Bianconero vero
Il Capitano
- Член од
- 10 ноември 2008
- Мислења
- 9.255
- Поени од реакции
- 8.172
Мислам дека овие од Телма претераа. Секоја чест на Пандев, ама очекував да ја пренесуваат Милан. Мислам дека со преоѓањето на Пандев во Интер, ние навивачите на Јувентус, Милан и Рома може да се збогуваме со преносите на нашите тимови кога играат во исто време со Интер. Ќе мора да се јавиме во Телма и да се интервенира по ова прашање, затоа што Калчото се следи во Македонија многу пред Пандев да се појави и постојат навивачи на повеќе тимови. Другите навивачи сакаат да го следат својот тим и не им е гајле за Пандев.