Фан Клуб: Милан

Статус
Затворена за нови мислења.

StenmarC

Скијач
Член од
24 март 2005
Мислења
2.179
Поени од реакции
50
Гижо напиша:
Анчелоти си се докажа во минатото финале од лигата на шампионите против ливерпул колку не го бива
Лејјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјј
Ај жити се кажи со што се докажа во тоа финале дека не го бива?
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
Ако до толку не го бива тренерот, како е можно да ја однесе својата екипа до финале?
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
StenmarC напиша:
Гижо напиша:
Анчелоти си се докажа во минатото финале од лигата на шампионите против ливерпул колку не го бива
Лејјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјј
Ај жити се кажи со што се докажа во тоа финале дека не го бива?
wooow camel, take it easy не ме карај :pos:


не се сеќавам убаво на финалето ама се сеќавам дека имаше многу закаснети реакции од него, а тоа намногу ме нервира кај тренер, така да тоа според мене е катастрофа за еден тренер, имам постови од темата за лига на шампиони 2004/2005, прочепкај таму ме мрзи мене да барам ако сакаш да видиш на што мислам

знам дека ке ми одговориш ко демек како можам така да размислувам кога Анчелоти успеал да стигне до финалето со Милан, освоил тоа и тоа :pos: ама ја така размислувам, и Давитков не однесе во А дивизија во кошарка ама ја пак сметам дека е катастрофа кога незнае да направи прав потег во вистински момент

пис
 

zEk0

Селектор
Член од
8 април 2005
Мислења
531
Поени од реакции
3
Факт е дека Ливерпул имаше среќа, ама тоа е само 30-40% од причините зашто го загубија финалето...останатото лежи во Анчелоти и играчите. Ситуацијата е проста: играш финале и водиш 3:0 на полувреме. На полувремето не смееш да дозволиш играчите да слават (како што според сите информации правеле играчите на Милан во соблекувалната) туку да ги подготвиш да го дотолчат противникот....

Вака барем јас гледам на работите...можеби грешам...
 

ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
StormAngel напиша:
Да друже, стагнираме у игра, многу!

МАЛДИНИ!!!!!!! ЦАРРР!!!! ЗВЕР!!!!
38 годишен дефанзивец така да ја земе топката, да дрибла и да кросира перфектно се гледа ретко, ептен ретко.
Ама затоа тој е Паоло Малдини, легенда!

Форца Милан
Maldini mio amore ke se krenime pak ne tazete , ne mozeshe nam niko nista jachi smo od sudbine :wink:
Ale ale aleeee Milan
 

StenmarC

Скијач
Член од
24 март 2005
Мислења
2.179
Поени од реакции
50
Гижо напиша:
StenmarC напиша:
Гижо напиша:
Анчелоти си се докажа во минатото финале од лигата на шампионите против ливерпул колку не го бива
Лејјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјј
Ај жити се кажи со што се докажа во тоа финале дека не го бива?
wooow camel, take it easy не ме карај :pos:


не се сеќавам убаво на финалето ама се сеќавам дека имаше многу закаснети реакции од него, а тоа намногу ме нервира кај тренер, така да тоа според мене е катастрофа за еден тренер, имам постови од темата за лига на шампиони 2004/2005, прочепкај таму ме мрзи мене да барам ако сакаш да видиш на што мислам

знам дека ке ми одговориш ко демек како можам така да размислувам кога Анчелоти успеал да стигне до финалето со Милан, освоил тоа и тоа :pos: ама ја така размислувам, и Давитков не однесе во А дивизија во кошарка ама ја пак сметам дека е катастрофа кога незнае да направи прав потег во вистински момент

пис
Финалето беше одличен натпревар. Ај кажи со што зезна? Кои задоцнети реакции? Кој очекуваше дека Ливерпул ќе даде 3 гола за 5 минути? И што е Анчелоти крив што Милан немаше среќа. Едноставно топката не сакаше да влезе во гол :?:
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
ме изнервира, уствари не ме изнервира пошто навивав за Ливерпул, што требаше да поминат 70 минути за Анчелоти да сфати дека на Милан почна да му паѓа темпото и дека треба да направи измена


п.с. многу прашања ставаш у еден пост
 

StenmarC

Скијач
Член од
24 март 2005
Мислења
2.179
Поени од реакции
50
Гижо напиша:
ме изнервира, уствари не ме изнервира пошто навивав за Ливерпул, што требаше да поминат 70 минути за Анчелоти да сфати дека на Милан почна да му паѓа темпото и дека треба да направи измена


п.с. многу прашања ставаш у еден пост
Што требаше да направи ај жити се? Кои измени? Водиш 3:0 и ти даваат 2 гола за 2 минути и измена да напраиш? Зошто да прави измена кога Милан играше подобро цел натпревар. Зошто да менува тактика, кога Милан играше одлично????
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Анчелоти треба да се мења!
Но никако Рајкрд! Очи ќе ви извадам! :evil: :D :evil: :D


Патем, Рајкрд нели деновиве го продолжи договорот со Барса?

... и чудно ми е кога, за некоја лоша игра на Милан, ќе го обвините Каладзе или што ја знам... Кафу
Точно е дека Кафу во одредени моменти знае многу да направи за екипата, но оние кои се директно одговорни за течноста и разиграноста на екипата се Пирло, Кака и Сидорф евентуално Руи

Не може никако играта на Милан да зависи од Каладзе. Доколку направи некоја кардинална греша (па и тоа се случува, зошто да не) тогаш, да, да го обвините. Инаку се знае кој е виновен ако екипата е мртва

Исто како пред некое време кога на интеристите им сметаше Пасквале и Панкаро. Па како може играта на еден клуб чии играчи вредат 500 милиони да зависи од нив? Јас да играм на нивно место па и без мене ќе истераат...
Не заебавајте

Од суштинско значење е играта на Пирло од една страна и Гатузо од друга. Според мене. Никој друг
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Зошто да прави измена кога Милан играше подобро цел натпревар
Милан играше подобро прво полувреме. Второ полувреме до пола никаде го немаше, а до крајот на регуларните 90 двете екипи гледаа да не примат гол

Само да ти кажам нешто. Имам роднина голем фан на Милан, поранешен играч во Вардар. Играл во југословенска лига, играл големи натпревари, зборот ми е искусил многу повеќе од обичен гледач. Што се деси. При 3-1 ми се јавува, вика пази сега 3-3 ќе биде. А фан на Милан ти викам. Како заклучи, му викам јас. Епа полни се со самодоверба, само малку среќа им треба за 2-3, ако го постигнат тој гол, 3-3 е неизбежно. Едните добиваат полетност, а другите се деморализираат. Во случај да изедначат за што има големи шанси, ќе има пенали. Тоа ми го рече вујко му. Сакал верувај, сакал не...
Ако сега не направи измена Анчелоти, отидоа.... уште не се дозбори, ете 2-3, ми вика "што ти реков"? Додаде: Ај ќе се чуеме после пеналите
Уште еднаш ќе ти речам - сакал верувај, сакал не

Мене не дека ми е гајле, но сметам дека Анчелоти заеба. Точно е дека до финале бил одличен, ама во финалето заеба.
Исто како еден играч, добар е до 90, во 91 си пика автогол, ќе речеш добар е? Да, но заеба на крај :wink:
 

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.407
Поени од реакции
591
Гижо напиша:
Анчелоти си се докажа во минатото финале од лигата на шампионите против ливерпул колку не го бива
Леле не го спомнувај минатото финале,уште душа ме боли :zid: За таа утакмица кривицата не ја гледам кај Анчелоти,пошто тактиката во првото полувреме му беше феноменална,а за второто полувреме....е тука играчите ги окривувам,си помислија они готово е готово ама не беше готово...ех што ти е психа...
Реално гледано играта на Милан годинава е во стилот топло ладно , ама знаејќи ги нив ништо чудно и до финале да стигнат(малку среќа и поголема поддршка од судии)....шала на страна супер играчи имаат ама некако не се укомпонирани,али во наредните утакмици сигурен сум дека многу повеќе ќе покажат па здравје боже и титула да дочекаме :cst3:
 

StenmarC

Скијач
Член од
24 март 2005
Мислења
2.179
Поени од реакции
50
gerard напиша:
Зошто да прави измена кога Милан играше подобро цел натпревар
Милан играше подобро прво полувреме. Второ полувреме до пола никаде го немаше, а до крајот на регуларните 90 двете екипи гледаа да не примат гол
Милан го немаше само во тој период додека ги прими тие 3 гола. Цело време играше и напаѓаше. Тоа што немаа среќа, никој не им е крив, а најмалце Анчелоти. Што е крив Анчелоти што неговите играчи неможеа гол да дадат, а имаа одлично поставена игра? :?

И за крај... не треба да се радуваме на игра каква што прикжуваат Ливерпул и Челзи во меѓусебните дуели. ТОА Е СЕ, САМО НЕ ФУДБАЛ. Истото важи и за Милан и тактиките на Анчелоти. Јас кога гледам фудбал сакам да има атрактивност, надигрување, а не бункер и фаул на секој 30 секунди. Сакам играта да е пријатна за очи, а не да гледам 90 минути „фудбал“ во кој најинтересен момент е шутот на некој играч од 30 метри, кој за 2 метри го прмашил голот :evil:

Затоа ја почитувам и сакам Барселона! - не повеќе од Милан, али ...
 

How1TzeR

ШЕВА
Член од
6 февруари 2005
Мислења
367
Поени од реакции
14
Гледам дека го спомнувате финалето..не сакам да говорам околу тоа.
Поради мечот со Шалке сите очекуваа нешто , и сега Анчелоти е крив ...сега јас да ви пренесам нешто.

1.Шалке е вицешампион на ГЕРМАНИЈА.
2.Шалке играше дома пред нивните ѓаволски навијачи.
3.Тимот е многу балансиран и има многу цврсти играчи.
4.Шалке не е Тревизо што значи нема ПРИЧИНА за Милан да тепа со 5-0
5.Шалке стори многу во тактиката , и тоа копилето Пулсен , кој буквално го изеде Кака, Кафу беше надигран од страна на Kobiashilli, Џилардино исто како и Кака и како што се покажува не дава голови ако нема доволно шанси (можеби времето ќе помогне). Апсолутно правилна тактика од нивниот тренер
6.Дида- апсолутно катастрофални перформанси , вториот гол беше негова грешка како што разбрав јас загубил концентрација и не бил спремен за таков удар , иако топката заврши на страната на која он ја бранеше.
7.Шева- класа , беше многу добро маркиран , но доби шанса и даде гол.
8.Сидорф- во последните неколку меча е многу критикуван од страна на сите , до негде се во право , до негде не. Дали ја гледавте утакмицата ? Цел натпревар беше ТОЈ кој донесе многу во балансот на средината на играта , држејќи ја топката во нозете на Милан , помагаше во нападот и одбраната. Со исклучувањето на Кака од пулсен и кobiashvilly, со Пирло маркиран од Курањи, Гатусо играше сам. Сидорф беше тој кој заедно со Шева ја држеа средината во ред и функционалност. Или сите мислите - да сите добри фудбалери треба да трчаат како луди преку цела игра , да ?? Добро тогаш земете ги копачките и пробајте да истрчате 90 минути како луди. Ако името не ви е Гатузо , тогаш сум сигурен дека НЕМА да стигнете ни до 20 мин. ( не ни зборам за паметно користење на топката ). Има збор во фудбалот како балансирана игра на играч во 90 мин. и балансирани перформанси на целиот тим , и секој тим мора да има таков играч кој ќе го одржува балансот. Како Верон во Интер , Емерсон во Јуве , Лампард во Челзи , Сидорф во Милан. Или мислите дека Емерсон , Лампард , Верон трчаат повеќе од сидорф ?? да ? Епа тогаш ќе кажам дека не гледате фудбал или немате никаква врска во фудбал!!
9.Завчера Милан играше сосема без грешки. Можеби Анчелоти требаше да го замени Кака порано, и да го стави Виери наместо разочараниот Џила , или Сержињо наместо Пирло.
10.Генреално кажано беше многу добар натпревар и сите Германски експерти го пофалија Шалке за борбата против еден голем Милан!!
11.Не ја префрлајте вината на Анчелоти , во последниве 3 години заслужи респект (иако јас го сменив мислењето за него).Секогаш тренерите се криви , секогаш ако тимот има слаби перформаси тренерот е крив , дали сте се запрашале дека можеби нешто друго не е во ред .
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
абе стенмарк, па кога некој напаѓач се мучи да даде гол логично е да го извадиш од игра, шо има нејасно тука
 

StenmarC

Скијач
Член од
24 март 2005
Мислења
2.179
Поени од реакции
50
Гижо напиша:
абе стенмарк, па кога некој напаѓач се мучи да даде гол логично е да го извадиш од игра, шо има нејасно тука
Аууууу Гижо - експертот за фудбал! :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
Еј... ај заеби.... нема везе
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom