Премногу играчи се поврзуваат со Милан, освен овие неколку шпекулации шо беа наведени овде барем уште 15 други се поврзуваат. Шпекулаците произлегуват од потребата за напаѓач од страна на Милан.
Значи ќе наведам една поширока листа од играчи кои се поврзани со Милан.
Како прво Џузепе Фавали од Интер и вториот голман на Асколи Копола веќе официјално се во Милан и по враќањето од заемот Фоџиа и Кристијан Абиати.
А се шпекулира за следниве:
1. Вилијам Галас (во размената со Шевченко, некои 90% е играч на Милан)
2. Дидиер Дрогба или Ернан Креспо (исто во размена со Шевченко, едно 50%)
3. Карлос Тевез (од Коринтијанс, доколку ја спуштат цената на некои реални 20 до 30 милиони евра најверојатно ќе заврши во Милан, значи 30%)
4. Фернандо Торес (од Атлетико Мадрид, Атлетико има заостанат долг кон Милан, можноста е некои 15%)
5. Самуел Ето (доколку Барса го доведе Торес во нивните редови шансите се доста добри поради незадоволството на Ето од Шпанските расни навреди, доколку не се случи таков трансфер шансите се никакви)
6. Адријано (доколку Интер се доволно глупи да го продат на својот градски ривал и доколку Интер го доведе Лука Тони шансите се големи)
7. Руд Ван Нистелрој (доколку е ефтин, и доколку не биде доведен ниту Креспо ниту Дрогба)
8. Даниеле Де Роси (од Рома, замена со Јанкуловски или некој од голманите на Милан и нешто пари, шансите се некој 20%)
9. Масимо Одо (од Лацио, шансите се огромни ако не ова година вгодина сигурно Одо е во Милан, негде 60%)
10. Махмаду* Диара (од Лион, многу е скап ама со продажбата на Шевченко можи да се случи, околу 10%) *не сум сигурен за името
11. Јоан Гуркуф (од Рен, како замена за Кака, одлуката зависи од него, 80% има само 19 години најверојатно ќе биде позајмен)
12. Кристијан Поулсен (од Шалке, груб играч, ако се сеќавате се скасаја со Гатузо, го неќам ич ама има шанси негде околу 30%)
13. Давид Суазо (од Каљари, како последна алтернатива за замена на Шевченко, значи 10%)
14. Златан Ибрахимович (како замена за Шева, шансите зависат од то кај ќе биди Јуве вгодина, ама и да остани во Серија А има шанси оти Јуве секако го неќат, значи 40%)
15. Џанлуиџи Буфон (исто зависи од судската одлука, ама Буфон изјави дека сака да си оди и пред одлуката, така да 40%)
16. Замброта и Емерсон (ако Јуве испадни од Серија А, Емерсон е 90% играч на Милан, Замброта при исти услови има добри шанси, ако Јуве не испадни нема никакви шанси)
17. Алекс (од ПСВ, моментално спласнаа сите шпекулации околу него, така да би рекол 10%)
18. Играчи со минимални шанси, замешани во разни шпекулации - Андреа Барзагли (Палермо), Диего Лугано(Сао Паоло), Переа (Атлетико Мадрид), Киву (Рома), Весли Снајдер (Ајакс).
П.С. Горе долу ова се сите играчи поврзани со Милан во последно време. Не ги земајте предвид процентите (сите се од мене измислени чисто субјективно согледување на реалните шанси за трансфер). Јас искрено се надевам дека од овие набројаните Галас, Адријано, Диара, Де Роси, Замброта, Одо, Алекс и Буфон ќе ги видам догодина во Милан. Ако не сите барем 5 од нив.
Според мене идеален тим за догодина, шо се однесува на Милан ќе биди:
---------------------Буфон---------------------
Одо--------Галас---------Неста----------Сержињо
---------------------Пирло---------------------
-------Диара----------------------Сидорф-------
--------------------Кака-----------------------
--------------Адријано---Џилардињо-------------
Можи во рамките на реалноста да наведите кој би бил според вас најдобар тим за Милан догодина.