Фан Клуб: Милан

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
Sindikat напиша:
П.С. Маркетар го преспа пола натпревар или не го гледаше? :icon_lol:
za zal ne go gledav oti kaj nas na kabelskata ne go davaa a bas sakav da go gledam, a sto se odnesuva do statijata za natprevarot ja slegnav od internet.
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
Udinese 0 - 4 Milan

Udinese 0 - 4 Milan

Goalscorers: Shevchenko 41, 65 (M), Gilardino 60 (M), Seedorf 71 (M)

Udinese: De Sanctis; Zapata, Natali, Felipe; Zenoni, Obodo, Muntari, Candela, Pieri (Barreto 64); Iaquinta, Di Natale (Vidigal 78)

Milan: Dida; Costacurta, Nesta, Kaladze, Serginho; Vogel (Ambrosini 73), Pirlo, Seedorf (Jankulovski 79); Kaka; Shevchenko (Amoroso 73), Gilardino
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
marketar напиша:
za zal ne go gledav oti kaj nas na kabelskata ne go davaa a bas sakav da go gledam, a sto se odnesuva do statijata za natprevarot ja slegnav od internet.
Кај нас на грчка некоја НЕТ се вика го даваја. Јас само шо изгубив надеж дека нема да го дават, никоја спортска не даваше пренос. Двапати ми се има најдено ова телевизија, најверојатно има некој навивач на Милан вработен таму :icon_lol:
 

СтрумичанецО

infinite harmonies...
Член од
21 март 2006
Мислења
506
Поени од реакции
46
ништо брака ја прокоцкавме шансата . судијата беше за Јуве , не досуди пенал пред негови очи имаше чиста игра со рака ,а Гатузо 3 старта направи , овие глумат и двапати пожолте . сега ке треба да чекаме гооооолем кикс на Јуве за да го подигнеме Скудетото . а за лига на шампиони , па најнормално , наша е титулата овој пат
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
За во лига, јас кренав раце. :)
А за Лига На Шампиони, ќе видиме.
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
Костакурта ќе игра и идната сезона

Иако со своите 39 години е најстариот фудбалер во Серија "А", тоа не му пречеше на ветеранот Алесандро Костакурта да го продолжи својот договор со Милан.

Дефанзивецот претходно најавуваше дека на крајот од оваа сезона ќе стави крај на својата долга кариера, но по преговорите со управата на "росоњерите" се одлучи да остане уште една сезона на Сан Сиро.

Костакурта, кој за месец дена ќе наполни 40 години, се согласи на нов едногодишен договор и во Милан ќе остане до јуни 2007. И покрај годините тој сезонава настапи на 12 средби за "росоњерите".

Костакурта е дел од калчогигантот од 1985 и целата своја фудбалска кариера ја мина на Сан Сиро (освен сезоната 1986/87 кога беше позајмен во Монца).
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Убо коло ова ме бендиса. Интер изгуби, Јуве нерешено и најважно Милан ги шлакна Фиорентина 3:1. :je: Одлично.
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
Фала богу.
Се гледа дека во последно време играме супер. :)
 

zEk0

Селектор
Член од
8 април 2005
Мислења
531
Поени од реакции
3
Џенаро Гатузо....каков гол брцна човекот, браво!
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
Абрамович има преддоговор со Шевченко

Англискиот шампион Челзи се пофали дека има преддоговор со напаѓачот на Милан, Андриј Шевченко, и дека Украинецот на стартот од идната сезона ќе се пресели на Стемфорд Бриџ, каде ќе остане четири години. Сопственикот на "сините", Роман Абрамович досега имаше три неуспешни обиди да го ангажира 29-годишниот Шевченко, но, по с$ изгледа, неговата упорност се исплатеше и тој на крајот успеа да ја оствари својата желба. Според англиските медиуми, капитенот на украинската репрезентација ќе го носи дресот на Челзи за неделна плата од 110 илјади фунти, а Челзи ќе треба да му плати на Милан 35 милиони фунти плус Аргентинецот, Хернан Креспо, кој би требало да го надополни отсуството на русокосиот фудбалер во нападот на Милан. И покрај доминацијата на Челзи во Премиер-лигата, менаџерот на екипата, Хозе Мурињо, не е задоволен од ефектот на напаѓачкиот тандем Дрогба-Креспо и го гледа Шевченко како клучна алка во синџирот што ќе се обиде идната сезона да ја освои титулата во Лигата на шампионите.

За таа цел се очекува на лето, на Стемфорд Бриџ да пристигне и плејмејкерот на Баерн, Михаел Балак, кој би требало да го засили средниот ред, додека с$ почести се шпекулациите за ангажман на американското чудо од дете, Фреди Аду.
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
Бла бла бла.
Иако се чувствува мала тензија помеѓу Анчелоти и Шева, ептен тешко дека Шева ќе се одлучи да иде у Челзи. Тоа ќе му е најголема грешка во кариерата.
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
нешто најново

пред малку пак на една наша веб страна го најдов следниот текст

Шевченко повторно го одби Абрамович

Еден од клучните играчи на „Милан“, Украинецот Андри Шевченко се насмеа на гласините кои неодамна проструеја во врска со наводното негово заминување во Англија, поточно во „Челзи“.

Гласините одат дотаму што велат дека договорот со претставници од „Премиер лигата“ и фудбалерот на Милан веќе се направени.

Сепак, тој ги отфрли таквите претпоставки и во моментов се колне на верност кон „Црвено-црните“.

„Би сакал да му се заблагодарам на англискиот печат затоа што сега можеби ќе ме повикаат одговорните од Милан за да ми го продолжат договорот“.

Од друга старана доаѓаат гласините во врка со заминувањето на Шевченко во кралскиот тим на Шпанија, „Реал Мадрид“ што би требало да се случи во 2008. година.

Она што се „знаеше“ е тоа дека Челзи бил спремен да плати околу 35 милиони фунти за поранешниот играч на „Динамо Киев“. За сумата потоа да се спушти на 23 милиони фунти за период од 4 години игра во Англија.

Украинецот веќе три години по ред ги одбива претставниците на Абрамович, со образложение дека сака својата кариера да ја заврши во италијанскиот клуб во кој моментално игра.
 

СтрумичанецО

infinite harmonies...
Член од
21 март 2006
Мислења
506
Поени од реакции
46
реал мадрид се пропадната инвестиција бе. за џабе се алл-стар теам ништо веке не можат да направат. толку од реал, со зидан ,бекам , роналдо , карлос не можат да земат лига во шпанија или лига на шампиони , веке и господ да игра за реал им нема спас :)
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Шевченко може Милан да го напушти само за пензионерската фотеља. Не се лажете Шевата е дете на Берлускони и никогаш нема да го напушти Милан. Не е се во парите, има многу поважни работи во животот од то, а Шевата комплетно ги разбира тие работи. Ако тој замини од Милан никогаш поќе нема да навивам за Милан со истата љубов.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom