Искина Фред во второ. Не ми е јасно како може еден играч да има вакви осцилации во игра. Или е најдобар на терен, или најлош, нема средина.
Се надевам дека се е во ред со Касемиро а и Рашфорд. Не видов дали на крај се симна од скалите со копачката во раце, или држеше нешто друго. Ова е огромна победа, за самодовербата на играчите, и прв пат по долго време Тен Хаг некако различно ја прослави победата. Верувам дека и самиот чувствува дека е на прав пат, и ова е само една од поголемите пречки на тој пат.
Се на се, не можам една замерка да најдам за сезонава досега. Нека му дадат уште 3-4 негови играчи летово, и да видиме до каде сме.