Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
90% oд кривицата иде на Оле, прерано се повлекоа и оставија топка.Второ за кој ташак не искористи 5та замена??????

Останатите 10% идат на душа на Марсијал и Рашфорд, имаа добри шанси што не ги реализираа.Освен тоа, Марсијал и Рашфорд изиграа одлични утакмици во однос на целокупен перформанс, трчање, борба, движење со и без топка итн.
Објаснија погоре, не можеше да ја искористи 5тата измена, и коментаторот на СК долови.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Ако има пак некоја подолга пауза Шо ќе треба пак да чекаме да ја врати формата цела прва полусезона. Вилијамс доста добро си одигра дури не дојде до дуелот, е сега со она повреда Видич или Фердинанд би се вратиле во игра без размислување, се виде дека беше доста уплашен отколку што беше сериозно.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.543
Поени од реакции
62.441
Ако има пак некоја подолга пауза Шо ќе треба пак да чекаме да ја врати формата цела прва полусезона. Вилијамс доста добро си одигра дури не дојде до дуелот, е сега со она повреда Видич или Фердинанд би се вратиле во игра без размислување, се виде дека беше доста уплашен.
100 пати е зборено дека по конкузија(ваљда благ потрес на мозок би му дошло на нашки) не даваат од ФА играчот да се врати на терен.

Ке се врати да игра против Палас сигурно. Ја посравме на најлош можен начин. Имавме и водство, и шанси да го затвориме мечот.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
5.334
Дали имаме 1 победа откако Челси има кикснато пред нас? Не е Линделоф крив колку оние што не ја исчистија на прва статива.
ем сме со 10 играчи, ем Мегвајр "го покрива" ван Бисака

го има гушнато...


Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ако има пак некоја подолга пауза Шо ќе треба пак да чекаме да ја врати формата цела прва полусезона. Вилијамс доста добро си одигра дури не дојде до дуелот, е сега со она повреда Видич или Фердинанд би се вратиле во игра без размислување, се виде дека беше доста уплашен отколку што беше сериозно.
Не беше проблем исеченицата колку што бидна проблем што имаше удар на глава со глава. А и исеченицата не делуваше наивно, косата црвена му стана. Не верувам дека за 3 минути може да се среди таква исекотина да не блика крв.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.543
Поени од реакции
62.441
А еве го и проблемот што го зборев со резервните играчи и зошто треба квалитетна клупа. Оле ке биде ставен на прав тест кога ке мора да ротира и да ја менува добитната стартна постава. Првата 11-ка му е поприлично погодена, со прашања на можеби 2-3 позиции.

 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
It's all part of the process крај краева. Реално, моменталниот костур на тимот си е сосема океј и ветувачки, но факт е дека освен Де Геа, Матиќ и можеби Мегваер немаме ниту еден друг играч кој е целосно созреан и е на врв на неговата кариера.

Нема потреба од едно лошо полувреме да се паѓа во депресија, битно е само да учат од грешките и од вака изгубени поени длабоко во продолжението. Жал ми е само што, со оглед на распоредот и формата на Лестер, со победа денеска бев 95% убеден дека веќе ќе се имавме квалификувано пред директниот дуел со нив, ама ќе видиме што и како во наредни недела дена.

ЛШ мислам дека ќе избориме на овој или на оној начин, а после следува најбитниот период за клубот и за неговата судбина во наредните 4-5 години. Видовме колку може да смени само еден играч и да ги подобри сите околу него. Со моменталниов ростер, кој очекувам да има го има пикот за две-три години некаде, имаме потенцијал за брзо враќање на врвот во ПЛ. Но со паметни засилувања во трансфер перидот кој доаѓа, би можеле да го убрзаат процесот.

За десно крило веќе збориме +10 години. Се надевам дека Санчо е решението, и мислам дека во моменталниов Јунајтед би легнал како кец на 10ка. Факт е и дека во дефанзива се ептен несигурни во пост-корона периодов, па очекувам и таму да се реагира летово. Му треба партнер на Мегваер дефинитивно, а треба да се виде и со Шо што се планира. Офанзивно е океј оваа сезона, ама во дефанзива излетува многу лесно и тоа ич не ми се допаѓа.

Исто многу ќе зависи од Погба и неговата способност конечно да созрее како играч. Бруно му симна огромна одговорност со тоа што превзема улога на плејмејкер и ќе му отвори многу повеќе слобода на циганчето да движи околу 16никот. Јас уште стојам на тоа дека, со оглед на физикусот и градбата што ја има, Погба е роден за улогата на Јаја Туре во Сити. Бокс-ту-бокс, она буквално да качи на грб 2ца и да трча со нив, и да е константа закана од раб на 16ник. Ако успее во созрее во ваков играч со Бруно ќе бидат незапирливи, сигурен сум во тоа. Ќе треба само една замена за Матиќ позади нив да чисти и Јунајтед многу лесно може да стане најопасниот тим во лигата.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Фред, МекТоминеј и Џејмс требаше да си одработат како што личи и да ја убијат утакмицава, ама потфрлија некако.Штета Линделоф ја посра на крај, имаше солидна утакмица со неколку јаки интервенции.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Фред, МекТоминеј и Џејмс требаше да си одработат како што личи и да ја убијат утакмицава, ама потфрлија некако.
E, а замисли тие од почеток да тргнеа како што ти сакаше да ротира Оле.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.543
Поени од реакции
62.441
Фред, МекТоминеј и Џејмс требаше да си одработат како што личи и да ја убијат утакмицава, ама потфрлија некако.Штета Линделоф ја посра на крај, имаше солидна утакмица со неколку јаки интервенции.
Не знам што очекуваше од нив, ама Саутемптон не направи шанса од игра. Според мене, си ја завршија работата, иако во одредени ситуации, преферирав да ја задржат топката во нозе, наместо да ја дуваат напред.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Не знам што очекуваше од нив, ама Саутемптон не направи шанса од игра. Според мене, си ја завршија работата, иако во одредени ситуации, преферирав да ја задржат топката во нозе, наместо да ја дуваат напред.
Сам си одговори, ептен ја дуваа напред место да ја смират.Да ги направија тие напори, да губеа време 100% ќе ги исфрустрираа Сотон и друга песна ќе беше.Мизерно е 16% посед на топка да имаш на ОТ.
Автоматски споено мислење:

E, а замисли тие од почеток да тргнеа како што ти сакаше да ротира Оле.
Па немаше гол да падне во најмала рака и уште 2-3 шанси, ипак Погба е кривец за првиот гол и е креатор на неколку опасни туѓи напади.Ќе си одиграа дисциплинирано ко пчели, другите ќе одиграа напред како што треба и таман ќе беше.
Ај се на страна, требаше пасери денес за да се одолее на притисокот на Сотон.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.543
Поени од реакции
62.441
Фрустрирачки е реми-во. Особено што имавме шанси да ја решиме утакмицата. Како го утна она Рашфорд по повратната од Марсијаl, уште не ми е верно.

Вака на хартија, ако ги добиеме КП и Вест Хем, значително ке си ја олесниме работата. Ремиво од вечер не дава ни малку простор за дишење.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom