Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Дури и да е се така, колку играчи како Модриќ има? Дополнително, колку од нив се достапни?
Јесте, али јас само направив споредба, а колку играчи како Модриќ достапни има искрено појма немам.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.535
Поени од реакции
62.409
Гледам дискутирате за Погба која што игра на Манчестер била далеку по ликвидна од сегашната без него, можеби донесувате таков заклучок сто посто ги имате изгледано сите утакмици на Манчестер, но јас што го гледав во Скопје незнам што беше работата, дали уште се прилагодуваше на играта или не беше во форма, но како што кажа еден член погоре добив впечаток дека е страшно неодговорен затоа што ја задржуваше топката без потребно, правеше акробации како да е на тренинг и да го снима некој за на јутјуб, имаше неколку моменти кога требаше веднаш да се ослободи од топка и да проигра соиграч каде би се отворила контра за неговата екипа но тој продолжуваше да си прави акробации, така да можеби сум грешка тоа е само една утакмица но јас добив таков впечаток.

Е замислите на место на Погба да е Модриќ, без тие глупирања и циркузантски потези 100% сум сигурен дека Манчестер ке креира повеќе шанси за гол од колку сега со Погба.
Таман си е Погба, на местото на Фелаини фали пасер, некој кој ке диктира темпо.

Moдриќ игра во средина од 3-ца, па дури и 4-ца, кога Иско влегува во средина, тоа му остава енормно многу простор. Погба игра само со Матиќ зад него, евентуално Фелаини.

Ако земеш да ги споредиш 3-ките, Матиќ - Фелаини - Погба, и Касемиро - КРОС - Модриќ, Погба игра со човек на кого пасевите му се најслаба страна. Реал лани можеше да наметне пеколно темпо против скоро било кој противник, баш заради тоа што со 3 паса може да сменат тежиште на игра, или да направат контра. Кај нас тоа со Фелаини тешко.

Иначе, да, тие финтите на Погба од beach football некогаш ме вадат од такт, зашто ги прави на делот од теренот каде што лесно се прима гол.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.504
Поени од реакции
6.135
Јас би земал еден од Ковачиќ и Ериксен. Или уште подобро и двајцата.
Но нашите веројатно ќе одат по Озил/Гризман.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.159
Поени од реакции
107.594
А што бидна со Ерера, нели 40+ милионското засилување ќе беше клучна карика, ил капитано футуро? Hhh
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.535
Поени од реакции
62.409
А што бидна со Ерера, нели 40+ милионското засилување ќе беше клучна карика, ил капитано футуро? Hhh
Лани беше еден од најдбрите играчи, годинава пропадна, ниту е во форма, ниту па се вклапа во филозофијата на Жозе, да игра со долги топки.

Ретко се наоѓа таков играч што игра со таква страст за клубот, ама, џабе е све тоа, кога придонесот на теренот не е доволен.
 
Член од
10 февруари 2007
Мислења
4.773
Поени од реакции
2.082

Да ја знаеш мојата страст спрема клубот, ќе му го земам местото на Де Геа :pos:
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Дури и да е се така, колку играчи како Модриќ има? Дополнително, колку од нив се достапни?
Дополнително дали Модрич на тие години бил ист како сега и дали бил добар како Погба?Уште подополнително, ако не игра и не се кали како ќе стане подобар?
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
На Манчестер очајно му фали некој ко Модриќ во средината, што знае да повлече напред, што знае да задржи топка, добар пасер...Ок, Погба е таков играч, ама премногу е неодговорен и знае доста да се глупира, а од друга страна Модриќ е стабилен, едноставно везе по терен.
Океј Стек, на кој тим не му фали некој ко Модрич у тим?
 
Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
Рашфорд и ТАА се родени и растени во UK каде што иако се почитува мултукултито сепак задолжително е да завршиш средно и да добиеш какво такво образование. Џибрил, Погба, Нејмар се деца што немале пари за млеко како мали не па за нешто повеќе и живееле по улици каде што тетоважи, ланци, биле ин а не да добиеш петка математика. Не дека и мене ми се допаѓа ова ама ги разбирам и воопшто не ми смета. Друга култура е.

П. С. И тоа што се сега некои мирни во стилот не мора да значи дека такви ќе бидат, Меси не се избланшира и истетовира на 30 години?

Неважни работи се ова, ако сакаат неонка што свети нека стават на глава, ама ич не ми мења тоа и иако се зезаме некогаш, не треба тоа да е главен расуд за одреден фудбалер.
Фрос искрено нема врска тоа за задолжително средно и култура и таквите работи. Рашфорд не е растен во некое posh neighbourhood каде што пиеле чај со малото прсте нанадвор. Реалноста е што цигани ко нејмар и погба се едноставно такви карактери, повеќе show него ли што ќе направат на терен. Еден роналдо на времето во ман ју кога играше беше циркузант невиден, па откако отиде во реал и почна да не "прекомплицира" ситуации доживеа малтене ренесанса фудбалска(далеку од тоа дека предтоа бил полош играч). Едноставно треба да созреат карактерно и да сватат дека фудбалот е проста игра и дека рабона и такви фликс не се бројат во краен резултат туку дека обичен пас и пета исто донесуваат допринос. Погба ако созрее некогаш играчи ко Модрич ќе ги става во мало џепче. Али некои фудбалери никогаш не се опаметуваат. Џабе имал меси тетоважи и бланширана коса кога и без нејзе и со нејзе руши со проста игра и најдобар играч на светот.
 
DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
5.334
Manchester United’s owners, the Glazer family, are increasingly convinced that Jose Mourinho will walk away from the club at the end of the season to take over at Paris Saint-Germain.

well that escalated quickly :pos: :pos:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Фрос искрено нема врска тоа за задолжително средно и култура и таквите работи. Рашфорд не е растен во некое posh neighbourhood каде што пиеле чај со малото прсте нанадвор. Реалноста е што цигани ко нејмар и погба се едноставно такви карактери, повеќе show него ли што ќе направат на терен. Еден роналдо на времето во ман ју кога играше беше циркузант невиден, па откако отиде во реал и почна да не "прекомплицира" ситуации доживеа малтене ренесанса фудбалска(далеку од тоа дека предтоа бил полош играч). Едноставно треба да созреат карактерно и да сватат дека фудбалот е проста игра и дека рабона и такви фликс не се бројат во краен резултат туку дека обичен пас и пета исто донесуваат допринос. Погба ако созрее некогаш играчи ко Модрич ќе ги става во мало џепче. Али некои фудбалери никогаш не се опаметуваат. Џабе имал меси тетоважи и бланширана коса кога и без нејзе и со нејзе руши со проста игра и најдобар играч на светот.
Ама збориме за косата, копачките, стилот или за потезите во играта? Да ги разграничиме сега некои работи.

Јас зборам дека не ме нервира некој и 350 бои да стави на глава зошто кажав, деца се, некои од нив дури и по веќе 10 години помали од нас. И навистина не гледам како фарбата за коса може да влијае на талентот или на играта на одреден фудбалер. За потезите додека трае мечот е друго, макар што и на мене колку и да ми смета кога комплицира Погба, сепак ми текнува на зборовите на Фергусон дека секогаш ги охрабрувал неговите фудбалери да пробуваат дриблинзи, ризични пасови, да преземаат иницијатива.. Што ќе ти едносмерен коњ како Лингард или Микитарјан со игрите последниов месец?

И добро вика Штеф погоре, Модриќ беше квалитетен фудбалер порано нема збор ама змај стана од ~28 нагоре. На 24 години колку што има Погба, во првите години во Тотенхем еве, не беше ништо подобар од Погба сега, така што и ова треба да се земе во предвид.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.700
Поени од реакции
6.627
Manchester United’s owners, the Glazer family, are increasingly convinced that Jose Mourinho will walk away from the club at the end of the season to take over at Paris Saint-Germain.

well that escalated quickly :pos: :pos:
Е тоа е. Притисокот е огромен. Можда јавно не се открива тоа, ама прилично извесно е дека во 4 очи, сопствениците му имаат речено на Мурињо, дека Манчестер Јунајтед не бара само резултати туку и убава игра, задоволување на страста на публиката, мелење на противниците и се она што го красеше клубот во ерата на Фергусон, а што впрочем го прави Сити досега сезонава. Ако си замине кој би можел да биде наследник? Анчелоти можеби? Или Зидан? Why not? :sneaky:
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Можеби Мендеш му врти грб на клубот после сите бизниси со Мино Раилоа.Башка Ед му ветил нов договор на Мурињо ако освои ЛЕ ама нема ништо од тоа и сеа се рчка Мурињо.Башка еден акаунт на твитер што е многу информиран за ПСЖ( кажуваше пред време за сите дешавки летоска) тврди дека желба број еден на арапите е Покетино, бр2 е Конте а тек трет е Жозе.Поверојатно ми е Конте да иде во псж него мурињо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom