Катастрофа во секој поглед. Уште прво коло показател за тоа дека ништо во клубов не се променило, ко што викаа. Прово тотално фијаско на трансфер пазар. Тренерот сакаше да ги има главните играчи уште пред почеток на припреми, на крај Маласија само беше на припреми, играч кој во никој случај не беше проритет на менаџерот. За Ериксен и Маринез толку време изгубија, што ги пропуштија припремите. Де Јонг треба да е будала да го одбере Јунајтед пред Челзи, а 2-3 месеци се мољакаат. Што е најтрагично, остануваат многу јасни проблеми нерешени пак. Ронално не се знае дали ќе остане или не, а според тоа како работи клубов, не знам зошто и би сакал да остане. И со него во тим нападот е проблематичен. Прво со самото неиграње на Гринвуд, фали еден играч, го имаш Марсијал кој реално никој не очекува ништо од него иако имаше добри припреми. Прво, често се повредува, второ константост голема нула. Рашфорд не постои. Катастрофа беше и на припреми, овој нема што да биде блиску до стартна 11-ка во тим што се бори за титули. Средината е уште потрагична. Двајца играчи, Погба и Матиќ си отидоа, ај и Лингад да го додадам, а донесен е само Ериксен иако и без овие да си отидеа, квалитетот на средината беше тажен. Останавме со играчи како Мек Томинеј и Фред. Нема потреба да се коментира за клавитетите на двајцава кога воопто го немаат, поготово за играта на Тен Хаг. Одбраната колку толку, за разлика од другиве два дела, е подсредена. Иако десен бек мора нов, но има поприоритетни позиции.
Денес утакмицава, пресликана од лани. Без замарање, без пресинг и секако без квалитет, пред се во средина. Мек Томинеј и Фред доминирани, како и на скоро секоја утакмица лани. Фред евенутално да биде замена, само затоа што не може се да се смени од еднаш, а Мек Томинеј е цепеница невидена, за која веќе неколку сезони зборам дека нема квалитет да игра во клуб ко Јунајтед, тим од средина на табела. Стоук и Барнли за него, копачки тимови. Ериксен се трудеше, најдобар од сите во средина, ама кога нема со кој да изиграш најобичен пас околу тебе, тоа е. Бруно катастрофа, најголемо разочарување. Само гледа да падне. Никаков придонес во игра денес. Толку многу ја гњавеше и ја задржуваше топката, што беше зрел за на клупа, само имаше среќа да во прва постава бидат Мек Томинеј и Фред, мизерните. И на припреми истиот проблем го имаше. Нема што толку да задржува топка. Дало стандард, толку го бива. Лук Шо катастрофа. 10 пати погоди противнички играч, на 10 метри од него поставен. Има некаков офанзивен квалитет, ама прелош и физички, а и технички. Маркус Рашфорд. Што да се каже за овој? Памитете кога последен пат овој имал успешен продор? Има само брзина и ништо друго. Технички просечен, фудбалска интелигенција во минус, залагање во минус, куроболие во огромен плус. Овој воошто не заслужува ни на клупа да биде, ни на стадион, а камо ли да игра. Санчо исто тивок денес. имаше некои добри пробиви, ама на крај се примети дека не е доволно спремен физички. Може да игра и позади напаѓач и на крило, ама треба и да има со кој тоа да го игра. Во Јунајтед нема.
Штоперите и голманот денес беа најмал проблем.
Очекувања немам од сезонава, пред се зошто е очигледно дека ништо суштински не е променето. Очекувам сеа некој панични трансфеи, од типот на Кавани.
Од прва единаска ако гледаш бар на 4 позиции играчите не се компатибилни со тактиката и системот на тренерот. Фред, Мек Томинеј, Рашфорд, до негде и Шо и Дало. Сите овие не се на потребното техничко ниво за играта на Тен Хаг. На тоа додади го и Бруно кој не делува баш добро, ко да не сака таков стил на игра. Испаѓа дека пола стартен тим не е компатибилен со тренерот. За очекување се сега и панични трансфери, од типот на Кавани, поготово ако си од Роналдо. Се на се, не верувам дека нешто драстична разлика ќе има од ланска сезона. Мора да се раскрсти со таа Јунајтед ДНК веќе. Све што е Јунајтед ДНК треба да се продаде под хитно и никад веќе тоа да се спомне. Нити имал, нити ќе има топ младински школи Јунајтед. Која е последна фудбалска ѕвезда што искочила од толку успешната школа на Јунајтед. Јас не можам да се сетам. Далеку е Јунајтед од тим што произведува топ квалитет играчи, нити пак важи за таков во фудбалскиот свет.
Следно коло, Де Геа, Дало-Мегваер-Варан-Маласија, Мартинез-Ериксен-Бруно/Дони, Санчо-Роналдо-Маријал/Гарначо (ако не е спермен Марсијал). Тоа ми делкува ко тим кој е максимумот во моментов. Нека гледаат да ностат Минимум еден играч во средина, во напад (ако си оди Роналдо уште еден) и еден декен бек. тоа мора да биде приоритет.