Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Сега кога ке размислиш, Саул прави некако смисла од аспект на пари. 1 година позајмица, со што не би се трошеле пари за трансфер на Невес, за да се запне по Рајс наредното лето. Прашање е само во каква форма е Саул, да не биде пола сезона привикнување.
Од тоа што го имам гледано Саул, некако не ми е решение на проблемот што го имаме сега! Плус ми изгледа нежен за ПЛ. Едно е да се макљаш во Ла Лига, друго е откачени шкоти и англичани.
Невеш повеќе влегува у комбинација, ама и двајцата ми изгледаат преофанзивни. Ама Ок, се ствар на формација и договор, а Саул и Невеш можат да се вклопат ми се чини во повеќе комбинации. Само не ли е ова пак крпење?
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Добро сега, овие компарации, кога има одиграно нецело полувреме вкупно со екипата, и 7-8 тренинзи, се излишни. Ако се сеќавате и Бруно кога дојде, даваше многу пасови во простор во шеснаесетник, а никој не натрчуваше на нив, едноставно не се разбираа. Ова ќе се корегира со тек на време за брзо.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
9.235
Добро сега, овие компарации, кога има одиграно нецело полувреме вкупно со екипата, и 7-8 тренинзи, се излишни. Ако се сеќавате и Бруно кога дојде, даваше многу пасови во простор во шеснаесетник, а никој не натрчуваше на нив, едноставно не се разбираа. Ова ќе се корегира со тек на време за брзо.
Секако дека треба време, но и треба да се признае дека дел од тимот нема доволен сенс да ловат празен простор и на себе да влечат играч па да отворат друга зона. Мислам со тренерот Ремзи ќе се поправи овој сегмент од играта наредниов период.

Плус АВБ тотално е аут за ваков стил на офанзивна игра по негова страна, ама се надевам дека би виделе некакво минимално подобрување како што ќе се движи сезоната.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Од текстов, освен Халанд и Манчестер Јунајтед, ништо друго не разбрав :LOL:
Отворив статијата од Билд, и ми упадна во очи последниот пасус, као во пол позиција сме биле за Халанд.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
На Рашфорд и Шо им требаше доста време да се уходаат, ама сега одлично се разбираат. У превод, Шо научи да ги чита моментите кога треба да прави overlap или underlap, па сега и со другите соиграчи го прави истото.
Ти одговорија погоре, ќе се воиграат со тек на време.

аМа тУхЕл оДмА гО СтАвИл лУкАкУ ПрВа пОсТаВа


Инаку се повлекуваат од линковите за Саул, под изговор дека финансиите биле проблем и некого требало да продадат. Малку нема логика од причина што цел август се дуваат дека има финансии за уште еден разумен трансфер. Да не се ценкаат со Камавинга или Невеш (овој е најскапа варијанта од сите 3ца)?
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2012
Мислења
31.535
Поени од реакции
62.410
Бехрана мислам дека е директна замена за Лингард пто значи лесно може да не одјебат и ништо да не искористиме
молам бога да земат ДМ за да нема више изговори


Sent from my iPhone using Tapatalk
Го имаа Бенрама и лани, го сакаат Вест Хем Лингард, јавна тајна е тоа. Но треба да си ја држиме цената, макар и на фри заминал нареднаа сезона. Не може на Рајс да му бараат над 100 милиони со 3 години договор, а да го сакаат Лингард за 15.

мене Саул ми делува како директна замена за Погба, односно она шо се очекуваше да биде Погба... некаков микс помеѓу 6ка и 8ка е Саул... не знам дали се сеќавате пред неколку години Саул играше утакмици со катетер бидејќи имаше проблеми со едниот бубрег.. мислам дека и му е отстранет едниот бубрег..
Не му е отстранет бубрег, туку имал крварење во тој период. Би требало да му е решен тој проблем до сега. Кај него ме загрижува што игра последнава сезона и пол во нешто не баш најсјајна форма.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135

Ист агент имаат овие двата, Барнет од Англија. Интересно е што едни новинари тврдат дека нема повеќе да се купува, додека други (Фабрицио, Лакхрст) велат дека се преговара и се разгледуваат опции.
 
Последно уредено:
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.027
Поени од реакции
2.026
Единствено Рајс го гледам како некој што може да го има тој импакт и да му помогне на тимот до титула. И другиве се добри играчи ама не верувам дека се тоа што му треба на Манчестер моментално.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
9.235
На Рашфорд и Шо им требаше доста време да се уходаат, ама сега одлично се разбираат. У превод, Шо научи да ги чита моментите кога треба да прави overlap или underlap, па сега и со другите соиграчи го прави истото.
Ти одговорија погоре, ќе се воиграат со тек на време.

аМа тУхЕл оДмА гО СтАвИл лУкАкУ ПрВа пОсТаВа


Инаку се повлекуваат од линковите за Саул, под изговор дека финансиите биле проблем и некого требало да продадат. Малку нема логика од причина што цел август се дуваат дека има финансии за уште еден разумен трансфер. Да не се ценкаат со Камавинга или Невеш (овој е најскапа варијанта од сите 3ца)?
Шо има повеќе сенс во офанзивниот дел и видливо е и кога ќе игра со Погба, Бруно, Марсиал...знае кога да даде пас, кога да втрча.
Се надевам дека и на тренинг и во текот на мечевите АВБ ќе крени некое ниво во офанзивниот дел од играта покрај Санчо.

Искрено сакам до крајов на преодниов рок да го доведеме Невеш од понудениве опции. Саул имал 200к плата, можеби тука е проблемот за кај нас. ПСЖ ако го продаде Мбапе ќе му се ослободат финансии и ќе може да го ангажира Камавинга без проблем. Во ваква ситуација нека проба Оле да им го ували Марсиал на ПСЖ дури можеме да му извадиме некоја сума.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.673
Поени од реакции
7.264
Во ваква ситуација нека проба Оле да им го ували Марсиал на ПСЖ дури можеме да му извадиме некоја сума.
За што бе брат ќе им го ували да не се слепи или не гледаат фудбал, или да има кој да им носи вода на тренинзите на Меси, Ди Мариа, Санабриа, Нејмар.
ПС го заборавив и Икарди.
:pos: :pos: :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom