А шо требаше да напрат,не бркаме титула или топ3 да се ангажира некое еминентен стручњак,го бараме опстанокот на катастрофалната сезона.
И Мендо и Пашето баш му требаја на клубот за да се спаси од мизеријата.
Демек неможеше некој посалам чоек да се постави во клубот, требаше овие двата шо до вчера местеја со Монголо утакмици ?
Не очекувам јас никакви еминентни стручњаци, ама ако немаме никакви амбиции можеа барем да постават луѓе шо ќе можат да напрат некаков исчекор во работењето на клубот.
Ете пример, како за почеток можеа да ги исконтактират луѓето шо ги водат приватните фудбалски школи во градот и да побарат помош од нив, да поставеа некој од нив во управа.
Требаше да ги исконтактират локалните бизнисенчиња, па можи некоја да пројавеше желба да поможи. Доволно еден да ја плати опремата на клубот, друг да ги покрива карантините пред утакмици и со то да се рекламират преку Пелистер а и да учествуват во управата.
Мал милион на потези има шо можат да се напрат, само ете тое...
Ќе глеаме уште поголем циркуз со овие.
буџет имаме информации колкав е ?? па тие сериозни фаци да почнат успех
Пелистер крахира и одново почнува со битолчани(не е првпат да се надеваме последно ваков инфаркт)
Нема врска буџетот моментално, сите знајме дека клубот е во долгој и има судски спор со предходните газди.
Никој не бара успех, туку конечно да застанат постабилни луѓе да раководат со клубот.
Јас пишав и предходно, дека ако треба и клубот нека испадни втора лига ама конечно да се исчистат срањата од предходните апаши и салам луѓе да седнат да го водат Пелистер.
Едноставно овие двата ми се некоја поблага верзија од писето. Никако не ми влеват надеж дека ќе имат некоја значајна улога во Пелистер, освен да бидат на платен список.
Зборот на Мендо и на Пашето не врви нигде, посебно не без пари и во ваков отепан Пелистер.
Ќе се уверите ко ќе видите кој играчи ќе ги донесат за пролетниот дел.
Дајбоже јас да грешам и пак да ме цитирате за некое време, ама мислам дека овај пат не сте во право.