Кака го продолжи договорот со Милан
Бразилскиот фудбалер Кака стави крај на шпекулациите околу неговата иднина откако се одлучи да го продолжи договорот со Милан на уште пет години. Плејмејкерот на "росоњерите", кој прикажува одлични игри на мундијалот, беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид. Со Роналдо, Робињо, Роберто Карлос и Сисињо, кои веќе се дел од Реал Мадрид и се говореше дека Кака ќе ја комплетира "бразилската репрезентација во Мадрид".
Сегашниот клуб на Кака, Милан, е вклучен во скандалот за "наместени" натпревари во италијанското првенство и му се заканува преселба во Серија Б. Кака, кој во моментов е прогласен за еден од најдобрите фудбалери на светот, се обврза да остане во Милан до 2011 година. Откако пристигна во Милан од Сао Пауло во 2003 година, кариерата на Кака оди во нагорна линија и прикажува одлични игри во таборот на "црвено-црните" и во бразилската репрезентација. Тој зад себе има титула светски првак откако во 2002 година со селекцијата на Бразил го освои златниот медал.