno,sepak mislam deka nemavte sreka ovojpat vo zdrepkata
Pa da nemavme srekja oti kje treba popojke da se macime :)

Inaku i Rabotnicki nemaja srekja oti tolku od kupot godinava :):vozbud:

Ajde malku optimizam.
 

Никола_МКД

Corazón blanco
Член од
18 март 2007
Мислења
1.213
Поени од реакции
22
I jas se slozuvam so tebe pokraj takvi parovi se padnaa bas Rabotnicki i Pelister.
Steta ke bide koj i da ispadne,a ponatamu ke odi ili Vardar Dekamel ili Nov Milenium.
Iako sum za Rabotnicki stvarno krivo ke mi bide sto ke ispadne Pelister,iako vo fudbalot se e mozno,sepak mislam deka nemavte sreka ovojpat vo zdrepkata
od kaj znajs ti be deka ke izgubi Pelister, da ne si vidovit
 
П

Паспарту

Гостин
пелистер ќе победи 100% само кој ќе ја слуша свињана баклавац после тоа има да се жали како никогаш досега :)
 
Член од
23 април 2005
Мислења
622
Поени од реакции
14
Здр сега ја видов прпат темава и јас да се потпишам како чкембар...Поздрав Битола
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.027
Поени од реакции
622
Tepavme so Bashkimi 1-0...a trebase da tepame 7-8 ama aj..
sega sme 4 na tabelata..
sreda igrame so Rabtnicki doma vo 13 sato za kupo..
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.027
Поени од реакции
622
ДЕФАНЗИВНА ИГРА НА ПЕЛИСТЕР И РАБОТНИЧКИ К ВО ПРВИОТ 1/8 ФИНАЛЕН МЕЧ ОД КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА
Оставија да одлучи реваншот
*И Пелистер и Работнички К како да не беа премногу заинтересирани за противничкиот гол. Најважно им беше како да ја заштитат својата мрежа. Па така реваншот на "Градски" во Скопје ќе одлучи која од овие две екипи ќе се пласира во 1/4 финалето
ПЕЛИСТЕР - РАБОТНИЧКИ К 0:0
Градски стадион под "Тумбе кафе" во Битола. Гледачи: 2.000. Судија: Горан Спирковски (Прилеп). Помошници: Ључпо Димоски и Зоран Костовски (Прилеп). Делегат: Драган Серафимовски (Кочани). Жолти картони: Мицевски (ПЕЛ), Милисављевиќ и Османи (РАБ).
Играч на натпреварот: Менде Степановски.

ПЕЛИСТЕР

Пашовски 2

Елмазовски 2

Петковски 2

Мицевски 2

Степановски 2.5

Димов 2

Блажевски 2

(85' Момировски /)

Главевски 2

Пресилски 2

Жуниор 2

Рутевски 2

(70' Ивановски)

РАБОТНИЧКИ К

2 Пачовски

2 Лукман

2 Милисављевиќ

2 Глигоров

2 Тричковски

(2 Кировски 57')

2 Станишиќ

2 Божиновски

(/ Лазаревски 82')

2 Османи

2 Пејчиќ

(/ Масев 79')

2 Вајс

2 Михајловиќ

Дерби натпреварот од 1/8 финалето од македонскиот куп меѓу Пелистер и Работнички К измина во дефанзивна игра на двете екипи, кои повеќе внимаваа да не примат гол во својата мрежа отколку да ја затресат мрежата на противникот. Па така крајниот резултат по 90 минути беше 0:0. Во една така поставена дефанзивна игра одбраните на двете екипи, често засилени со повеќе играчи од средниот ред, не направија ниту една поголема грешка, по која противникот би можел посериозно да го загрози голот.

Играта се одвиваше меѓу двата шеснаесетници, а згуснатиот простор со многу фудбалери, не им дозволи на играчите за врска да развијат игра која нешто би променила на тактички план и која би довела до создавање поволни шанси за гол од страна и на Пелистер и на Работнички К. Внимателната игра само ја оддолжи неизвесноста за реваншот во Скопје по 14 дена. Сега и двете екипи стартуваат од нула, секако со предност која ја има екипата на Работнички Кометал, поради домашниот терен. Но во случај Пелистер да избори реми со голови тогаш битолчани ќе одат во понатамошните борби. На "романтичарите" им е неопходна само победа.

Тренерот на Пелистер, Неџат Хусеин, во втората половина на второто полувреме за да стигне до голот на Пачовски, го внесе во игра младиот Ивановски по десна страна и го префрли Блажевски по лева страна. Но Беквалац одговори со повлекување од игра на Тричковски и внесување на Кировски. Но и тие рокади на двата искусни стратези не дадоа плод. Очигледно дека и тешкиот терен за игра беше голема пречка за поквалитетна игра проследена со тресење на мрежите на голманите Пашовски и Пачовски.

Цврст натпревар на две квалитетни екипи, но, за жал, на битолската публика без голови, а двете екипи и во ваква цврста игра не играа грубо, а добиените жолти картни не се поради некои груби прекршоци, што секако е за пофалба.

