Разделба, но не и збогум!
Ангел Љутков се повлече од тренерската позиција во Овче Поле. "Направивме доста во овој изминат период, мислам дека му дојде редот на некој друг сето тоа да го надгради"- вели на заминување довчерашниот предводник од клупата на "овчеполци"...
Разделба, но не и прекин на соработката на релација Овче Поле и долгогодишниот тренер Ангел Љутков.
Така, во само една реченица може да се опише одлуката која ја донесе сега веќе довчерашниот шеф на стручниот штаб на екипата од Свети Николе.
По доста двоумење, долгогодишниот прв тренер на "овчеполци" одлучи дека е доста, одлучи да се повлече од првата тренерска поизиција кај "зелено-белите" и да му ја отстапи на некој друг.
"Можам слободно да кажам и официјално да потврдам дека од денес не сум повеќе прв тренер и шеф на стручниот штаб на КК 'Овче Поле' "- потврдува Љутков.
"Со ова практично се заокружува мојот тригодишен ангажман како тренер. И можам слободно да кажам, секако, со поддршка на моите играчи и претседателот Зоран Даневски, творец на една стабилна кошаркарска екипа, која со успех веќе две години настапува во Првата лига, направивме доста. Екипа која во секоја наредна сезона остваруваше с$ подобри пласмани. Па така, од сезоната 2007/08, од една просечна второлигашка екипа со преземање на екипата и фузирање со велешкиот Леов Ангели обезбеден е влез во Прва лига. Веќе во наредната сезона 2008/09 во својата прва прволигашка сезона обезбеден е влез во Супер-лигата и остварено е шестот место, со што практично е надминато очекувањето (опстанок во Првата лига),
Во третата едноподсруго сезона 2009/10, постигнат е историскиот успех на екипата. Освоено е четвртото место, обезбедено е учество во плеј-офот и полуфинале на куп натпреварите. Сето ова оставрување има и многу поголема тежина ако се земе предвид мојот полупрофесионален ангажман. Со само еден тренинг во денот (поради мојата професионална работа професор во средно училиште), секојдневното патување, мое и на еден дел од играчите од Велес до Свети Николе, како и мојот удел во работата со младите категории кој преку мојот клуб во Велес го претставуваа Овче Поле во младинската лига во претходните три сезони" - се обидува да сублимира Љутков за она што го "преживеал" во изминатиот период како прв тренер на "овчеполци".
Едноставно Љутков проценува дека веќе не е во состојба да продолжи со истото темпо на работа со тимот од Свети Николе.
Приклучивме шестмина од младинската екипа, а во трите дена на располагање до вечерва, кога завршува рокот за пријавување, ги очекуваме Срѓан Божовиќ и Никола Којовиќ од Србија, Боби Михајловски од Пелистер,
Јовче Ќурчиев од Овче Поле, Филип Конзулов од Торус, а можно е да остане Славиша Јанески, иако навести заминување во матичниот Гостивар - велат од У. Баскет.(дневник-од денес)