Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.504
Поени од реакции
6.135
Не ни заслуживме да победиме, една 100% шанса не искреираа а сепак можевме до победа, прокоцкавме пенал и водство.

Тоа е, Волвс се јака екипа, ќе паѓат големи имиња таму и оваа сезона и мислам дека ова ни е риалити чек и нам и на тренерскиот штаб до каде ни е тимот т.е. дека освен во одбрана каде има голем напредок, средината и нападот се тука некаде со лани, дури мислам дека се и ослабени.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.290
Поени од реакции
6.597
Тоа е. Тимот ни е доста слаб у средина и напад. Џејмс има талент, али моментало е далеку од ниво на Премиер, а кога ќе видиш дека прва замена за било кој од тојката напред ќе биде 17 годишно дете, талент, али искуство 0, не што да очекуваш од сезонава. Рашфорд, брате, каде бе о од слободен шутираш од 35 метри, косо, дирекно у гол. Па Роналдо не шутираше од такви позиции. Немањето и доволен квалитет, а и добри замени у напад ќе не кошта доста голови сезонава. Срединава денес привидно делуваше у прво полувреме добро само зошто Вулфс ни дозволија да играме у нивна половина, второ полувреме катастрофа. Погба ги немаше денес циганските дриблинзи и градења у наша половина, али пак Оле иде со глава у ѕид и го игра у двојка со Мек Томинеј, па му е прилично некорисен. Лингард трча, брка, борбен е, али никаков друг квалитет нема. Мек Томинеј во прво кога немаше притисок никаков над него беше ок, како и другите, второ полувреме, испадна на површина тоа што и предходно го зборев. Дечкото не се снаоѓа кога е под притисок ама ич, исто како и во прво полувреме со Челзи, некако лесно го претрчуваа. Одбраната беше на високо ниво, освен Шо. Две утакмици е најслаба карирка. Оле со не знам што мислеше со измениве. Кој стигне изведува корни, пенали. Следна утакмица Линделоф ќе изведува корни.
Со оглед на играчкиот кадар што го имаме, и квалитетот, поготово средината, ќе се мачиме доста со послабиве екипи кои нема да ни искачаат ко Челзи, туку ќе не чекаат вака ко Вулфс. Најтрагично е што немаме играчи што од клупа би смениле нешто. Не сум баш оптимист за топ 4, освен акому јануар не земат бар по еден асален играч у средина и напад, што би било ептен тешко.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
9.235
Некој да понудеше бод на гостувањево, мнозинство би прифатиле тука. Јас сум разочаран зошто денес можеше да се победи Вулвс. Денес беа ранливи, само ние не го искористивме тоа поточно Оле потфрли во неколку сегменти. Нападот има потенцијал да биде убиствен...Марсиал мораше да ја финишира на прва последната шанса во првиот дел, Лингард не смее да промашува топка во толку важен момент и за крај Погба не смее повеќе да шутира пенали (не е некој квалитетен пеналџија). Значи таков тип на натпревар беше тоа каде тие се шансите и победува оној кој ќе ги искористи.

Моите замерки се однесуваат на:
1. Оле ќе го постави мечот и не мрда од таа филозофија. Не го чита доволно брзо и добро мечот. Не ги детектира ни сопствените ниту противничките слабости и да реагира на нив. Доволен доказ е противничиот менаџер кој лесно ја воочи нашата лева страна како дефанзивна слабост и не реши со замената. На Оле му требаа само 3 минути да воочи дека Адама ќе ни прави проблеми и да најде солуција како да се реши таа опасност и да создаде предност од тоа. Мораше Рашфорд да добие подефанзивни инструкции и да му помага на Шо. Друга работа е што за сметка на Џејмс/Лингард ќе ја засилеше и згуснеше средината со Матиќ или Переира на пример и ќе го намалеше протокот на противникот. МекТоминеј како и Лингард одигра солидни 50 минути и потоа се изгуби. Штом влезе играч во серија грешки подобро е да биде заменет поготово кога имаш соодветна замена на клупа за него. Имам впечаток дека Оле е премногу неодлучен, а доказ за тоа се доцните измени вечерва.
2. Шо ќе ни биде најслаба алка дефанзивно и мислам дека уште од сега ќе биде таргет како да не реметат по таа страна. Прво тој не е дисциплиниран дефанзивен играч, остава премногу простор. На пр. додека имаше простор во одредени ситуации да направи спринт и да покрие дефанзивно тој си трчкаше и го остави Мегваер да го чисти и да ја помести цела одбрана степен на лево. Од друга страна Рашфорд слабо му помага дефанзивно и мислам дека ќе имаме сериозни дефанзивни проблеми во иднина. Освен што е брз, офанзивно не е премногу продуктивен.
3. Имаме слаба транзиција од зачеток на акции од одбрана до средина и напад. Мора Оле тука да работи како да ја помести топката.

Ми се свиѓа само што е воочливо дека може да има одличен линк помеѓу Рашфорд и Марсиал.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.911
Поени од реакции
10.541
Ok ja ke ti kazam drug Ter Stegen bato.Klasa golman ama prima jaki golovi ne zboram samo radi zadnjiov. Neka ti tekne ko dojde vo Barsa kakvi golovi lapase vo Ls od centar

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
примање голови од центар е веќе голманска грешка
јас зборам за голови што е невозможно да се одбранат


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.535
Поени од реакции
62.413
Не знам што се расправате, апсолутно ниту еден голман не може да му парира на Џо Харт по евроголови. Ги прими маказите до Руни, маказите од Ибра од пола терен, и уште 3-4 гола од ПЛ што не можам да се сетам моментално кои беа стрелците.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Не знам што се расправате, апсолутно ниту еден голман не може да му парира на Џо Харт по евроголови. Ги прими маказите до Руни, маказите од Ибра од пола терен, и уште 3-4 гола од ПЛ што не можам да се сетам моментално кои беа стрелците.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Очекувано, слабо одеше пробивањето на компактната одбрана на Вулвс, нешто што не ни оди уште од времето на Ферги можеби.Во вакви ситуации се потребни креативци(Переира и Мата) и не толку брзи играчи ко Џејмс, зошто која е поентата да возиш Ферари во зона за 40км/ч.Денес можеби беше потребен Матич бидејки е цврст и знае да задржи топка + не би дошла неговата спорост до израз, но дрво е подолг период па е очекувано да биде Скот пред него.

Стравовите од сезоната се отсликуваат, Марсијал за сега е солиден 2ве утакмици, Рашфорд мизерен.И со Челзи и денес ништо корисно не прави, но од нигде никаде ќе се умеша во некој гол.Погба е тешка шупелка, нејкам да трубам ама не е за лидер на тим ко што се очкуваше.

Фали креативност во игра, Лингард жал ми е пцовки и време да трошам на него, стварно е катастрофа, денес имаше Хуан ДУХ Мата издание.Оле требаше по совреме да реагира со измените.Исто осеќам ќе се пазари лев бек наскоро, тешко муле е Лук Шо.Има километри простор пред него и место да потегне напред он на Мегваер му ја дава.Офанзивно исто е тиња, ни центаршут, ни дриблинг ни шут има.Жими брзината што ја има.Мурињо прав беше кога збореше дека треба некој да има до него да му кажува што да прави, типот не знае како да реагира.

Дефанзивната тројка денес беше повторно на ниво, Ван Бисака е страшно добар во одбрана, лагано ко октопод или пајак си ги собира топките во негова околина, ама затоа во напад е ко прваче на табла пред класот, табула раса, нема поима што да прави.Хари и Линделоф се топ комбинација, ми се свиѓа што имаме паметни дефанзивци што знаат да изиграат ко плејмејкери.

Сезонава :popce:.Грешка направија што не испазарија крило, офанзивен среден и среден играч.Обично кога се прави rebuild, се купуваат првото лето повеќе игарчи, се уходуваат тие во текот на сезоната и 2рото лето се подмачкуваат дупките.Ова нашево личи на процес што ќе трае најмалце 4 години, а толкаво време се нема.

ПС: Не знам дали ја гледавте Сити - Тотенхем, ама мене ме погоди банерот на етихад, This is our City + играта на 2те екипи.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Со Далот шо се дешава? Го нема ни во замени ни во повредени...
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.495
Поени од реакции
4.058
:pos: :pos: Нека продадат уште некој, Оле син му на клупа нека го стави, за циркусот да биде комплетен.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
За оваа утакмица не ги кривам од стручниот штаб! Ги излажа резултатот со Челзи, па решија као демек, тимот што победува не се мења. И со Челзи не бевме сјајни, они беа баксузи и дудуци. Вулфс се знаеше дека не е Челзи да лета напред, лани не турија, требаше само да се подсетат.
На ваков ростер, до петто коло јас би ги извртел сите играчи во прва постава, па да се види кој од што е правен.
Погба да се проба уште понапред и нормално пенали никако веќе! Не дека ќе блесне, него неговите глупости помалку ќе влијааат на резултатот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
За оваа утакмица не ги кривам од стручниот штаб! Ги излажа резултатот со Челзи, па решија као демек, тимот што победува не се мења.
A искрено вака, што би сменил ти? Што други опции има? Јанг, Смолинг, Џонс, Ромеро, Далот, Фред, мајки, шајки, тоа се ќе чека шанса против Украинци во ЛЕ. Нема, помирете се, тоа е тоа во тимот. Мене ме нервира што Џејмс се форсира десно а не е десно крило. И самодоверба и кариера може да му сјебат.
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.509
Поени од реакции
2.348
Сите зборевме дека ќе има проблем со Волверхемптон и нивната поставеност на играта, како ќе биде тврда утакмица и све тоа. Добро тргнавме, смирено прво полувреме, дадовме гол од единствената шанса дотогаш а богами можеше Марсијал да ја реши утакмицата уште во 45 та минута ама јбг. Волвс изиграа 10 минути и дадоа гол каков таков. Уште од почетокот на контрата голов беше нерегуларен поради фактот што Манчестер требаше да добие корнер, имаше минимален офсајд после тоа ама налет добро ја потфати Невес. Вчера мораше да се искористат шансите, ако ништо друго барем една било да е пеналот, било да е тоа се ванаби шутовите на Лингард или Марсијал па и Шо со последниот удар. Во глобала тешко гостување од кое што можеше да се извлечат три бода.Сите сме свесни дека ни фалат играчи на некои позиции ама мора да се признае дека атмосферата во тимов е далеку подобра од претходниве сезони.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.535
Поени од реакции
62.413
Сите зборевме дека ќе има проблем со Волверхемптон и нивната поставеност на играта, како ќе биде тврда утакмица и све тоа. Добро тргнавме, смирено прво полувреме, дадовме гол од единствената шанса дотогаш а богами можеше Марсијал да ја реши утакмицата уште во 45 та минута ама јбг. Волвс изиграа 10 минути и дадоа гол каков таков. Уште од почетокот на контрата голов беше нерегуларен поради фактот што Манчестер требаше да добие корнер, имаше минимален офсајд после тоа ама налет добро ја потфати Невес. Вчера мораше да се искористат шансите, ако ништо друго барем една било да е пеналот, било да е тоа се ванаби шутовите на Лингард или Марсијал па и Шо со последниот удар. Во глобала тешко гостување од кое што можеше да се извлечат три бода.Сите сме свесни дека ни фалат играчи на некои позиции ама мора да се признае дека атмосферата во тимов е далеку подобра од претходниве сезони.
Не беше офсајд голот на Волфс, а она на Шо и да влезеше, немаше да важи, имаше фаул претходно. Наивен е составот на моменти, Коди го влече Марсијал пред 16 метри, овој не паѓа. Го оставија на 16 метри сам играчот кој има дадено еден куп голови надвор од 16 метри. Имаше време 3 допири со топка да направи и да се намести. Фарсава со пеналов.

Се осеќа како 2 бода изгубени.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Единствено нешто што ме копка за вчера е тоа што во време на Ферги кога ќе се примело гол и се бркало резултат, ко улави бркале резултат со изразен (читај пеколен) притисок врз противниците, ова вчера личеше ко црева да се влечат по терен, без никаков притисок и многу напамет играње.Знам дека Вулвс се махери да умртват креативност на екипа и проток на топка, ама еве Сити да го земеме за репер, не верувам дека толку млитав одговор би имале.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom