како бе не работи
Откако што Интер, бранителот на титулата и актуелниот лидер во италијанскиот фудбалски шампионат, се одлучи на бојкот на медиумите, истиот пат го избраа и во Фиорентина. Прволигашот од Фиренца на тој потег се одлучи по заостанатиот натпревар од 17-то коло од Серија А во кој Милан на Артемио Франки стадионот славеше со 2:1 во средбата во која, како што домаќините тврдат, не беше досуден пенал за „виолите“.
Ситуацијата се случи при резултат од 1:1 по стартот на Тиаго Силва над Рикардо Монтоливо. Судијата Роберто Росети пушти предност откако што топката дојде до Кеирисон чиј удар во продолжението од акцијата го одбрани Кристијан Абијати.
Лути на судиската одлука, а потсетуваме дека истото им се случи и на Алијанц Арената во првиот натпревар од осмина финалето од Лигата на Шампионите против Баерн Минхен, од Фиорентина објавија „silenzio stampa“.
А, пред медиумите сепак истапи менаџерот на Милан, бразилецот Леонардо кој призна: „
Постоеше пенал над Мотноливо, но судијата се одлучи да пушти предност бидејќи топката веќе беше кај Кеирисон.“
„
Фиорентина одигра одлично прво полувреме од натпреварот и не притисна во средниот дел од теренот. Покажавме карактер и стигнавме до победата која беше одбележана со игрите на Абијати, Роналдињо и Пато, како и на Матју Фламини.“ - заврши бразилецот.
Им ја соли раната на виолетовите.