С. Ристевски

ПЕЛИСТЕР - РАБОТНИЧКИ К

6 корнери 2

13 прекршоци 22

9/2 удари/во 5/1

1 офсајди 1

1 ж.картони 2

Минута по минута...

15' - Димов по корнерот кој го изведе Рутевски од лева страна, ја прима топката, шутира со нога, но над голот на Пачовски

19' -Тричковски упати удар со глава по центаршутот од лева страна, но топката поминува покрај голот

21' - Силен шут на Елмазовски од слободен удар по средина од 18 метри, но топката поминува покрај десниот дирек на Пачовски

33' - Одлично додавање на мал простор по слододниот удар, шутира Пресилски, а топката по одбраната на Пачовски, завршува во корнер за Пелистер

55' - Акција на "пелистерци" по десната страна, но Главевски не успева да дојде до позиција за удар

60' -Пејчиќ шутира кон голот на Пачовски од десетина метри, но тоа го прави слабо

80' - Блажевски добро поминува по лева страна, центрира, но некој не ја прифаќа топката

90' - Степановски одлично скока по изведениот корнер од левата страна, но упати удар со глава само над голот на Пачовски
ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ:

НЕЏАТ ХУСЕИН:

"Против најквалитетната екипа во нашата земја се обидовме да не примиме гол, а не успеавме, како што ни беше замислата од прекин или од некој контранапад, да постигнеме гол и со триумф да патуваме на реваншот во Скопје. Вака мораше да ја поставивме тактиката со цел да ја задржиме неизвесноста, опасно ќе беше да се отвориме. На реваншот Работнички К има предност поради домашниот терен, а е и фаворит, но ништо не се знае, не одиме во Скопје со бело знаме", истакна на пресот веднаш по натпреварот стратегот на битолчани.

ДРАГОЉУБ БЕКВАЛАЦ:

"Допатуваме во Битола да не примиме, но и да постигнеме гол. Тоа што не примивме е добро, но тоа што не дадовме не е толку лошо бидејќи овие две екипи кои се квалитетни заслужуваат да играат и во финалето од Купот. Се надевам дека во Скопје ќе бидеме поуспешни и поефикасни, а екипата на Работнички ќе оди по патот кон освојувањето и на првиот пехар од Купот, што досега не го има направено", посочи шефот на стручниот штаб на Работнички К.
Деби на Кировски

Само што потпиша пред неколку дена за Работнички К младиот напаѓач и екс младински репрезентативец Христијан Кировски (22) вчера дебитираше за "романтичарите". Во игра влезе во 57. минута на местото на Иван Тричковски. Беше солиден, но, сепак, не дојде до поволна позиција да го загрози голот на домашниот голман Пашовски. Со Кировски нападот на Работнички К ќе биде уште поквалитетен. Да потсетиме дека иако доста млад тој досега има завидна кариера. Почна во Вардар, потоа настапуваше во ОФК Београд (Србија), Македонија ЃП, Етникос (Кипар) а последен клуб му беше украинскиот Карпати. Во Работнички К ќе настапува како позајмен играч до крајот на сезоната.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.027
Поени од реакции
622
Силекс-Пелистер 2-3 победа на Пелистер....:eek:jea::eek:jea:
а да Жуниор добил црвен така да нема да игра следниот натпревар со Напредок дома..
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Bravo Pelister.

Ocekuvam lesna pobeda. I kiks na Milano i Rabotnicki
 
Член од
12 октомври 2007
Мислења
26
Поени од реакции
0
samo napred pelister ..ke gi jadime i rabotni4ki vo revansot..ckembari zakon ..
bitola drzava..
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Пелистер сега во следните 2 средби, реално можи да тепа пошто се слаби екипи. После то ако му го дај со се мадиња на Миљано, третото место ќе биди многу многу блиску.

Ова сезона има 3 екипи подобри од Пелистер, а то се Работнички, Вардар и Милано (овие последните две можи да се речи дека се тука негде). Со малце среќа и добро судење Пелистер ќе се пласира во европските купој. Не само шо ќе игра во Европа, општо ќе сјача клубот, пошто големи финансиски средства ќе добијат.

Плус ако изградат стабилен тим, бугарскиот Литекс ќе пушта играчи како Џуниор шо не можат да фатат место кај нив да играт редовно во Пелистер. Ете сега на зима слушнав дека еден од среден ред ќе пуштат, подобар и од Џуниор бил, ако знај некој нешто поќе нека потврди.

Многу ме радва мене ваквиот развој на настаните. Ако има успех Пелистер и го задржи спонзорот можи за година две да бидиме сериозен кандидат за освојување на првенството. Литекс се многу јака екипа, редовно играт во куп на УЕФА, одлично би било да пуштат по некој играч секоја сезона.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.027
Поени од реакции
622
Со напредок 1-1 извадивме резил беше а и судиите многу заебаваа...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom