Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.429
Поени од реакции
42.698
Ама може ли ова правило да важи за сите случаи? Утре некој друг чист пас за гол или чист гол ќе спречи, ама ако е поблиску од 20 цм, тогаш не е пенал? Затоа има и слободна проценка на судиите некогаш. Пенали беа и двата според мене, за другите ситуации, не ги памтам точно како беа.

Многу го тупите за судиски грешки против Јунајтед, кои за некои можеби сте во право. Ама човек да ве чита, ќе си помисли дека ФИФА,УЕФА и ФА го саботираат клубот, и сакаат да се распадне од неуспеси, па му судат непостоечки офсајди и пенали.

Зошто мислиш дека судиите сезонава се будат со помислата да го заебат САМО Јунајтед? Еве као ај вечер им судам ЛШ, свири пенал за Копенхаген/рандом било кој тим од кој изгубил Јунајтед. Рашфорд треба да биде повнимателен, или да има малку повеќе среќа, и немаше да биде црвен. Знаете и сами дека сте очај, па сеа се вадите на демек судиските грешки. Еве нека се бунат, нека се преигра ако не. Јунајтед ко божем не добил судиска грешка во своја корист.
Пак ќе те прашам, во што треба да биде повнимателен Рашфорд? Ми го спореди црвениот со тој на Џерард, каде Џерард го настапна намерно Мата (или кој и да беше) и му се нависна на ногата.

Тука Рашфорд си дава нормален чекор. Види му го движењето на ногата. Скроз нормално и праволиниско. Впрочем, до толку беше нормално, што судијата, на 5 метра од настанот не досуди ни фаул за ситуацијата.

Значи двата играчи даваат чекор и се погодува едниот да го нагазне другиот. Чиста коинциденција. Не сум видел црвен картон до сега да добие некој на ваков начин. Еве баш сакам да видам пример.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.478
Зошто беше пеналот за Копенхаген, пенал?
Не можам гиф да извадам од видеово. Кажи ми само дека во глава го удри или во тело. Не значи дека ако немал намера, или немал среќа во моментот, треба да му се прости.

Автоматски споено мислење:

Иста (буквално иста) ситуација нема да најдеш, ниту да дочекаш, бидејќи не се истите околности, истата брзина, истиот интензитет. Се гледа, го гази на глужд, и тоа е тоа. Црвен било у 99% од ситуациите, без разлика во намерата. Ако некој, некогаш не досудил црвен, не значи дека е во право.

Немам ништо против Рашфорд, ниту за инат да ве пецкам. Ама конкретно таа ситуација е за црвен. Нема врска дали го гледа или не, дали има намера да го гази или не. Со крампони на глужд е црвен, и секаде каде што не е досуден црвен е прогледано низ прсти, или очигледна грешка на судијата.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.582
Поени од реакции
62.649
Ама може ли ова правило да важи за сите случаи? Утре некој друг чист пас за гол или чист гол ќе спречи, ама ако е поблиску од 20 цм, тогаш не е пенал? Затоа има и слободна проценка на судиите некогаш. Пенали беа и двата според мене, за другите ситуации, не ги памтам точно како беа.

Многу го тупите за судиски грешки против Јунајтед, кои за некои можеби сте во право. Ама човек да ве чита, ќе си помисли дека ФИФА,УЕФА и ФА го саботираат клубот, и сакаат да се распадне од неуспеси, па му судат непостоечки офсајди и пенали.

Зошто мислиш дека судиите сезонава се будат со помислата да го заебат САМО Јунајтед? Еве као ај вечер им судам ЛШ, свири пенал за Копенхаген/рандом било кој тим од кој изгубил Јунајтед. Рашфорд треба да биде повнимателен, или да има малку повеќе среќа, и немаше да биде црвен. Знаете и сами дека сте очај, па сеа се вадите на демек судиските грешки. Еве нека се бунат, нека се преигра ако не. Јунајтед ко божем не добил судиска грешка во своја корист.

Свири фаул у напад:

Глеј, ако сакаш да дискутираме, просто форумско правило е да не ми импутираш работи. Никаде не реков дека судијата се разбудил со помисла дека вечерва треба само Јунајтед да го заебе или дека не треба да се критикуваат играчи.

Ако се навратиш назад, ги спомнав сите судиски грешки, и оние во корист на Јунајтед.

Не знам што е тешко да се признае дека добар дел од судиските одлуки влијаеа на крајниот резултат, што од друга страна не го оправдува заспивањето на Дало на втора статива, или шокантниот перформанс на Варан.

Не барам судијата да суди во корист на Јунајтед, туку коментирам очигледни судиски грешки, за и против Јунајтед, и како еден ист судија суди различно во еден ист натпревар.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.429
Поени од реакции
42.698
Иста (буквално иста) ситуација нема да најдеш, ниту да дочекаш, бидејќи не се истите околности, истата брзина, истиот интензитет. Се гледа, го гази на глужд, и тоа е тоа. Црвен било у 99% од ситуациите, без разлика во намерата. Ако некој, некогаш не досудил црвен, не значи дека е во право.

Немам ништо против Рашфорд, ниту за инат да ве пецкам. Ама конкретно таа ситуација е за црвен. Нема врска дали го гледа или не, дали има намера да го гази или не. Со крампони на глужд е црвен, и секаде каде што не е досуден црвен е прогледано низ прсти, или очигледна грешка на судијата.

Нејќев да навлегувам во вакви споредби, ама зошто ниту еден од овие не е црвен тогаш? И тоа сите се дирекни стартови со многу појак интензитет. Слична ситуација имаше и Сака над Бруно на Арсенал-Јунајтед на почеток на сезонава.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.478
Кој треба да докаже дали тоа на Рашфорд е црвен или не? Еве Сколс рекол дека не е црвен. Утре Колина ќе рече дека е црвен, вие ќе речете пролупал стариот, не му е добро. И што правиме? За тебе не е црвен, за мене е.
Автоматски споено мислење:

Нејќев да навлегувам во вакви споредби, ама зошто ниту еден од овие не е црвен тогаш? И тоа сите се дирекни стартови со многу појак интензитет. Слична ситуација имаше и Сака над Бруно на Арсенал-Јунајтед на почеток на сезонава.
Супер, според мене, на сликава погоре гледам 3 судиски грешки. Пак ќе речам според мене, сите 4 ситуации треба да се црвен. Без разлика дали Јунајтед, Челзи, Сити или не знам кој е оштетен или не.
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.027
Поени од реакции
2.026
Не можам гиф да извадам од видеово. Кажи ми само дека во глава го удри или во тело. Не значи дека ако немал намера, или немал среќа во моментот, треба да му се прости.

Автоматски споено мислење:

Иста (буквално иста) ситуација нема да најдеш, ниту да дочекаш, бидејќи не се истите околности, истата брзина, истиот интензитет. Се гледа, го гази на глужд, и тоа е тоа. Црвен било у 99% од ситуациите, без разлика во намерата. Ако некој, некогаш не досудил црвен, не значи дека е во право.

Немам ништо против Рашфорд, ниту за инат да ве пецкам. Ама конкретно таа ситуација е за црвен. Нема врска дали го гледа или не, дали има намера да го гази или не. Со крампони на глужд е црвен, и секаде каде што не е досуден црвен е прогледано низ прсти, или очигледна грешка на судијата.
Не ми го отвара видеото и пак не те разбрав. Ни додека гледав не ми беше јасно, досуди пенал заради рака од Варан или фаул од Мегваер? Ако е заради фаул, тоа е екстремно мек пенал. Ако досудил рака, во тело му удри на Варан прво па во рака. Ако правилото за блискост има некоја слобода од судијата да процени и оцени субјективно, за ситуацијата на Варан нема, не е пенал.

За Рашфорд и јас се сложувам дека беше црвен, неверојатно глупо правило ама за тоа не е крив судијата туку тој што смислува вакви глупости.
 
Член од
29 октомври 2023
Мислења
235
Поени од реакции
316
Fergi e kriv brat ne davase nikoj da e nad nego, da ne bese on ke zemea sportski direktor uste pred 15 godini
Брат Ферги од 1 -две правеше му се можеше, сите знаеа дека нема вечен да биде, можеа таа транзиција поинаку да ја направат, неспособни да ја погледнат правата слика ,тие одлучија и по Ферги Ферги да го слушаат, Прво The chosen one -Мојс ли беше, засилување Фелаини, не можеа еден саглам играч да земат,место тоа копито Вудврд да купеше играчи демек шампионски тим наследил, тоа е прва и основна ситуација да ни биде јасно како се води клубот, на Еврејски начин, скржави за пари, се е некако напола направено, има при нема играчи,има играчи нема пари оти потрошени на други играчи оти не испреговараа како што треба, еден куп несреќни изјави што од Вудврд што од играчи што од тренери...Ланчано една глупост си влече друга и се така без престан,почне серија добри резултти сите среќни,почнат неколку порази мењај тренер одма, као на среќа да играме, дојде нов тренер дај нови играчи,оно еден погодт 4 без врска,и се у круг тренер,трансфер,серија добро серија лошо нов тренер,никако да се прошири кругот. Свеж рестарт со многу пари и стабилна хиерархија му е мајката само, нека не ве лажат демек и Ферги така почнал, фудбалот тогаш и сега не е ист,си бара технологија, инфраструктура,вложувања во кадар и слично.
Едно ми прави сатисфакција и тага у исто време, а тоа е дека евреите од лакомоста нема да го продадат клубот сега ама искрено јас сум песимист за клубот кога ќе сакаат да го продадат ни 2 милијарди нема да земат, оти не знам у која реалност живеат ама никој со здрав разум нема да сака да ја крене цената на производот пред да го купи истиот така и Џим.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.478
Не ми го отвара видеото и пак не те разбрав. Ни додека гледав не ми беше јасно, досуди пенал заради рака од Варан или фаул од Мегваер? Ако е заради фаул, тоа е екстремно мек пенал. Ако досудил рака, во тело му удри на Варан прво па во рака. Ако правилото за блискост има некоја слобода од судијата да процени и оцени субјективно, за ситуацијата на Варан нема, не е пенал.

За Рашфорд и јас се сложувам дека беше црвен, неверојатно глупо правило ама за тоа не е крив судијата туку тој што смислува вакви глупости.
Пенал од Мегваер за удирање/допирање на топка со рака.

И зошто сметаш дека на Рашфорд е црвен? Еве тука двајца тврдат дека не е.
 
Член од
29 октомври 2023
Мислења
235
Поени од реакции
316
Кој треба да докаже дали тоа на Рашфорд е црвен или не? Еве Сколс рекол дека не е црвен. Утре Колина ќе рече дека е црвен, вие ќе речете пролупал стариот, не му е добро. И што правиме? За тебе не е црвен, за мене е.
Автоматски споено мислење:

Супер, според мене, на сликава погоре гледам 3 судиски грешки. Пак ќе речам според мене, сите 4 ситуации треба да се црвен. Без разлика дали Јунајтед, Челзи, Сити или не знам кој е оштетен или не.
Епа ние бараме континуитет на одлуките оти овака изгледа како за едни има правила за други не.
Јас сум повеќе дека не се пенал ситуации заради тоа што не беше намерно,му намести нога, што ќе беше ако овој го удреше и Рашфорд не паднеше? Хипотетички,беше ли повреден играчот? Балет ли е ова? Си гради топка во исчекор му става нога и у дел од секунда го гази, нигде везе нема одлуката.
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.027
Поени од реакции
2.026
Пенал од Мегваер за удирање/допирање на топка со рака.

И зошто сметаш дека на Рашфорд е црвен? Еве тука двајца тврдат дека не е.
Затоа што сега секој старт што загрозува противнички играч треба да е црвен картон, или барем така вели правилото. Мене не ми се допаѓа тоа правило, треба да има отстапка за вакви ситуации, ама мислам дека судијата не е крив за тоа и не погреши денеска. Проблем е што за едни правилото е мајка, за други маќеа. Убаво прикажано на сликите погоре. Ненормална неконзистентност.
 
Член од
14 август 2022
Мислења
707
Поени од реакции
729

Тоа во ПЛ, во ЛШ вакви ситуации се црвен картон затоа и го добивте. Во ПЛ има неконзистетност и препотентни судии заштитени ко бели мечки.
 
Член од
29 октомври 2023
Мислења
235
Поени од реакции
316
Дали Рамос доби црвен картон во финалето кога беа Реал со Ливерпул? Кога го повредија Салах,Тоа беше црвен и тоа чист, кога се случува на Јунајтед тогаш е црвен,пенал и слично ама кога се случува на вашите омилени клубови плачење ли сакаш,у исти г.мна сме сите, некои нови клубови богати и некои други клубови со традиција не се опфатени со истите стандарди како нас.
Искрено тој театар од никаде два пенала и црвен картон никако не треба да се случува во ЛШ, искрено судијата како да го спушти нивото на игра за да може да исконтролира ситуации,а не успеа пак.
Од 2-0 на 4-3 пресврт никако не се случува толку лесно особено во ЛШ.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom