ManUtdChampions
Lleyton Hewitt
- Член од
- 5 февруари 2009
- Мислења
- 32.813
- Поени од реакции
- 44.142
Пак ќе те прашам, во што треба да биде повнимателен Рашфорд? Ми го спореди црвениот со тој на Џерард, каде Џерард го настапна намерно Мата (или кој и да беше) и му се нависна на ногата.Ама може ли ова правило да важи за сите случаи? Утре некој друг чист пас за гол или чист гол ќе спречи, ама ако е поблиску од 20 цм, тогаш не е пенал? Затоа има и слободна проценка на судиите некогаш. Пенали беа и двата според мене, за другите ситуации, не ги памтам точно како беа.
Многу го тупите за судиски грешки против Јунајтед, кои за некои можеби сте во право. Ама човек да ве чита, ќе си помисли дека ФИФА,УЕФА и ФА го саботираат клубот, и сакаат да се распадне од неуспеси, па му судат непостоечки офсајди и пенали.
Зошто мислиш дека судиите сезонава се будат со помислата да го заебат САМО Јунајтед? Еве као ај вечер им судам ЛШ, свири пенал за Копенхаген/рандом било кој тим од кој изгубил Јунајтед. Рашфорд треба да биде повнимателен, или да има малку повеќе среќа, и немаше да биде црвен. Знаете и сами дека сте очај, па сеа се вадите на демек судиските грешки. Еве нека се бунат, нека се преигра ако не. Јунајтед ко божем не добил судиска грешка во своја корист.
Тука Рашфорд си дава нормален чекор. Види му го движењето на ногата. Скроз нормално и праволиниско. Впрочем, до толку беше нормално, што судијата, на 5 метра од настанот не досуди ни фаул за ситуацијата.
Значи двата играчи даваат чекор и се погодува едниот да го нагазне другиот. Чиста коинциденција. Не сум видел црвен картон до сега да добие некој на ваков начин. Еве баш сакам да видам пример.