It's all part of the process крај краева. Реално, моменталниот костур на тимот си е сосема океј и ветувачки, но факт е дека освен Де Геа, Матиќ и можеби Мегваер немаме ниту еден друг играч кој е целосно созреан и е на врв на неговата кариера.
Нема потреба од едно лошо полувреме да се паѓа во депресија, битно е само да учат од грешките и од вака изгубени поени длабоко во продолжението. Жал ми е само што, со оглед на распоредот и формата на Лестер, со победа денеска бев 95% убеден дека веќе ќе се имавме квалификувано пред директниот дуел со нив, ама ќе видиме што и како во наредни недела дена.
ЛШ мислам дека ќе избориме на овој или на оној начин, а после следува најбитниот период за клубот и за неговата судбина во наредните 4-5 години. Видовме колку може да смени само еден играч и да ги подобри сите околу него. Со моменталниов ростер, кој очекувам да има го има пикот за две-три години некаде, имаме потенцијал за брзо враќање на врвот во ПЛ. Но со паметни засилувања во трансфер перидот кој доаѓа, би можеле да го убрзаат процесот.
За десно крило веќе збориме +10 години. Се надевам дека Санчо е решението, и мислам дека во моменталниов Јунајтед би легнал како кец на 10ка. Факт е и дека во дефанзива се ептен несигурни во пост-корона периодов, па очекувам и таму да се реагира летово. Му треба партнер на Мегваер дефинитивно, а треба да се виде и со Шо што се планира. Офанзивно е океј оваа сезона, ама во дефанзива излетува многу лесно и тоа ич не ми се допаѓа.
Исто многу ќе зависи од Погба и неговата способност конечно да созрее како играч. Бруно му симна огромна одговорност со тоа што превзема улога на плејмејкер и ќе му отвори многу повеќе слобода на циганчето да движи околу 16никот. Јас уште стојам на тоа дека, со оглед на физикусот и градбата што ја има, Погба е роден за улогата на Јаја Туре во Сити. Бокс-ту-бокс, она буквално да качи на грб 2ца и да трча со нив, и да е константа закана од раб на 16ник. Ако успее во созрее во ваков играч со Бруно ќе бидат незапирливи, сигурен сум во тоа. Ќе треба само една замена за Матиќ позади нив да чисти и Јунајтед многу лесно може да стане најопасниот тим во лигата.